Од Трето тромесечие веќе не треба да се спие на грб. Мислам дека беше нешто бидејќи бебето е потешко и притиска некоја артерија, па може да се отежне протокот. Не верувам дека час-два во текот на денот е страшно.
Јас мењавам позиции, исто и во болница праев, не можеш се' во иста позиција ќе се укочиш.. малку на грб, малку на лева, малку на десна... битно крената карлица и лежење, а ми кажаа можеш да се местиш како ти одговара позиционо...
За лежењето и претходно пишувавме доста. Никаде со сигурност не пишува дека лежењето на грб е штетно. Јас лежам и така кога ќе осетам дека тешко дишам си се вртам на страна. Слушајте си го телото
Јас читав една статија на интернет, имаше пишано некој доктор од странство. Дека лежењето грб не се практикувало во 3тромесечие. А дали спиеш на лева или десна страна немало врска.. Јас сум влезена во второ, ии дури заспијам сум настрана ама кога и да се разбудам сум на грб и сеуште немам никаква мака.
За спиењето на грб мене не ми смета, често навечер се разбудувам на грб. А заспивам или на лево или десно. Од утре 37 недела.
Јас маки мачам дур да заспијам а и дали спијам по 4 саати ноќно време. Спијам на страна ама секое вртење умирам од болки во препоните и срамната коска.
Јас спијам сега само на лева страна и некогаш на грб. Ноќеска викам ај да сменам малку на десна кога ме фатија болки страшно едвај се свртев пак на лева.
Јас претежно на десна спијам бидејки ТВ ми е од таа страна. Мачно ми е да свртам страна, ми тежи мешко. Седам во полуседечка положба,но болки во кичма ,грб и колкови пак имам Ај ќе издржиме, после се ќе заборавиме.
Женски пазите ли на која страна лежите/спиете? Цело време читам дека е најдобро на лева, ама мене периодов најубаво ми е на десна
На лева е подобро за протокот на крв и не знам ти што , ама нај удобно ми е на десна страна тогаш немам до толку такихардија и пролапс , а ако лежам на лева или на грб се живо и диво ми се фаќа почнувајќи од опавчето , колковите и прерипување на срце нај убаво е да си лежиш како ти е удобно на тебе секако дека не на стомак
Јас цело време сум скоро на лева страна најзгодно ми е така во бременост. Секако се вртам на десно ама мн ретко. Еве сношти и на грб спиев, поубаво спиењето не ми било самото тело ќе ти кажи како
Uff jas cesto znam da se razbudam lezejci ma stomaka kolku samo pazam i taman od strana kako spijam bez da znam se vrtam na stomak
Спиев и јас до скоро на меше. Сега ми смета па неможам повеќе. Ништо страшно. Спиј си како ти одговара.
Фала ви, се опуштив малку. Читав демек опасно било, посебно на грб и неколку дена не можам да се опуштам да спијам на раат. Прееска па свекрва и на сестра ми ми вика кога се вртиш не смее во лежење, морало прво да седнеш па да легнеш на другата страна
Утрово ММ ми вели дека цела вечер офкам и мрдам! Ми почнаа маките со положбата на спиење, добра сум и што досега немав посериозни проблеми, а ете сум 34 недела! Никако да се наместам, никако не ми одговара, или на бебката не и одговара па почнува да ме клоца! На грб кога легнувам мислам се гушам, не можам да дишам а и онака имам забрзан пулс, така да спиење на грб дефинитивно повеќе не доаѓа во предвид. Сега на десна страна спијам, па малку на лева, па пак на десна, па пак на лева... И цела вечер така, оф на едната, уф на другата страна, не ќе да се изненадам ако ММ ја напушти спалната како резулата на моето офкање!
Не се секирај. Мојот побегна зошто во бременост многу хрчев Дур и кај моите бев еднаш на преспивање, мајка ми исто така побегна