Јас спијам секако, ич немам проблем. На десно,на лево, на грб, на полу-стомак Нозе преку маж, раце преку маж, маж на крај на кревет јас испружена на спална.. Некогаш со перница под нозе, некогаш не, ама згодно ми е секако воглавно.
Бремена сум 6 месеци и обично спијам на лева страна,ама ноќеска кога се разбудив лежев на стомак,немам голем стомак и во спиењето така сум се наместила :/ сега сум многу исплашена..може ли да сум му наштетило некако на бебенце
Фала што ми пиша,многу се исплашив да не сум му направила нешто..уште малку имаш ти нека ти е со лесно
Душичка малечка си имаме во мешето.... Некој пат си мислам и јас како му е во мешето на тоа мое вртење навечер
Кај мене изгледа се врти цело време и на сегде мава и ниско и високо хаха уште малце додека има место ќе се врти
Спиев на десна страна претежно, но на последната контрола докторот ми кажа дека морам на левата заради добра циркулација на крвта на бебчето, исто така и дека ми се има појавено некаков мал застој на десниот бубрег па сега морам да пијам Увин чај (кој не го сакам ама ич), малку сум загрижена има ли некој со слично искуство?
Исто и јас хаха секогаш легнувам на лева ама ако неможам да се наместам се вртам на десна и кога ќе се разбудам на грб сум хах
A koga ke kazat vo 9 ti nemas son Jas samo spijam denje noke posebno sega vo zeskovo spijam na strana i nemam nikakov problem duri i se prasuvam dali e vo red posto site se zalat Ima li nekoja spanka 38ma nedela ?
Без гајле има, јас со првото спиев по 14 саати плус си лежев до крај. Сега спијам, ама помалце зошто имам тодлерче. И детето ми е спанко да речам, па си спиеме двајцата по цели ноќи... Јас сум 22 недела уште знам да се разбуфам на стомак, иако сум веќе голема. За првото исто ми беше, многу цврст сон имам.
Муки ми е спиење, дури не ми се легнува. Цела вечер на секој саат се будам зошто ужасно ме боли бутот на страната на која сум поспиела, па се преместувам на другата и така цело време цела вечер. Само се преместувам од лева на десна, па пак на лева. Ме болат толку многу бутовите, ми се плаче понекогаш. А да не зборам за срамната коска, гарант ми е олабавена симфизата. Држам перница меѓу нозе, ама џабе. Сабајле ко ќе се разбудам обавезно ме боли и одредена "точка" во листовите, ваљда мини грч. Ме болат дури и колената, у пм. Стварно не се трпи...
Do koja nedela spievte na grb? Jas sum 18 ta uste spijam na grb, i vo dolniot del osekjam kako vakum da me tegne , se budam i potoa nemozam da zaspijam ( kako na pr sega 02:15h jas budna 3 saati )
Не се препорачува спиење на грб, пробај спиј на страна. Нормално е во текот на спиењето да се завртиш, но кај мене мм има обврска ако ме примети да ме заврти пак на страна Земи си перница за трудници, ќе ти даде како потпора на грбот и нема толку да си на грб.
Никогаш не сум спиела на грб и кога останав бремена како за инат почнав, па мм по цели ноќи ме будеше да се завртам, оти не е убаво и не се препорачува. Купи си перница за трудници, мене ептен ми помогна и отпосле ја користев за доење ептен практична е. Сега дека се навикнав со неа често спијам на нејзе.
мене докторка ми кажа дека положбата за спиење се напоменува/забранува во одредени случаеви кога има некои индикации. Во сите други случаеви треба да спиеш како ти е удобно, јас лично спиев до 30 и некоја недела на грб, после тоа веќе ми тежеше и ме болеа други органи ако легнев на грб, телото и бебто сами кажуваат што одговара а што не