Објаснувањето е дека големата вена што ја враќа крвта во твоето срце врви од десна страна и теоретски матката ќе ја притиска ако спиеш на десно, исто и на грб, па ќе се намали количината на крв што се пумпа и кон бебето. Но, доколку ти ко ќе легнеш така немаш симптоми од типот на губење здив, вртоглавица не би требало да се случува нешто такво бидејќи прво ти ќе осетиш тегоби. Јас само на десна страна спијам цел живот, две бремености истерав никој не ми кажа дека не смеам така да спијам. Мене на цтг некад на десно ми велеа да се свртам, подобри беа така тоновите на бебе. Дури и поактивна беше ко ќе лежев на десно, ако сакав да ја осетам така се местев.
Поврзано е со некој крвни садови кои ако спиеш на грб од тежината на стомакот се притискаат Најповолно е на левата страна ама може и на десна На грб и стомак не смее
Само на грб го поминав последниот месец. Најзгодно така ми беше. На повисока перница де, поради киселините.