Освен на страна со 4 периници околу мене, под мене и до мене никако поинаку не ми беше згодно. А перниците се навистина добра работа за во бременоста, помагаат и олеснуваат.
последните недели ич неможев удобно да спијам на страна само ама и така тешко ми беше ,на грб само на почетокот од бременоста спиев стомакот огромен ми беше , едвај се движев мислам
јас правам цели акробации во кревет додека се наместам за спиење и потоа кога ќе треба да станам од кревет знам дека е корисно да се спие на лева страна ама на мене ми е попријатно на десна страна.... а ова колковиве колку ме болат кога лежам...уф......
И јас на почетокот спиев на грб но др.ми рече на лева да спијам али сега како сум се отежнала рамената ептен ме болат и плус навечер секој час менувам положба на спиење пошто цело време на лева страна неможам така да се менувам де на лева де на десна...ама и крстот многу ме боли последниов месец изгледа поради тоа што бебенцето тежи доста
Спиење, ШТО Е ТОА ?????????????? Нема спиење легнувам кај 2 станувам кај 5 и толку, како и да се свртам боли и тешко ми е , нема шанси да се наместам за нормално , хронично ненаспана сум овие денови , а допрва .....еееее нема спиење се договориме 1 година од сега ќе заборавам на спиење , па после ќе видиме ... кој те прашува , тешко ми е а тек 36 недела ...
Лелеее... значи ние не смееме да се жалиме а да сме задоволни колку толку а знам како ти е мене ми се случи една вечер така али сега добро е...
Ух јас маки мачев додека да се навикнам да спијам на страна,зашто пред да останам бремена моја омилена положба на спиење беше на стомак,па сега ми нема резон да ја практикувам истата. Сега веќе како поминува времето најудобо ми е на страна,т.е.како што расти бебето и клоца така јас си се местам во положба која во тој момент ми е најудобна.
И јас мислев дека спиењето ќе ми биде проблем, ама кога ми се спие, ништо не ми го расипува сонот. Да не се ноќните будења за тоалет, можам да спијам од 10 до 10 http://www.bertoni-eu.com/products/bed% ... astfeeding Мене оваа перница ми брка ептен работа за спиење, се отвара како полумесечина и со неа си фаќам пози, еве 36 недела сум и немам проблем со спиењето, денски пред тв ми е понезгодно да се наместам, околку навечер со спиењето.
јас си спијам свртена на лево и на грб. Баш ми е пријатно и спијам како бебе Добро уште имам мало меше за понатака ќе видиме. Сега за сега не користам никакви помагала
и јас пробав со перници, ама мн ми сметаат, од една страна едвај се вртам, па и плус ми тежи кебето о јорганот, ноке дури пцујам од мака,еххе
мојов не ни спие со мене и јас само си зборам дека јас пуничка и според твојава табела 5ти месец едвај се местам
хехех имаш време, почекај допрва ке видиш ич нема да можиш да најдиш соодветна положба јас до пред една недела ич немав мака, ама ете почна
Јас ја земав оваа Бертони од СитиМол за 900 денари, ама мислам дека има и во стружанка. После планирам да ја користам и за доење, а има лепенка од внатрешната страна да биде залепена и да може да се користи и како меко душече за бебето. Единствена мана е што мора цела да се пере, нема патент само за навлаката како тие во Енци Менци, ама па тие беа околу 3000 денари
Ми дадовте утеха тука сите..мислев само јас..последниве две недели , а 34 недела сум, ми е ноќна мора....А буквално последниве два дена полудувам...И сама си зборам, и пцујам, и го будам маж ми да ме носи да се породам...буквално мислам дека ќе завршам во Бардовци...Не само што немам положба НИКАКВА, туку и а легнам и се наместам некако, толку силно ме мава бебец што другиот ден ме боли цел стомак...Секој ден е се појако и појако моево девојче и не ми дава мира..Не сум знаела дека во бременост толку ќутек ќе јадам ...Еве ја ноќта доаѓа а мне ми е ноќна мора...Хронично ненаспана...Ништо не помага...НИШТО
Јас уште на почетокот на бременоста купив таква перница за спиење од Стружанка, околу 600 ден. На почетокот спиев со неа, потоа ја баталив, ама последнава недела пак ја вратив во употреба и многу ми помага во спиењето и при вртење, процедура е додека се свртам од една на друга страна. Перниците од Стружанка се погломазни, овие од Бертони се момали и помеки, е сега кои се поудобни не можам да кажам.