Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Положби за спиење во бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 3 јули 2012.

  1. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    јас додека бев бремена спиев само на страна и со едната нога качена врз мм .. хаха он ми се чудеше како можам така да спијам.. и сеуште така си спијам :)
     
  2. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Што се чудат нека не трпат :D ...Маж ми си е одаман легнат, затоа што околу 2 по полноќ стартувам па да поспие малку...хахахах...Е тие да треба да раѓаат жив човек нама да има на светов...
     
    На HeidiDiWalt и silk им се допаѓа ова.
  3. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Уф кога ќе се сетам маки и невољи :D Јас спиев со три перници, една под стомак, една меѓу нозе и една зад грб. И сите ми викаа да не спијам на грб, а јас колку и да се трудев секогаш кога ќе се разбудев на грб бев. После прочитав некаде дека немало проблем за мене, дека постелката ни беше на преден ѕид, а вообичаено треба да е на заден, и затоа не се спиело на грб.
     
  4. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Jas mislev deka e normalno da e na preden zid postelkata?! Stom e taka,znaci nema problem so spienjeto na grb,oti i kaj mene na preden.
     
  5. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Незнам дали има врска ова со постелката, мене ми е на заден зид и јас на грб неможам ни да помислам да заспијам.Неможам ни 1 минута да лежам...како оптегната сум целата,мислам дека ќе распукам.Еве сега читам дека може до тоа да е.....
     
  6. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Душички мои , и јас еве веќе неколку дена хронично ненаспана, најверојатно како се ближи крајот бебчињата ни се се поголеми и притискаат на се и сешто во нас, па нема шанси да се наспиеме, не на страна не на грб, не во седечка положба, се пробав ама нема шанси, секако е тешко, па си најдов занимација ноќна, или пеглам , или чистам , да ви кажам синоќа во 3 проја си правев па мажево сабајле вика давај тоа за на работа :D вечер сигурно ќе си најдам некоја друга занимација па како биде нека биде и така се спремив а и со бебушка се договорив до годината нема спиење ама после да ја остави мама да спие а да му се наврти на тато :lol: :lol:

    ќе издржиме ајде нема уште многу :D
     
    На pepita82 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски

    ха ха ха..ме изнасмеа...може и правосмукалка да си пуштиме во 4 по полноќ, да се чудат комшиите :D , и јас си правам навечер шпагети, благичко,...
    Инаку вчера прв пат спиев, ок на почетокот пак мачно ама заспав, легни малку накај лева страна и стави перница под стомак.....и малку во седечка положба, 2-3 перници под глава...може да подзаспиеш бар малку, не се предавај...бар 2 сати гледај да задремеш..пробај вака ако не си пробала до сега...јас вчера прв пат и ми успеа...
     
    На ivanovicka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    да ве прашам од кај си знаете каде вие постелката?? ви има кажано докторот , или и тоа го пишува некаде?? :?: јас појма немам како е мојата, никогаш докторката не ми има спомнато...
     
  9. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Пишува во наодот на прегледот, и јас имам постелка на преден ѕид. :)
    Ама никој не ми спомнал дека има врска со позата на спиење. Јас спијам само на страна, а ја менувам додека не ме заболе некој колк :D
    На грб нема шанси да лежам, имам чувство дека ќе се угушам.
     
  10. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Кога одев на ултразвук докторот ми кажа дека постелката е на преден ѕид, а тоа за спиењето си прочитав на интернет, дека било добро повеќе спиење на лева страна, што јас практикував и други слични работи, па и добро ми помагаа перниците, цела бременост немав проблем со спиењето, освен последната недела кога веќе едвај чекав бебуш да излезе :inlove:
     
  11. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    мене најубаво ми е спиењето на лева стрна а сега прв пат прочитав дека било препорачливо инаку претходно на стомак најубаво си спиев ,а на грб ако заспијам насабајле не мозам да станам цела сум вкочанета и се ме боли , само не знам што се случува со бебеушка кога ке легнам на десна страна многу клоца мислам дека ке ми го прврти стомакот :) може не и е удобно :?:
     
  12. ceki89

    ceki89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    71
    Леле а јас кога ке заспијам несакајки на грб крстот ненормално ме боли и сум многу вкочанета и навечер кога ке се разбудам за во вц без помош на мм неможам да станам...
     
  13. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    83
    :rofl: јас 'рчам-корнам во последно време :rofl: особено ако сум заспала на грб :rofl: и мене ми е тешко станувањето од кревет а не сум многу крупна :worried:
     
  14. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    конечно вчера прочитав го пишувало ова во мајчината книшка, и кај мене на сите прегледи пишувало напред , ама од кај да знам дека е тоа :$
     
  15. Delgadina

    Delgadina Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    391
    Цел живот си спијам на стомак и до пред некоја недела тоа правев, ама еве го мешето си рипна и ми смета па се префрлив на грб. Дознав дека не смеело на грб и организмов почна сам да ме алармира ако во спиење се наместам на грб почнувам да хркам (никогаш во живот не сум хркала, мм се чудеше кога ме чу пред два дена). Кога ќе се слушнам како хркам се будам и се местам на страна. :$

    За понатаму ако почне ептен да ми смета стомачето имам две долги перници и планирам да ги искористам максимално (украсни се и стојат на кревет кај свеки, ама ги меркам оддамна и планирам да и ги киднапирам :lol: )
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Јас спијам на стомак.... легнувам на десна страна и за секунда се свртувам на стомак.. се будам во текот на ноќта и чувствувам болка во горниот дел од стомакот.. болка како да ме болат стомачните мускули. Си го прашав гинеколог таа ми рече се е во ред не се секирај... ама некако пак сум немирна. Читав на интернет дека за трудници е најдобро да спијат на левата страна...

    Имено, во таа положба притисокот на останатите органи врз постелката е најмал, а протекот на кислород и храна низ папочната врвка е најголем. На трудниците не им се препорачува спиење на грб, ниту на десната страна, бидејќи тогаш бебето ја притиска долната шуплива вена и со тоа го попречува работењето на срцето и крвотокот.

    Е, сега... колку што јас знам.. треба да се избегнува спиење на лева страна.. бидејќи во таа позиција се прискало срцето и му било потешко да работи.

    Збунета сум... и не знам како да спијам. Во прво тримесечје сум од бременоста а веќе имам проблем со спиење... :^)
     
    На Miss-HeLL му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    118
    Ах тоа спиенје маќи мачам и никако не можам да се наместам по цела ноќ се вртам ме болат колковите кичмата се :sweat: како ќе искарам до 9 којзнае :tmi:
     
    На Forko и SimonaTino им се допаѓа ова.
  18. Afrodita25

    Afrodita25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    75
    А незнам што ќе правам јас цел живот неможам да спијам на лева страна, незнам колку е препорачливо да се спие на десна страна. Сега засега уште немам проблеми ама за понатаму ова ме плаши
     
  19. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    јас спиев на лева страна најмногу а на десна ретко а на крај со перница под стомак и мегу нозе оти немозев другачие
     
  20. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Сега кога спијам сама, мора да имам една перница под глава и една прекршена на пола од моја лева страна на средина, за да ја префрлам десната нога врз неа. И така заспивам... ама утрото знам да се разбудам на другата страна со перницата на земја на пример :wasntme:
    И стварно ми е страв, уште од сега да имам такви проблеми со спиењето. Неможам да ја преспијам цела ноќ на една страна, ем во спиењето несвесно менувам положби, ем страната при подолго лежење ми т`рне ..
    Денес цел ден офкам од болка сум испопревртела некоја жила на вратот/рамото и раката и грбот ме убиваат од болка. Неприродни ми се овие пози мене за спиење, цел живот на стомак си спиев =(