Доста спијам на десна страна, до 3 перници, под глава, меѓу нозе зад грб....бог да чува сум. Јака му душа на мм за 1 месец кога ќе се туткаме во кревет со моите перници.
Јас пак никако неможам да си најдам убава положба за спиење. Ако спијам на грп утредента се ме боли на страна се укочувам.. Навистина незнам што да правам
Досега си спијам како што си спиев и пред тоа Немам никаква дополнителна потреба од перници и 300 чуда, легнувам и заспивам, а како се вртам ноќе немам појма.
Јас еден период неможев да спијам убаво додека да најдам решение. Си земав две мали перници едната како додатна за под глава повисоко да ми биде, а другата меѓу нозете ја ставам и сега за сега така ми е најубаво да спијам. Ми беше тешко додека да се навикнам на страна да спијам ама сега ми е супер заспивам на десна а после и на левата страна можам ( мноооооогу се превртувам додека спијам заради колковите , ме здоболуваат) Мм си знае како му е . А најубаво ми е кога ќе ја испружам едната рака на неговата перница и таман над глава , милина!!! Почна да бега од мене во сон хихи, штом го пипнам веднаш бега. Ќе биде интересно наредниве три месеци.
јас досега ја немам сменето полозбата,а спијам на стомакот и така нема потреба толку рано да ставам перници и триста Чуда кога усте не ми се ни познава и не ми ни преЧи ,а за натаму здравје ке си земам една од тие перниците за трудници
Девојки јас сум 9недела дали треба некое правило усте од сега да почитувам како тоа со левата страна.Иначе имам еден куп другарки кои родиле и сите разлучно ми велат едната немој со испзузени нозе да лезис другата немој да се тегнис па немој прекрстени да ти бидат нозете рацете нагоре да не ги тегнам и ај сега ве молам писете ми од искуство сто да правам.Ви благодарам.
Ич да не ги слушаш, е тоа ќе ти кажам. Кога спиеш ти многу знаеш што правиш, дали се тегнеш или со нозете што правиш. Разговарав со докторката на оваа тема, и ми вика кога лежиш свесно лежи на страна, заради Х причини ги има секаде по форумов да не ги набројувам пак, а кога спиеш, како ти е ќеиф. Ако ти одговара на стомак и немаш проблеми со тоа, на бебето му е удобно и заштитено си е. Тоа мене ми го кажа мојата докторка и нормално дека неа и верувам. Прашај си лекар на крају краева, најпаметно ти е така, и тука исто ќе прочиташ 300 различни мислења и не е објективно за да донесеш свое. Прашај си лекар! Инаку јас спијам ко грешен ѓавол, стомакот почна да ми смета и укочена сум цела од климите насекаде, па се што најдов перница ја пикнав во кревет. Незнам зошто ама само така ми одговара. Маж ми официјално три дена спие во дневна, пошто нема место за него сиромашкиот. Пробав без ништо цела недела си викам ај Елено не изводи, ама не бива, неможам да станам од сабајле! Можам само ако се обесам на него со раце и нозе...
Мене најубаво ми беше на стомак,ама сега некако не можам...не знам зошто,така да спијам на страна со енда перница меѓу нозете,кога ја немам перницама ми смета,ме нервира допирот на нога со нога,па само го клоцам мм а вака со перницата ми е спуер...
а ја жива смотаница- како дознав дека сум трудна во 5та недела, така прекинав да спијам на стомак од пусти страв а стомак немав до 5ти месец, наместо да си уживам ја се кочев уште од почетокот, и како почна стомакот да расте се повеќе ја почнав се помалце да внимавам и сега во 9ти месец сум као прасе на ражен- само се вртам на лева на десна страна, пошто ме болат странично бутовите од лежење на една страна, и така тешко спијам, ама бар спијам и тоа по 10саати и не се жалам
Јас најубаво сум наспана на стомак....и фала богу сеуште си спијам на стомак, се надевам уште малце барем ќе можам. Но што ќе правам после незнам, како што сум си склетџика за да најдам положба за спиење....
најубаво ми е кога сии спијам на стомак ке си ја гушнам перничката и топ не ме буди.. полека почнувам да се вежбам и на страна да спијам па каде и да е кога ке почне да расте стомачето ке ми треба
Денес баш на еден сајт прочитав, дека требало да се спие на левата страна, за бебето да имал подобар проток на крв.
исто имам прочитено и јас се препорачува на левата страна да се спие,,, нормално може и на десната,, но повеке налевата.. на грб да се избегнува да се леже да не се замотало бебето во папочната врвца.. пу пу бог да чува
i mene mi bese najubavo na stomak Ali se trudam sega poveke da spijam na levata strana za da si se naviknam se vrtam i na desna Ali poveke na leva podobro od sega da si se vezbam inace i Jas imam procitano podobro e za bebeto na levata strana da se spija
За мене најдобра инвестиција за време на бременоста е перница за трудници, телото ќе ви биде ептен благодарно Врши голема работа и за време на доење, го ставаш бебушот на перницата и си го доиш, не мора цело време во раце да се држи. На грб не се препорачува да се спие во поодмината бременост затоа што главната артерија поминува под матката а бидејќи бебето е се поголемо притиска на таа артерија е се спречува слободниот проток на крвтта. Инаку 90% од бебињата се раѓаат со замотана папочна врвка околу вратот и нема никаква врска тоа со спиење на грб и спротивно на општо прифатеното мислење тоа не е воопшто опасна состојба. Бебето во матката добива кислород преку папочната врвка и да му се замота околу врат не може да се угуши/задави затоа што се додека не излезе надвор тоа не дише преку дишникот.
Кај да го најдам ова чудо??? Не е како оние за доење перниците, тие ги гледам секаде, ама ова има бре форма и пол, може и маж ми ќе сака пак да спие со мене ако исфрлам тоа перниците... Колку сака нека кошта, животот и бракот ќе ми ги спаси, хахахахаха!
Јас живеам во Австралија, тука во секоја продавница за бебиња има, мислам дека братучетка ми рече дека купила ваква слична од Стружанка, без потпората за грб само онаква долга перница. Јас и за доење ја користев, потпората за грб позади ја ставав и долгнавестиот дел преку скутот и малиот така го доев, немаше зошто да купувам за доење перница кога и оваа си вршеше работа. Ептен се наоѓа за спиење особено стомакот од кога ќе порасне, со перницата стомакот се потпира на неа а вака со сета тежина влече или на десно или на лево а моево ѕверче како што ми лежи на кичмата без перницата не знам дали око ќе склопам од болки.
Јас постојано спијам на лева страна, но приметив дека во последно време почнав да имам болки кога ќе станам од спиење :/