Mozete da spiete kako sakate se dodeka vi e udobno nema vrska leva, desna strana ili na grb, coveckoto telo e mn pametno koga nesto ne e vo red samoto ke vi dade signal pozdrav i slatki snista
На грб и порано не ми било удобно, ниту сега...ниту пак ме тера да спијам....а + нели не било убаво. Скоро се спијам на лева страна, а понекад со перници забушавам и се потпирам како да "спијам на стомак"
Единствено што ми недостига од пред бременоста е спиењето на стомак. На грб никогаш и не сум спиела, и само менувам страни, де лева де десна во текот на ноќта.
иста сум и јас... само странично и тоа доста пати ве текот на ноќта се будам што за у вц што да мењам страна
И мене ме интересира ова со спиењево.Мене гинекологот ми рече да спијам на лева за да имало доток на крв за бебето.Ама Боже мој во спиењето се превртувам така да што да се прави незнам.
Па реално неможеш цело време на лева страна да лежиш ќе се укочиш и сабајле нема да можеш да мрднеш. Јас се вртам по неколку пати и пак некогаш се осеќам укочена. Знам само дека на грб не се спие поради тоа што немало доволно доток на крв до бебето, на стомак после 4-5 месец нема да можеш од стомакот и останува само перницата меѓу тебе и де лево де десно.
ta somdotokot na krvta vsusnost niskite zeni nene preporaclivo da spijat na grb zatoa sto bebeto e golemo i pritiska na arteriite sto nosat krv do srceto i iznesuvaat krv od srceto bas pred nekoj den ja prasav doktorkata ne sum vo mk i taka mi rece deka toa se samo gluposti spijte kako vi e udobno
Мене се уште ми е најубаво спиењето на стомак,ма да почнува да ми биде шијбе некако.Ги менувам сите можни положби,де на лева,де на десна страна,па на грб и на крај на стомак ми е наајубаво.
јас на стомак немам спиено мноогу одамна.. имам пробано неколкупаи ама душа не ми дава да не му е тесно на бебчо ... така да лева и десна страна ... и на грб си дремнувам по малку....
Полоша ноќ од оваа немало...ич не се наспав. Кичма ме болеше, мускулот-листот на десната нога, бебево понемирно не било....око не склобив. Некоја тапа болка во кичма...ужас жив.
Ах, спиење на стомак...Ај мис ју. Јас овие денови спијам во дневна на гарнитура, на лева страна и со перница под стомак. Ова го правам ем затоа што ми е позгодно ем затоа што не сакам да го будам мм, цело време се вртам де наваму де натаму за на крај да заспијам на десна страна која после ме боли цел ден
Леле и јас, денес сум какао претепатна мачка, цела ноќ се вртев с е мачев да не има некоја врска со месечината каква беше ноќеска?
хахах не е до месечината излегов малку на воздух дека дуваше ветерче шо убаво ми дојде и си легнав у 21.30 си го гушнав мешето и си заспав ко јагне ама затоа сабајле во 8.300 бев ко нова инаку лева десна и грб
Кога ќе прочитам некоја работа на форумов и почнувам опсесивно да ја барам по продавници ме прават луда Со цел памет влегов во Стружанка и викам дајте од тие перниците за спиење, таа ми вика имаме за бебе од мали, тоа не е за големи и ме гледаше многу чудно :geek:
^ Еве јас сега го гледам каталогот од мадер кер Имаат 3 разслицни вида на перници. Едната ти е за потпора на стомакот додека спиеш, и за грб е ок. Една е како банана, за тебе за спиење и за бебето, и др со иста намера само долгнавеста за иста намена. Е сега за цената не можам да ти кажам, сигурно скапички се Спојлер јас гледав за цуцла топломер и за цуцла за лек давање-950/640
која положба и да ја фатам, нели велат на лева страна е најдобро да се спие, и мене левава рака и левава нога ми се ко под преса пројдени, а зборот ми беше која и положба да ја фатам после пораѓај мора да се оди на физикално
Батерфлај ме изнасмеа . Јас баш ноќеска викав дека левиот колк си го чувствувам како Милка Луфле, како со меурчиња внатре од што ме боли и не го чувствувам веќе. А уште колку имаме до крај ... физикална не ни бега.
Немам веќе положба за спиење, само еден куп положби за НЕспиење... Мм вика ко со Тајсон да спијам, ќотек јадење цела ноќ. Среќа имаме од оние душецине што не се осеќа ако другиот мрда, инаку ништо не ќе му помогнеше, сиромав. Грчеви ме утепаа а магнезиум пијам едно чудо, па си ја знаеме секоја вечер вежбата: Аууууууууууууу, разбуди се бре, не ли гледаш дека имам грч!? Тоа нели мојот "паметен" исказ пошто грчот се гледа, и фацата на мм ваква, ајде незнам што бае таму поминува одма, и си заспива ко грев одма. Ми помага онаа перницата од Стружанка за доење што е, јас ја уништив од тегнење веќе за спиење, ама најудобна ми е. Ја мотам под стомак, меѓу нозе, и некако се трпи. 600 ден е, користи. Колковиве јас воопшто веќе не ги осеќам, туѓи се. А за физикалната сваќе, ич не ја грешиш, само некаде во Индија каде што има слонови да не изгазат, може и ќе не оправат...