Мене не ме држеше срце сакавме да знаеме. Околу 16 недела мислам беше кога го дознав полот и за двете деца. Како кажаа од прва така и беше, немаше промашување.
Јас сум во конфузија, во смисла на тоа дека во деветта недела докторот рече рано е но мислам дека е машко 90 проценти сум сигурен дека е машко. во 12та недела одам на преглед но кај друг доктор на дежурство и тој вели дека е женско... последен пат во 13та недела одам на приска и докторот вели машко...Не ми е јасно, излегува дека секој си има различна перцепција и како во моментот види си кажува.. како е можно пред пет дена да ми речат дека најверојатно е женско а после пет дена да ми кажат дека е машко....чудно.. da e zivo i zdravo kakvo i da e///
Мене во 11+6 ми кажа дека е машко и кога бевме пак на контрола во 16+5 ми потврди дека е машко @lylaby сигурно на следното ехо ќе видат што е. Какво и да е нека е живо и здраво
До кај 10-12недела половиот орган изгледа слично... затоа најдобро ке се потврди во 16та кога поубаво е развиено. Тоа што изгледа куре во 12та, може да е и куре или клиторис.. Мене во 12та ми рекоа машко, а испадна во 16та девојче, девојче имам сега Затоа накај 16та не бараат куре, туку сенката од тестиси за да се потврди дали е машко..
Па тоа си велам, како докториве си дозволуваат да шпекулираат...ако не си сигурен подобро е да ќутиш....
Jas imam eden Tup ginekolog ako mozam taka da recam. Jas sakav zensko a maz mi masko. Pa eve 5ti pat bevme na ginekolog . I ni vikase de masko e deka zensko e jasno se gledase za 20ta nedela. Na 21 nedela otidov u gak kade Glavnata direktorka me pregleda i rece ako ova na nego mu e zensko neka se obesi Samo neka e zivo i zdravo
Zdravo devojki Dali na obicniot eho aparat se gleda polot na bebeto? Utre sum na pregled kaj maticniot i voedno vleguvam vo 18ta nedela....ne znam dali moze da me vidi 4D ili moram da cekam do 20-21va nedela koga se pravi vtorata priska pa togas da me vidi 4D?? Nekoj da spodeli iskustvo
Се гледа, ама тоа зависи од многу фактори. Дали е бебето наместено за да се види, дали докторот е добар за да види, исто и дали апаратот е добар. На приска не може да се види пол, може само на скрининг.
Мене во 12 недела ми рече дека му личи на машко и во 17 недела ни потврди, сега сум во понеделник за втор скрининг кај др доктор и ќе го прашам и него ама сигурно е машко. Само да се живи и здрави, па што ќе ни дај Господ тоа
За поголемиот во 16та недела дознав. Немаше потреба докторот да каже. Одма се виде дека нешто има измеѓу нозињата. За помалиот дознав во 19та недела. Апла се гледаше дека бебето има куЛе.
Во 14 недела ми рекоа дека најверојатно е девојченце, а во 16 недела дека со сигурност е момченце. Само нека ми е живо, здраво, право, не е важно дали е момче или девојче, секако ќе ми биде најсакано.
Рано може да ти кажат и во 10та недела, ама најверојатно нема да им е точно. После 16та недела отприлика, ама обично на вториот скриниг околу 20та недела кажуваат за сигурно. Пред 4от месец често грешат. Јас во 16та недела инсистав да ми кажат што е, докторот ми викаше нема шанси да се гледа сега, јас му викам ајде види може ќе видиш, и после ехото ми вика 99% е женско. И тоа ми го потврдија на следниот скрининг. Се зависи од моментот, некогаш убаво ќе видат, некогаш не се гледа и само погодуваат. Ама пред 16та недела изгледаат премногу слично за да некој може да каже каков пол е детето, дури и да е со 4д. Не дека не може да погодат, ама можноста за грешка е огромна. Иначе на баш на прашањето дали да се знае полот, јас не гледам зошто да не се знае. Може е интересно при пораѓај да дознаеш, ама јас не би оставила да чекам до тогаш, кога месеци претходно можат да кажат.
Значи јас си сонувам дека на прв скрининг ќе знам што носам па и нека е 4Д. Иначе нема шанси да издржам а не знам цели 9 месеци, или некој близок да знае ама да не ми кажува, има руско мачење да им приредам додека не ми кажат Од друга страна мислам дека би било двојно повозбудливо искуството на породување ако не знаеш што ќе пречекаш во раце хехех
Јас бев на контрола на 1 јули точно 12 недела. Го гледаше на ехо се супер мерки му правеше докторката и на 4D го видов. Е сега за пол ја прашав рече уште е рано на следна контрола ќе ми каже за 4 недели. На сликичките од 4D што ми ги даде не знам дали нешто јас сама си бладам или стварно гледам куре. На сликичката е со свиткани дигнати нозе во профил и гледам една точка како штрчи нагоре. Многу сум нестрплива сакам веќе од мерак да почнам да купувам облека. Маж ми истото го гледа што и јас само во збунка сме сеуште и само ме кара рано било да почекам да кажат што е па тогаш да му купам нешто од мерак.