Во 20 недела ми потврди друг доктор дека се машко и женско. Во 18 недела матичната ми го кажа истото ама не беше сигурна. Се надевам така ќе биде
Јас бев во 16 недела на преглед и доктотќрката не можеше никако да го види,а баш се намачи жената.Сега останува по 1 месец на втор скрининг да го дознаеме полот ако даде Бог.
Od pocetok na bremenost imav 8 nedeli mi rece znaci za masko tri pati taka mi rece na site 3 maredni kontroli znaci na masko potoa posle mi rece zensko i na 19 nedela mi rrce pak zensko sega nz sakam da oravam party ama dda ne napram nekoja utka
Во осма недела треба пророк да е за да ти соопшти пол, не лекар. Просто не е можно. Ниту со пренатален тест, кој се прави најдобро по полна 10-11. Гледај да е живо и здраво, за парти има многу време... најдобронамерно ова...
I jas se cudam za toa ima znaci za masko site tri naredni kontroli taka vikase pa posle devojce i pak devojce mi rece
Нема шанси да знае од 8ма недела си има само нагодувано инаку до 12 -14 недела се слични и машки и женски пол така да и тогаш може да погрешат.Најубаво се знае после 16та недела поточно на втор скрининг од 19 до 23 недела се прави.Јас сум 17 недела и сеуште пол не знам не можеше да види минатата недела кога бев на контрола,така да ќе чекам на втор скрининг ако даде Бог да се види.Имам 2 ќерки,ова ми е трета бременост,па сега се надеваме на синче ако даде Бог.
Здраво Еве мене полот ми го згрешија уште неродено. 20та недела докторка 100% тврди женско е. После 3 дена одам на друг прегле, докторов тврди 100%машко е. Кај неа немаше ништо меѓу нозе , прво се гледаше како куре но со ехото потврди дека е папочната, а кај докторов се гледаше куре, му викам да не е папочната ми вика не не, папочната е тука околу не е таа. И сега двајца 100%сигурни доктори, секој со својот пол сигурен, само единствената вистина 100% е дека еден од нив греши Првото ми е машко, и сега се нервирам незнам на кое да се радувам дал на братче дал на сестриче
На ехо во 11 недела докторот ми вика женско е, па како се вртеше бебуш вика море машко ќе да е, уф не сум сигурен уште е мало. Маж ми му вика а да не ни кажувате до 9ти месец може? И јас и сестрата се буниме неможе така, треба да се знае ради бојата на гардероба хахах и се изнасмеавме сите. Правев пренатален неинвазивен тест и наскоро ќе дознаеме што носам, дригарка наша ќе ни прави забава со балони за откривање на полот, едвај чекаммм
Се надевам.Ама сепак ќе се сомневам до крај ради 100%сигурноста на докторот шо кажал спротивно. Чарето од 100 % ко ќе го видам со свој очи родено тогаш ќе знам шо е Малку стресно вака и незгодно, на син ми му кажав прво сестричка, па денеска зборувавме за можноста за братче и каша попара му се направи
Мене сите ми викаа дека сигурно е девојче според некои си бабини деветини. Мене не ми беше битно какво е, ама имав претчувство дека не ќе да е девојче. На прв скрининг сама си го видов и си знаев, ама не ја прашав докторката тогаш, па си чекав до кај 16-17 недела за сигурно да ми потврдат. У меѓувреме си траев, на никого не кажав додека не ми потврди матичниот и само се смешкав кога ги слушав муабетите како ќе му ги купувале најубавите фустанчиња. Па и дм кога му зборуваше му се обраќаше со ќере, убеден дека е девојче, а ја си се праев наудрена и така.
Мене на втор скрининг ми кажа дека е машко на болница,а матичната сеуште не можи да го види шо е,а веќе сум 25 недела,чекав потврда па да почнам да си купувам ама ништо,макар шо и јас некако си чувствувам дека е машко и се надевам дека така и ќе си остани само да е здраво и живо.
Абе да неможеше еден да го види ај некако повеќе ќе оправдам. Ама вака двајцата се сигурни во своите спротивни мислења Здрави и живи нека се само, ама љубопитноста тешка е хаха
Мене ми кажа девојче и си земав со резерва, сакав девојче не викам не, но она првото чувство кога видов две цртки после толку чекање се многу поважни.... Во ниеден момент не помислив какво е, битно ми беше дека има бебе. Сепак кој што и да одлучи си е негово право и желба. Другарка не сакаа да знаат и чекаа до пороѓај...
Уште на првиот скрининг убаво се виде дека е машко дури и слика има убава од ехо. Нека е живо и здраво само ништо друго не е битно.