Читам некои истражувања, демек повисоки нивоа на ХЦГ хормонот во рана бременост укажуваат на женско дете. Какви се вашите искуства со тоа? Јас имав прилично висока вредност 2200 во 5та недела и 10500 почеток на 6та. Се надевам ќе биде девојче.
Се изначитав за полот све и свашта, на која страна е плацентата, колку се отчукувањата на срцето, за бабини деветини да не правиме муабет. Ова со бетава прв пат го слушам. А иначе ќе пукнам да знам какво е
Па нема везе тоа. Кај мене толку беа високи што во лабораторија му рекле на мм дека сигурно или имаме близначиња или е доста напредна бременост. Испадна ни тоа ни тоа, матичната не знаеше зошто е толку високо. Имам син
Јас си јадам благо, мокрачата ми е темна, лицето ми е исфрлано, поправена сум во колковите и градите демек викаат женско овие симптоми за машко ако повеќе јадеш солена храна или кисела ако си разубавена блескаш ако си позитивна незнам што. На крај искочи дека носам машко така да тоа се само бабини деветини и со сода порбав исто како за женско ми искочи. Нека се живи и здрави само и вие и бебушот и да си помимете лесно. Исто и стомакот ако ти е горе женско ако доле машко. Кај мене е горе
Vo mojot slucaj, so kerka mi jadev ko dupnato crevo, so sin mi, mislis na dieta. Polesno na poragaj pominav so sinot, nego so kerkava.
Мене уште крај на 11 недела ми кажаа најверојатно машко. Толку сакав женско, ќе ми треба време да се навикнам Цел живот си велев сакам машко, останав бремена ми дојде желба за женско и сега изгледа машко . Другата недела ќе правам хармони, па ќе ми кажат поточно. Нека е живо и здраво, за второ сите бабини деветини ќе ги применам да е женско.
Јас немав некоја разлика ниту на едното . Немав проблем со јадење и лошење ни кај женските ни кај машкото
Рано е да се знае машко или женско е, обично половите органи слично изгледаат и кај двата пола на почеток. На кај 16 недела попрецизно ќе ти кажат, и мене за првото до скринингот машко ми велеа, после излезе девојче.
https://avicenalab.com.mk/events_an...undefined&letter=undefined&category=undefined Во колку се чекаме пред авицена
Фала што се грижиш, ама секако дека скрининг и NIPT ќе направам и за тоа ќе пишам во соодветна тема. Овде е темата, таа што е и споделив што ми излезе по социјални мрежи. Постои некој кој не му е битно бебето да е живо и здраво?
Па мислам дека денес никој не се остава без скрининг да направи, ама на прв скрининг не секогаш го погодуваат полот и не секогсш се гледа. Мене на прв скрининг 2 доктори ми рекоа дека е машко, па после на пренаталниот излезе дека е женско па во шок А некаде и до 20+ недела не може да се види. Мослам дека @shz кажуваше дека не можеле да видат кај нејзе
За приватен скрининг ми беше муабетот. И ја не го дознав полот у 12та него у 15та недела, нема потреба од толку брзање. Исто муабетот ми беше дека тие пари не се малку и можат да се искористат на друг начин барем јас сега гледам што се треба да се купи за бебе да си знаев од почеток ќе си почнев.
Јас бев онака на преглед и му спомнав на гинекологот да види, ама ми рече не се гледало сеуште 15та недела бев тогаш. При крајот на февруари сум на скрининг, тогаш ќе сум 20та недела белким ќе се види.