Јас мислам дека треба да се знае,за да купам облека,капчиња,лигавчиња,шпилхозни...Сепак полот не е важен,важно е да е здраво и живо.
Dali nekoja mama gi pravela testovite za rano otkrivanje na pol na bebeto vo Avicena ili Biotek, dali se pokazhale tochni? Na soprugot mu e rodenden bash kiga ke sum skoro 11ta nedela, a citav deka od 10ta nedela nagore se zemalo krv za analiza. Bash bi sakala da go iznenadam, ama ne znam bash kolku se verodostojni ? Nekoja so info/iskustvo ?
Верувам дека нема правило дали треба да се знае, или не. Јас сакав да знам. Другите, ќе си одлучат за себе.
Devojki predlozhetr nekoja ideja za iznenaduvanje za polot na bebeto ? Osven toa so balonite, nekoj drug nachin?
Многуу идеи гледам , ми излагаат на фб и имстаграм. Има како со X точка , има со бакли или како и да се викаат, со обоени јајца розево и плаво ( едно е живо сите други се имитација некоја, а тоа што е живо е во бојата со полот, и ги кршат или од глава ги кршат хајах), има со торти, мафини ( ова внатре филот е розе или плав) , има баш доста интересни ама не ми текнува како беше страната, нешто прегненси …
Мене ова ми е слатко ако ти го знаеш веќе полот. Јас дознав пред маж ми и му направив изненадување, купив две цуцли Бибс, сина и зелена, на нив ми ставија трака it’s a boy, ми го замотаа во розева хартија со сина панделка и многу беше интересно кога го отвараше. Ако ти е за двајцата да се изненадите можете со торта, балон, конфети, имаш на Pinterest многу идеи, ќе најдеш нешто.
па нема веруваш или не, тоа е така Преку крв и не е нешто прескапо. Во секој случај дознаваш само пол, други испитувања нема
Не правевме gender reveal. На претходен преглед ни рекоа изгледа е женско. Ќе го почекаме скринингот по неколку денови за потврда. Немавме некоја желба со сопругот битно да е се во ред со бебето. Е нормално секогаш има некој незадоволен. Пред некој ден бабата на сопругот на гости и прашува за полот. Од една страна не знам дали на 80 годишник се замерува од друга страна лош коментар од нејзина страна. Имено вика ако е женско супер, јас сакам женски, дури од подарок ќе добиете. Ако испадни машко, нема подарок, машки деца не сакам. И така со старите.
Хахах а кој ја праша па неа што сака. Јас на вакви коментари лепкам директно и би и рекла а зошто е важно твоето мислење во случајов. Ако сака и 200 години нека е стара.
Женски вие што правевте gender reveal со балони,во Скопје,на кое место ги правевте балоните,ако имате и слика пратете
Нас за првото ни беше желба да е женско и ни се исполна ама ни се деси таква ситуација, јас со стомак пред пораѓање да ме застане жена и да ме праша што носам, кога кажав дек е женско аххх не бидете тажни, за второто појќе среќа рече..затуцана работа ама тоа е, со стариве кој на крај излегол. Сега втора бременост сите мислат дека ќе е пак женско, маж ми и ќерка ми сакаат да е дада, а мене ми оди повеќе умот на машко.. ако се види на прв скрининг што е, нема да можам да издржам без да не ми кажат.
Не ни беше битно дали се машки или девојчиња со оглед на тоа дека изгубивме една бременост, на прегледи само прашуваме дали е се во ред. Пред скрининг на приватно докторката ни кажа едното изгледа е машко на што воопшто не изреагирав ни јас ни маж ми, свекрвата се израдува пошто она повеќе сака машки деца. На скрининг ни кажаа дека се машко и девојче дека се е во ред и тоа ни беше и побитно од полот. Децата се благослов од господ сметам дека треба да бидеме задоволни со тоа што ќе ни го даде само да се молиме живи здрави.
Мене прво ми рекоа дека е женско. Од старт не верував, осеќав дека е машко. Зошто и како не знам, ама му реков на мм, машко ќе е сигурно. Одма после минрекоа дека е дечко хехе.