Абе разбирам за желбата, еве и кај мене сите сакаат девојче, особено маж ми и цело време бае ова р женско, ова е женско, и јас сакам, за да ми се мешани не дека не, ама повеќе ќе ме копка ако не ми каже тебе ти е страв да не се разочараш ако ти каже дека е машко?
Не нема да се разочарам ама така имам мерак за девојче да ја облекувам.Ја машково секакви алишта машни му ставав,а женско ако имам кукла ќе ја правам.Имам мерак да ги облекувам така модерно убаво. А мажот ми пак сака машко за да се бранеле кога ќе пораснат хаха. Секако го планирам уште ова и толку , да не раѓам веќе.
Добар ден Сакам да прашам правев NIPT тест за откривање на полот во 12та недела, резултати добив за брзо време дека е девојче. Јас од самиот почеток мислев дека е момче и сите ми велеа дека се изгледа носам момче. Сега ме интересира точноста на тој тест, се додека не одам на ехо да ми потврди и докторот што е за да бидам сигурна.
Фала ви девојки. Јас се загрижив дали е точен бидејќи на една пријателка му се случи да тестот кажува девојче и на крај излезе момче.
Nifty и сите од тој калибар да ги кажеме се со 99% точност. Секогаш има 1% простор за грешка. Познавам и јас случаеви каде тестот дал еден резултат во однос на полот а искочило друго. На другарка колешка тестот им покажал и даун а детето здраво право без никаков проблем. Жении, освен здрави и живи , другото на страна. Тоа е најбитно, сите да родат и тие што планираат бременост, здрави и живи деца. Секое дете посебна врска и верувам неопислива љубов.
Првото ми е машко, сеа второво уште е мн рано. Но толку многу сакам девојче, што саматс помисла ми ствара нервоза Gender Dissapointment it’s real
И јас многу сакав девојче ама тоа е, нема што сакаш ти Со првото имав ептен голем gender disappointment, до тој степен што плачев една недела. После ми беше криво ептен, на крај се тешев со муабет дека ај прво е, може второто ќе е женско Сега не се тешам никако зошто знам дека и 10 да ги родам, машки ќе се погодат А сакам трето, да
Првото ми е женско, па пак бев разочарана што второто е машко. Едноставно никаква желба немав за син. Од таа причина не се осмелив да си правам изненадување за пол, немаше шанси да имам иста реакција за машко како за женско, и кога знаеш дека е така, нема смисла да те гледаат сите. Кога ми кажа докторката машко, само си реков нека е живо и здраво. Месеци ми требаа за воопшто позитивна фаца да направам кога некој ќе ме прашаше какво е бебето, и треба да се нормализира gender dissapointment. Не го криев воопшто. Сега сум пред пораѓај, скроз ми е океј и сеедно, се навикнав на фактот, не дека помалку ќе го сакам детето дека е машко. Исто мајка сум на двете. Ама иако сакав две деца во животот, да имав две машки сигурна сум дека би одела на трето за девојче.
Ама зошто? Мене ова ми е како поделба, машко девојче, од страна даваш чувство дека помалце си го посакувала второто дете, извини ама не можам да останам рамнодушна на коментарот, ништо лично. Јас имам две машки, цел живот сакав ќерка да имам, и јас и сопругот исто, кога дознав дека е машко ми се смени се! Двајцата не би ги менувала ни за 10 женски.
Аа тоа нормализирање во нашава селска и осудувачка држава, тешко. Луѓето нема никогаш да сфатат дека кога ќе го земеш во раце, ќе го сакаш највеќе на свет, без разлика каква е, ама желбста нема никогаш да ти помине. Јас колку и да сакав девојче, осеќав и за првото дека е машко и за второто уште пред да го направиме осеќав дека пак ќе биде машко, само немав разочарување овој пат зошто очајно сакав дете, и да не ми се повтори тоа што ми се случи. Еве маж ми ми викаше едно време побрзо да идеме на трето и да си пробаме уште еднаш за девојче, ама не знам баш
Желба е едно, поделба е друго. Не е убав ваков коментар, ама добро сите си знаеме, замисли утре детето да го види тоа разочарувачко видео, демек не те посакувавме зс машко, ама етр искочи и моравме да те чуваме и сакаме. Мислам ВТФ? Зошто? Дете е дете, на страна желба, ама вакви работи не се кажуваат и пишуваат, сосема е не фер спрема детето. Не знам зошто ама кај мене буди такви чувства.
Па затоа нема да се прават видеа и нема што да гледа И што ако знае ? И јас знам дека мајка ми сакала да ме абортира од причини кои што до некаде ги сфаќам, па никогаш не ми фалело љубов од неа, напротив, ме сака до бескрај, исто како и брат ми, никогаш не не поделила за ништо. Што треба сеа јас да се лутам зошто првично сакала да не ме роди воопшто? Не, не се лутам
Не се грижи мајка, нормално е тоа. И јас бев исто со првото, сакав девојче. Ми кажаа дека е девојче во првите месеци, абе бев најсреќна на свет. И после знам како гром од ведро небо ми го покажаа курето и дека е машко. Цел ден плачев. Но тоа не значи дека помалку го сакав бебето.
Еве и јас цели 30години знам дека докторите до пораѓај за мене викале машко, постара сестра имам и знам дека татко ми бил изгорен за син (нели па и во тоа време било светост син) и кога рекле жива здрава ќерка се скарале со цел персонал со тетин ми дека им го замениле детето. Па да ти кажам право еве ме здрава права цел живот се зезаме ме вика син на татко си ти зошто фарбав, ковав, поправав кола со него и не ми дошло да го тужам за нарушено ментално здравје дека сакал син повеќе од ќерка (многу гледаме амерички филмови и живееме во некои новоизмислени наметнати светови) Скроз е ок да посакуваш одредено нешто еве јас и маж ми сакавме прво машко и ни се исполни па кога зборевме баш ми рече леле додека видам дека е син срцето 300ми лупаше. Ама па за иднина си викам би сакала и девојче за да ја осети мм таа специјална љубов меѓу татко и ќерка а не е спорно дека секоја мајка ќе си го сака своето дете најмногу без разлика што и да биде. @Spidy се е во ред мила што и да чувствуваш пак ќе кажам неспорно е дека ќе го сакаш идентично па може на моменти и повеќе баш од некоја непотребна грижа на совест дека вака си се чувствувала пред да се роди
Ти го сфаќам размислувањето, ама тоа не го менува фактот дека не сакав син. Никогаш не сум сакала, не ни очекував магично тоа да се смени кога ми рекоа дека е машко. Може не звучи убаво, ама за мене (и за многу други) тоа е реалноста. Не можам да го сменам тој факт. Ама до толку да ми значеше, да знам дека нема да го сакам дека е машко, воопшто не би ризикувала природно да останувам трудна бидејќи шансите се 50/50. Барем на денешно време има начин и пол да си одбереш ако сакаш. Ама иако сум се замислувала како мајка на ќерки, знаев дека после иницијалното разочарување, на крајот од денот ќе си го сакам детето. Затоа немам проблем отворено да кажам дека не бев, не сум и нема да бидам најсреќна на цел свет што ќе родам машко дете.