Истото мислење го делам со тебе, никогаш желба за машко, па и уште додека бев девојче не сум имала желба или милост да отидам и погалам машко детенце, било на роднини, комшии, маалски деца, сеедно. Кога дознав дека носам машко, цела недела бев лута и на сама себеси, и на маж ми и на цел свет ми помина лутината, ама желбата за женско не. Го сакам најмногу од се, и да, не би го сменила ни за 10 женски НО, големо Но, мечтаам за второто да е девојче, и мислам дека светот ќе ми се сруши ако не е( најпрво живо здраво нели) бидејќи сакам само две деца,
Прво па машко,знаев длабоко во себе дека е момче…така и излезе.Бидејќи ми беше прво немав некоја желба,реков што и да е нека е живо и здраво. Е сеа кога ќе останам сакам да е девојче,многууу сакам да е девојче,да и врзувам прцли мрцли,да и облекувам фустанчиња ама којзнае…и да е пак машко нема да ми е криво,божја волја
Ме потсетивте на фацата на сестра ми кога пукнаа балон и се разлетаа плави конфети. Плус и зет ми разочарувачка фаца демек "тоа е". Нормално, сега внук ми не го даваат за 10 женски, ама видеото си остана, необјавено секако
Чекај, уште го немаш родено? Ако го немаш, не знаеш дека ова штп го збориш е погрешно, ич нема да ти е важно дека е машко. Искрено да би знаела дека не сум посакувано дете (поточно ете пол) не би ми било баш сеедно, јас така размислувам. Без разлика на се, јас знаев дека 2 сина ќе имам, иако имав желба за едно девојче барем, ама ми вредат како за 10 женски и повеќе од тоа.
Не е погрешно, аман, gender Dissapointment и те како е реална работа. Кажавме веќе, кога ќе се роди ќе биде најсакано на свет, ама додека си трудна со милион емоции, ова е многу реално. И НЕ значи дека нема таа мајка да пати ско нешто се случи со плодот или бременоста (не дај боже) само затоа што полот не бил префериран. Еве мене и второто ми е машко, едвај чекам да се роди и да си го мирисам додека ми спие на гради ама ќе пукнам и за ќерка да родам. И сега? Ајде веќе, не е ова табу тема, треба да се нормализираат одредени работи
Цел живот сум сакала женско, се до моментот додека не се соочив со борба со стерилитетот. Во тие 5,5 години последно што ми беше битно е каков пол би било бебето, битно ми беше само да стигнам до бебе. Кога дознав дека конечно сум бремена длабоко во себе знаев дека е машко, машко и испадна. И во ниеден момент не почувствував разочарување, божја волја. Благодарна сум што имам можност да сум негова мајка.
И тој момент, дека го раѓаш детето и магично се заљубуваш, и тоа треба да се нормализира дека не се дешава на секој. Ни со ќерката го немав, ни сега го очекувам. Бебето го засакав со тек на време, со грижа за нејзе, со гушкање и хранење, особено после 2-3 месеца кога конечно почнува да ти се смее, да ти гуга... оф топик е сега тоа на темава, ама исто како за полот, не е ништо трагично како мајка да не се осеќаш така поврзано со бебето во истата секунда кога ќе се роди.
За третово не сакав да го знам пред да се решиме за трето. Ама па сега едвај чекам да дознаам Сонував дека децава пукале балони и од нив изглегле розеви и сини конфети измешано А после маж ми донел нов балон, но се проѕираше малку и видов дека има сини конфети... јас ги видов, а од децата криев да не го видат И на крај се разбудив, не го пукнавме балонот со сини конфети. Којзнае дали некакво значење ми има сонов
Пред се само да е живо и здраво, ама од секогаш сум сакала девојче. И мм повеќе сака девојче. Има мажи што сакаат по секоја цена машко.
Imam devojče, sega ne znam što nosam, edvaj čekam da doznaam, sakam devojče ušte edno. Od tehnički pričini pred se, vo soba možat dve devojčinja da bidat, m/ž mali, posle teško, obleka i oprema, igrački imam se za žensko, pa ete nema golemi trošoci, ne deka nema da si dobie novi, ama za po doma, za spienje... Ehhh, da e žensko.. Ako e maško, ništo, toa ti e... I ime me prašuvaat, imam samo žensko, voopšto ne mislam na bebeto deka može da bide maško, duri odbivam haha
И јас не се осеќав поврзано од прв момент, ми требаше дури и време да сфатам дека е мое. Амерички глупости гендер дисапоинт Јас не можам да замислам да си кажам така за своето дете, не можам едноставно.
Добро, не замислувај ако не можеш, ама не кажувај што е а што не е глупост, ајде веќе, гледаш дека ти си единствена што и е чудно ова
Јас сонував дека раѓам машко. Уверена комплетно во тоа. Правиме откривање на полот интимно само со сопругот, испаѓа женско, нормално радости, ама јас со двоумење дека докторката е грешка. И така до 28ма недела кога морав да правам повеќе испитувања кај различни гинеколози и сите ги прашував да ми потврдат пол. Се изнакупив дотогаш неутрална боја алишта затоа што бев убедена дека мојот сон е точен. Инаку женско е сепак.
Јас па знам обратно се соновите.. така да може е женско Имам чувство за женско, па ќе видиме... Сонов ме изненади, а женско од старт мислам дека е Инаку ќеркичката сака сестра, синчето сака братче.. може затоа конфетите што ги пукнаа во сонот беа измешани розе и сино
За мене е глупост, вие како сакате сфатете си, имам право да си кажам мислење, ако не ви одгобара не читајте. Не може секој со вас да се согласува. Не ми е чудно, туку тотално несфатливо да правам поделби во полот на бебето, дете е дете секако.
Немам што да признавам, не ми превртувај зборови како што ти одговара, те молам. Пази да не ти е бебето машко па нервен слом да доживееш.. божемесачувај.