Јас не сум многу заинтересирана да знам, иако маж ми уште на 13 недела го праша гинекологот. Тој рече не се гледа убаво, ама изгледа клечејќи ќе моча Нека е живо и здраво какво и да е
Познавајќи си се самата,ми се чини дека докторот ќе добие нервен слом од мене во случај да сака да ме држи во неизвесност. Нема шанса бре да додржам цели долги, дебели 9 месеца да не разберам кој тоа се осудува да ме клоца кога ќе му текне Нормално дека најбитно е да е здраво и живо....и по можност женско
Полот на детето н ни беше важен, ама сакавме да знаеме, за да си смислиме име, да купиме нешто гардеробичка. имам ќерка.
еј девојки здраво!дали може некоја да ми каже во која недела се гледа полот најрано на бебето?инаку јас сум во поцеток на 4 месец и леле колку сум само љѕбопитна какво ке биде?ве молам ако некоја знае д ами каже што поскоро!поздрав
во 5 месец мислам ама ако е свртено ни тогаш ќе неможе да се види...дај стрпи се малку што и да биде сигурно ќе ти биде мило и најлично на тебе
Јас полот го дознав уште во 3 ти месец, се зависи колку е искусен докторот и дали бебето ќе се заврти баш така за време на прегледот за да се види, во оваа фаза се многу подвижни
ви благодарам за одговорите!најбитно е да е живо и здраво,али сепак сум многу нестрплива!утре здравје ке одам на преглед па се надевам дека ке се види!поздрав
Јас полот го дозна во 15 недела ... и не ми се веруваше машко Се си мислев дека ќе биде цурица (мм многу сакаше) ама испадна по мое Како и да е да е живо и здраво само посакувам. Сега во 20 недела бев пак на преглед и ми потврдија
Јас сеуште незнам што е моето срценце...наскоро ќе дознаам..само нека е живо и здраво ..сакам и машко и девојченце
Кога ќе дојде време да имам бебе, сигурно ќе сакам полот да остане изненадување. Како и да е, полот не е важен, важно да е живо и здраво.
Јас сум од радозналите луѓе па веројатно ќе сакам уште штом разберам дека сум бремена да знам што пол е бебето, а не пак да чекам 9 месеци да дознаам. Ќе пошизам скроз на скроз Вака има да се изнакупувам што ли не уште пред да се роди ццц Почнав и јас да мислам ооо Ете ти беља ццц
и јас би сакал да го знам полот.... секако дека не е важно дали е машко или женско, ама па цела таа еуфорија да гледаш облека креветче количка име .... а да не го знаеш полот
Јас мислам дека не сакам да го знам, уствари тоа не е најважното тогаш покрај сета таа среќа и радост кој ќе следува со самата блажена состојба... Така мислам СЕГА Малце сум старомодна во однос на тие прашања ама сигурно не ќе го правам тестот на Џеврие со нож и ножици па да отктиеме Еве ви совет за сите што се двоумите дали да проверите или не 100% точен
Јас си сакав да си знам и си дознав, ама мудро си молчев. Ако некој ме онака прашаше кажував а инаку не се фалев
од една страна би сакала да знам (ради купување креветче количка облека се) ама од друга страна не сакам да знам (бидејки обожавам изненадувања) се на се битно ке ми е да ми е живо и здраво...
Кога ќе дојде време за бебе ќе сакам да го знам полот, бидејќи сакам се од напред да ми е спремно креветче, играчки, количка, облека....
Сакам да прашам како лугево кога ке видат трудна жена познаваат дали е машко или женско бебето? Така еднаш седевме кај една жена која тогаш беше трудна и и рекоа гостите женско носиш? И таа вика да. И јас цела е како тоа и ми рекоа се познава а не ми кажаа со детали. Знае ли за ова некој
На таа што носи машко стомакот и е пошпицест, а таа што носи женско и е поразлеан некако, па и до страните доаѓа. Јас по ова ги разликувам