И тука да се запишам Јас многу најмногу сакав близнаци ама ништо а мм па машко. Со првото мнпгу касно ми кажа негде 25та недела. Тие со мене шо беа бремени околу мене веќе знаеа а јас не и веќе нервоза ме фаќаше и сите ми викаа чим ,,се крие женско е" и така беше мм не рече ништо дури кога беше 2 г негде спомна дека тој сакал машко за неа Викам можеби следен пат. Сега со ова си кажа за машко го сакал е сеа дали дека тој така рече или не знам ама кога ми рече др женско пак се разочарав.. дури ми беше тешко да му кажам... не изреагира никако да речам да ми покаже дека е разочаран ама ете мене ми остана... Инаку јас не сакав женски од причини шо да не поминуваат низ цикслуси бремености пораѓаи и останати чудесии кои ги превземаме само ради што сме жени...ама тоа е како сака господ
Мајка ми вика децата се за да се промешате низ народ … машки женски небитно живи и здрави само нека се
Девојќи имам едно детенце за него уште во 9-10 недела ми кажаа дека е машко докторот беше 90%сигурен така и испадна сега за второто уште на почетокот кога му кажав на синчето дека ке имаме бебе тој си рече Тасија(Анастасија) , вчера бев на прв скриниг 12 недела и докторот рече 90% е Анастасија но некако многу рано ми се чини сите што носат девојчиња што ги познавам дури во 5-6 месец и кажуваат дека се девојчиња а и исто се осеќам како со првата бременост и немам никаков симптом ниту сега ниту тогаш ама баш идентична бременост имам барем до сега… Ваше искуство дали толку рано може да се каже точен пол или сеуште е рано и дали тоа што се сеќам исто и во двете бремености значи нешто или нема врска
Па искрено, поголема е веројатноста да промаши дека е машко, отколку женско. Дунде појасно се гледа. Нема врска тоа, секоја бременост различна е, така да може да е девојче. Мене ми погодија уште во 12та дека е девојче, и тоа апла и се гледаше дундето.
Малце рано е за точно да се каже. Ретко каде ќе погодат. Кај мене беше машко на почеток, ама со резерва кажано. Негде пред втор скрининг , се дефинираше дека е женско.
Ништо нема врска еве мене со првото 22 ра недела ми кажа сигурно женско ,со ова во 12 та мислам беше и баш и јас се чудев дека рано. После на втор скрининг др ми потврди дека е девојче. Прва бременост повраќав до 7 ми месец ,сеа до 2 ри. Со првата јадев кисело сеа благо повеќе. Нагаѓаа стари жени вака ми бил стомакот така ми бил машко било еве ист ми е и сеа двете се женски.
Врска нема тоа што "бабите викаат" Јас што се не се изнаслушав. Ааа мн повраќаш, сигурно ќе има многу коса- се роди скроз ќелава.. Аа многу си голема сигурно не се две?-во 37ма недела мислеа дека сум 6ти месец во болница. Аа го носиш напред од позади не ти се познава машко е- родив девојче.. Ама мене не ми е важно, важно ми е да е здраво.
Јас немав никакви мачнини повраќање киселини ама баш ништо сите ми викаа ке нема коса тој кај мајмунче се роди густа долга црна коса дирекно за репче врзување хаха
Мене за двете девојчиња ми кажаа на прв скрининг, беа сигурни и не промашија. Ете двете девојчиња, а скроз различни симтоми имав, ништо исто не јадев, нити се осеќав исто. Со втоеото бев без енергија, повраќање, болки во препони, со првото до последно се држев супер, расположение на високо ниво и не повраќав.
Мене во 13та недела ми кажа мисли дека е женско, но не се гледаше скроз јасно и не ми гарантираше. Нареден преглед немаше шанси да се види, сега во 19-та недела ми потврди дека е девојче Кај мене имаше мали разлики (првото ми е машко), со него имав многу помалку мачнини во прво тромесечие, не заспивав толку лесно и брзо, ова сега беше нешто неверојатно. Киселини сега имам далеку порано и повеќе од првата бременост. Растењето на влакната сега гледам доста ми е забавен...
леле ова со влакнава мислев само на мене ми се случува затоа што никогаш не сум го прочитала како симптом мене не ми растат скоро ич
И менееее … по мазна не сум била во живот што убаво вака дс остане ама тешко… регуларно на три, три ипол недели се депилирав сега со месеци нема
Мене ова ми го кажа пријателка која има две женски, и ме замисли затоа што многу се намали брзината на растењето, претходно раат немав. И се испостави дека е во право
Не само што не ми растеа дур бев трудна, туку и не ми пораснаа веќе и после бременост. Јас и така не бев влакнеста и претходно ми беа ретки, сеа по третава бременост ич немам, тук таму некое по нозе на рака можат да се избројат. Дефинитивно после бебето нели, најдобрата работа од бидувањето трудна е нерастење и ретчење на влакната.