Мислам дека е океј разочарувањето за одреден пол и мислам дека треба да се гледа на тоа како нормална работа. Нормално дека и тоа е дете и ќе го сакаш, сѐ океј ама нема потреба од веднаш скокање со осудувања кон таа идна мајка. Јас ќе си кажам за себе, од како станав свесна повеќе за себе се замислував и не само што се замислував туку бев убедена дека еден ден кога ќе дојде време за тоа, ќе имам син. Сите замисли за иднина ми беа поврзани со машко дете, така и од внатре ми доаѓаше да кажам за иднина “утре, здравје, син ми”. Никогаш не ми дошло така за девојче пример. Сега сум трудна, прва бременост, близначка. Со маж ми зборевме дека идеално би било да се машко и женско, да си имаме и син и ќерка и да завршиме тука. Денес бев на прв скрининг и докторката кажа дека најверојатно двете се девојчиња. Тоа беше баш шок за мене, искрено си кажувам и немам потреба да го кријам тоа едноставно, без разлика на мислењата на другите. Сигурно ќе ги сакам ама дефинитивно ќе ми треба време да се навикнам. Само си кажав како се осеќам, сакам ова да ми остане тука, осудувањата задржете ги за себе и коментари од типот “некои се борат долго за бебе, ти тука изводиш” нема да ми го намалат разочарувањето во моментот
Уффф,колку те разбирам. Јас цел живот мечтаев за ќерка , и име спремно со години и све ... никако,ама никако не се замислував со машко дете . Едноставно, сакав ќерка и точка !! Маж ми појќе вртеше за син ,ама будејќи јас сите години дур чекавме да забрменеам на чеканото бебе му се ословував со Ристена наша , се навикна и маж ми за девојче. И кога конечно успеав после 10тото ивф да останам трудна и на нифти тестот ми кажаа дека 99,9% е машко, пуштив и солза. Признавам, се "разочарав". Сега ?!?!? Не го мењам за десет моми Не се секирај, ќе "прифатиш" само си треба малку време. Со лесно бременоста
Нека е секогаш здрав и само радости и убавини да си дочекувате од него Солза е добро жено, јас пола ден сум ред солзи, ред мрсули. Е до толку ми е разочарувањето. Дури во еден момент си реков “добро, нормално ли е ова?” Од една страна имам грижа на совест што и бебињата го чувствуваат стресот ама едноставно е појако од мене. Плус хормони и се останато. Маж ми ми вика “добро, као може да си ваква, наши бебиња се” ама ете, можам. Се надевам ќе ми легне побрзо ситуацијава или сепак да има промени нареден преглед. Фала ти, ќе ми треба @Emberlynn гледам си поминала низ истото, пиши ми те молам, не можам јас.
Може така сега се чуствуваш и оправдано е секако,но верувај кога ќе ги родиш и како ќе растете поголема љубов нема да осетиш и за ниедно машко бебе нема да ги дадеш на свет Исто е машко или девојче ваши се деца,ваша крв. Те разбирам во овој момент но додека сега да прифатиш и се навикнеш на тоа,потоа веќе нема да биде така. Јас имам девојче и сега сакав да биде исто девојче,јас пак обратно ама ете машко е и јас се разочарав кога ми кажаа ама веќе привикнав на тоа.
Здраво феминки, во недела ќе го дознаеме полот на бебето на сестра ми ама имам проблем. Дали знаете каде можам да најдам вакви димни факљи во боја? Фала ви однапред
Женски само да ви кажам пред 1 недела бев пак на контрола кај матичниот и тој ми кажа девојче е јас веке бев сигурна затоа што и докторот во систина ми кажа на прв скриниг 90% девојче и денес одам пак на контрола во систина докторот вика машко јас зачудена сигурен ли си докторе вика да да и сега незнам уште не кожам да си поверувам како е можно до пред 1 недела женско сега машко во ШОК сум цел ден сега едвај ке чекам друга контрола кај матичниот да бидам што ке каже дали ова ви се има случено
Истата ситуацијаа матичната ми кажа девојче, на втор скрининг испадна машко. А јас веќе се си имав смислено и нешто ситно купено за девојче