Аааа па ти не само мотив туку имаш и стимул плус да разбиеш семејна традиција хаха, убав ден да имаш и радувај се и пофали се на сите што ќе растеш уште еден здрав син
Хахахахах ај сеа ти кај мене па бо семејство е се мешано и кај маж ми исто женско/машко ептен е лутрија и не се знае
Еее свекрва ми уште кога и кажавме дека сум бремена му рече на син ми ајде бирај машко име она најсреќна ќе биде што стварно е машко
Нас на прв скрининг ни рекоа дека најверојатно е девојче и така некако си го врзавме во глава тоа и после на нипт тестот излезе машко. Малку бев разочарана зашто некако и потајно како повеќе да сакав девојче. Сега откако се роди не би го менувала за ништо на свет. Дури и мислам дека повеќе го сакам од што мислам дека ќе го сакав да беше девојче. Не за џабе рекле син на мајка
Мене пред 3 дена на 17+5 при вагинална контрола со малце мачење ми рече дека највероватно е женско, попочната врвца беше меѓу нозе. Ние веќе имаме 2 женски и не одевме на машко туку на трето дете. Реакцијата на луѓето што им кажавме значи буквално тешење као ај ништо не е битно то, битно живо и здраво. Јас стварно не го разбирам тоа понашање и страшно ме изнервираа они, а никако тоа што може ќе имаме три девојчиња.
Мене првото ми е девојче и јас уште тогаш си имав желба девојче, многу бев среќна кога дознав дека ќе имаме девојче. Кога дознаа и други беа као ај второто машко као мислиш крај свет ако е девојче… Сега второво сите ајде машко сега.. мислам машко е стварно, ама никогаш не ја разбрав потребата на тоа да мора да имаш машко дете.. женскиве не се деца очигледно.
Не бе, за различен пол ваљда е работата. Јас имам 2 машки, ми викаат ајде сега трето женско. И јас би сакала да имам деца со различен пол за да видам какво е искуството, ама нема по избор. Да се здрави и живи само.
Ха, од мене,, побудала" не верувам да имало. Прва бременост 3 месеци планирана и сакана, очекувана бременост, 3 месеци плачев како не сакам да сум бремена. Откако ми се смирија хормони, бев убедена дека е женско, дури до крај убедував докторите дека сигурно е женско не машко. На порагајот ме зафркаваше докторката дека конечно ќе се убедам дека е син а не ќерка. На секоја контрола докторот ми означуваше курето каде му е дека е син и не е грешка Откако се роди, не би го сменила ни за 100 ќерки, син на мајка Потајно си посакувам уште еден син, а мм е желен за ќерка.
Девојчињата ти се прекрасни. Во фамилија имаме братучетка со 5 девојчиња, исто не дека намерно одат на машко, едноставно сакаат големо семејство. Колку се сите како кукли само. Луѓето знаат да се многу безобразни. Уживај си во бременоста. Што и да е бебенце најсакано ќе си биде.
Мене искрено ми беше најважно да е живо и здраво, воопшто не ми беше битно дали е женско или машко. На првите контроли мислеа 90% дека е женско и мм се уби од радост, пошто тој од почеток сакаше женско и кој и да праша што сакаме гласно и јасно викаше женско сакам да си ја разгалам. Веќе јасно кога се гледаше докторот не прашува што сакаме јас викам живо и здраво, што и да биде, мм јасно викна женско сакам, на крај докторот соопшти дека гледа куренце. Сепак, најважно ни беше моментот кога ни соопшти дека е се во ред со бебето. Јас доста парови познавам што имаат такви затуцени мислења демек машко треба да биде. Мене ми се ежи косата кога ќе ги слушнам како го зборуваат тоа. Не знам како да им објаснам дека треба да се среќни што и да им даде господ не е важно и дека има парови кои молат бога да им подари детенце, без разлика дали е машко или женско.