Најбитно да е живо и здраво... Али добро е да се знае за да знаеш дали да купуваш облека за машко или девојЧе
ја ова недела сум на контрола и треба да ми кажат какво ќе е ама да ви кажам тоа ич не ме загрижува тоа, битно ми е да ми е се ок со бебето а што ќе биде дали момче или девојче јас ќе си го сакам тоа ќе биде мое ангелче
Познавајќи се себеси, нема да издржам 9 месеци за да го научам полот на бебето! Да може да се види, сигурно ќе побарам и бојата на очите да ми ја кажат!
Јас немам бебе, но кога ќе имам, не сакам да го знам полот, сакам да го исчекам, да го родам, и самата да видам што ееееееееееее уфуфуфуф едвај чекам хаха
Мислам сега незнам ,но на следното одење се надевам дека ќе знам,па ќе ви кажам,мислам јас сакам да знам,мислам полесно е имиња,облека,бои за во соба...итн. (се надевам дека и двете сњ или машки или женски,нека се живи и здрави па какви се такви се)но како и да е сакам да го знам полот
Не сум тип што сака неизвесност, не би можела да одам на контоли 9 месеци без да прашам што ке биде.Предчуствував дека ке биде момче а и ми беше желба и фала му на бога ми се исполна желбата, ни кажаа околу 16 недела, а уште пред да ни кажат првите работи ги купив на плаво, едноставно си предосекав. Се смеевме со татко ми како викале кај муслиманите Нека е живо и здраво само машко да е
Уште две недели до следната контрола едбај чекам да си го видам бебчето ,би требало тогаш и да ми кажат дали ке биде момче или девојче,радозналоста не убива ама битно е се да е ок . За прво дете и не е толку битно кој пол ке биде е за второ мислам желбите се поизразени .
dobro....ne deka ne sakam i jas da vidam koj e polot na moeto bebence....baska prvo mi e......ali mojot drag soprug ne sakam da znae dodeka ne se porodam.....(potajno vo sebe saka da e zensko...ne deka ako e masko nema da go saka,ali....)i ja na neoj nacin se soglasiv da go doznaeme polot koga ke se porodam,ali nekako pa me kopka.....
Радознала сум си па си прашав и за двете. За првото не ми беше битно какво ке биде, а второто сакав да ми биде исто како првото (девојче) бидејки се 18 месеци разлика се па сметав дека повеке ке се дружат. Немало врска, тандем се сега
ЈАСУСТЕ НА 12 Г,Н, БЕВ ВО РЕМЕДИКА НА 4Д ЕХО И ДОКТОРКАТА КАЕРИНА НИ ПОКАЗА СЛИКА НА ПЛАЗМА ЕКРАН И НИ ВИКА Е ПА НЕ ГЛЕАМ ДЕКА НЕСТО СЕ МАНКА ЗЕНСКО Е АПРВОТО Е МАСЖКО ТАКА ДА СЕ ПОГОДИЈА
Ептен бев радознала што ќе е зошто сакав момичка,а излезе ерген,инаку пред да одеме на преглед се договоривме со маж ми да прашаме што ќе е,и кога уклучија ехото и кога видов веќе со мои очи дека е машко не ни прашав и мојот маж место не го држеше и тој праша и надвор му велам нели го виде јас и затоа не прашав и така ептен сум среќна сега што е машко
А кога најбрзо се дознава полот? која недела? Ве молам за одговор.тука читам некој во 7 месец некој 16 недела па не ми е јасно?
Поинтересно е да не се знае. Вака знаеш унапред и шо? Барем јас многу си сакам изненадувања, така да би издржала до самиот крај. Иако порано си викав што побрзо да дознаам, и поинаку мислев, ама сега не, поубаво е изненадување 100 пати! Ако не го променам дотогаш пак мислењето. Братучетка ми е трудна, веќе 8-ми месец и й таа и мажот и не сакаат да знаат што е. И интересно цело време си нагаѓаме, чекај машко ќе е, не женско е. Едвај чекам да се породи па да видиме кој погодил. Баш пред некој ден купуваше облека, и што има врска машка или женска облека, и онака прво шпихозни се купуваат, за бојата исто нема врска. Си купи бели, жолти, па бело со црвени и сини точки...облека што одговара и на женско и на машко. Кога ќе се роди и онака ќе дознаат сите, па ќе добијат полно облеки во розева или сина боја. Јас не сакам да знам, го сакам моментот кога чекаш, ти го носат и прашуваш што е.
Јас сакам да го знам полот пред се да знам што да купувам зашто ако не знам без обзир на бојата не ја ни сакам розова ама фустан ќе купев посекако и ќе беше смешка ми рекоа дека е машко во 17 недела ама беше многу лошо завртено и докторот не беше 100% сигурен па сега го чекаме прегледот во 20 да видиме дали ќе сака да се сврти , во 13 кога бев за даунов синдром беше инат толку голем што докторката не можеше да го сврти да му измери нухална транслуценца не па пол да види
Нормално дека сакам да знам. Ќе ме копка, нема да издржам додека да се роди. Плус тоа од практични причини заради купување облека и за името.
Мене ми беше буквално сеедно што ќе биде бебето. Јас имав претчувство дека е машко, додека маж ми беше цврсто убеден дека е девојче. Докторот без да го прашам кажа дека е женско. По него и докторот кој ни е пријател ни кажа дека е цуцка, исто без да прашаме, а и последно докторката на скринингот потврди, пак без прашање. Според мене кога доаѓа моментот да кажат што е треба да прашаат докторите прво дали сакаат родителите да знаат за кој пол се работи. Инаку во Чаир кога даваат изваштај со мерки за бебето горе пишува и пол, така да.... кој знае да чита секако дознава.
Кога отишла братучетка ми на ехо, уште пред да седне му кажале на докторот дека не сакаат да знаат, инаку кај нас без осет си кажуваат без да прашаат дали сакаат да знаат родителите. Затоа кој не сака да знае, пред да седне ќе си каже. А за име, ќе си смислиш и за машко и за женско, не е страшно.
Па би сакала да знам од практични причини. Изненадување ќе биде секако, дали после 9 недели или после 9 месеци. А како напредува технологијава, тешко и сам дека нема да заклучиш кој пол е гледајќи го на ехо.
Мене ми кажа 16 недела дека е женско ама не беше сигурна , и дознав на 22 недела кога и правев скрининг