http://php.ringeraja.mk/index.php?page=CGCalendar Девојчиња, не знам дали календаров го има во друга тема, ама ај нека пробаат тие што родиле или веќе знаат сигурно, дали ние љубопитните треба да им веруваме на старите кинези? ))
Ма какво точно....ние машко чекавме да излези, а женско родив И тоа со денешната технологија, 3-4Д, ама пусто така се сврти да во поодмината бременост не можевме да ја видиме, и остана на тоа од почетокот - машко Па за чудо, така и ја „носев“ - само стомак напред испрчен, тоа ни беше демек плус индикатор дека навистина е машко Се` додека анестезиологот не ме разбуди со зборовите „Разбуди се мајче, имаш прекрасна бела ќеркичка“, па си мислев дека ми го сменале бебето
Ме наежи хихи, и јас имам случај на блиски кои им се случи истото, чекаа машко добија женско. Ништо не е 100% додека е во меше. Бидете внимателни при купување на облеки ислучиво во сина и розева боја
Најбитно во целата ситуација беше што ние бевме ИЗГОРЕНИ за женско, па 9 месеци се спремавме ментално дека не ни се исполнила желбата, и дека ќе имаме машко....кога се породив, мм 2 саати не можел да престани од плачење, прво од среќа, после од шок за женсково а јас, од што добив наплив на адреналин (оти ми се исполни желбата), нит болка осеќав нит ништо на интензивна Мање битно за боите, и онака најубаво е новороденче во бело, без разлика на пол А за после - ехееееееее, има време, уште 100 стила ќе промени
Јас цел живот се замислував со ќерки, веројатно дека имам сестра, па жени сме биле секогаш мнозинство во фамилијата. Откако сестра ми роди машко, некако станав неутрална за полот. Така што сеедно ми е од аспект на желбите за полот, ама сепак е голема љубопитност во прашање, заради филмовите што си ги правам во глава, да ми станат појасни Пред некој ден сакав од ДМ да си купам цуцла од пуста желба да купам нешто, или беа морнарски со бротчиња, или розеви со цветови, неутралните беа многу обични и безбојни Ако сум ваква за цуцли, тек за друго Мм сака ќерка, веќе ја вика по име, и замислува како ќе ја растеме и дека ќе била убава како мајка и , а јас морам да неутрализирам и да го продолжувам истиот муабет и во машка варијанта за да го припремам дека може да биде и машко. Што вика Мoira, треба ментално да се подготвиме додека дојде бебето, се надевам следниот преглед ќе успееме да го задоволиме љубопитството.
хахах јас не верувам на овие табели , кога бев бремена баш пробав да видам дали е точно каде излегуваше машко , каде женско.. на табелава ми излегува дека имам машко а нема врска имам ќерка
и ние едвај чекаме да дојде време да дознаеме што ке ни биде бебенцето јас сум за тоа да се знае полот... искрено јас повеке би сакала да е женско, ама пак од друга страна сакаме и машко заради името кое многу ни се бендисува на двајцата
Па искрено повеќе сакам да знам што бебушка носам најмногу заради спремање на стварите за бебушот затоа што ова бабиве само глупости може да ми изнакупуваат а вака ќе им кажам што и како и завршена работа. Димчев на скринингот во вторникот (13 недела ) рече дека е машко ама мене ме зачуди затоа што ми се чини дека е рано да се утврди со точност,ама и ако е нека е здраво и живо јуначе на мама Поздравче
Не е рано, органогенезата се завршува во 12 недела, така што веќе бебето е целосно формирано и ако е убаво поставено може да се види дали е машко или женско. Ама секако е најважно да се развива убаво и да биде здраво
јас едвај дочекав да ми го кажат полот , најмногу сакав да го знам заради спремањето Димчев на 4д ми кажа дека е женско, а Котларова пак пред некој ден истото ми го кажа само што овој пат јас видов со свои очии
Денес дознав дека носам девојче. На пат накај дома плачев од толку што се возбудив. Маж ми сакаше машко но мислам дека не е разочаран.
супер , сега спремај се за шопинг по фустанчиња , сукнички , шнолчиња со лесно нека ти е , нека си расте само малата кукличка
И јас дознав дека е машко. Немав дилема, уште од почеток сакав да знам чисто од љубопитност, инаку исто ќе се радував и да беше девојче. А чувствував дека е машко, инстинкт. А мм цело време викаше дека не сака да знае, па го предупредивме докторот да не кажува пред него, и после прегледот ми кажа само мене. Ама не додржа ни три саати, па бараше да му кажам.
EE I JAS DOZNAV ,POSLE DVE LEPOTICI SEGA MASKO.TRETO PA MUSKO sto bi rekle,zdravo zivo pa ke se sviknuvame nekako so masko
Би сакала да знам поради спремањето (кога би била бремена, секако ). А, имавме случка во фамилијата, кога и рекоа на една трудница дека бебето е машко, па тие се за машко изнакупија, а на крај излезе женско. Значи не можеш до в крај да и веруваш на технологијава.
И јас сакав да ми кажат,и за двете бремености,имам четири годишна керкичка,а сум 14 недела бремена на второ уште во 11 недела ми го кажа полот
Здравје,со господ напред...утре што се вели, кога ќе бидам бремена, сум ЗА да се знае полот на бебето. Зошто да не го знам,...јас си стојам на ставот дека не е важно што е само нека ми е живо и здраво. Па така да и да утнат докторите,нема да се разочарам. Мене,без навреда, ама многу ми е глупо тоа кога ќе чујам: не не сакаме да знаеме. Како можеш да не сакаш да знаеш нешто,за што расне во тебе? Дете, еј за сопственото дете се работи.