Јас за двете дечина го знаев полот пред да се родат,не ни беше важно какви ке бидат воопшто но ете љубопитност друга причина неможам да наведам,до по душа мажот никако не сакаше да го знае полот ни на едното ни на другото ама што да прави со ова љубопитно жениште .За првото не прашав ја туку докторот си ме праша дали сакаш да знаеш какво е и јас готово се стопив срце јуначко не можеше да рече не и ми кажа мажот ми сакал или не си слушна сам бидејки беше со мене,па потоа ке ме утепаше изгледаше вака а за второто исто не сакаше да знае и ми рече ако те прашаат речи не и прашај си кога не идам јас.Ттака и беше се до 5 месеци додека не појдовме на 4д ехо во систина и докторката еве вака рече;какво дете имате и јас викам момче е баш убаво ова е девојченце ете ти пак мажот не се изненди.А мислам дека е многу поубаво да биде изненадување ама и усте десет деца да родам не верувам дека ке чекам додека се родат пошто сум многу љубопитна по природа посебно за овие работи.
еве нешто што најдов на интернет: Доколку сте бремена, постојат одредени знаци по кои ќе можете да препознате кој е полот на вашето новороденче. Кои се овие знаци? Колку се тие релевантни? Да признаеме дека правени се анкети за препознавање на овое знаци, но шансите се 50%, 50%. Но се разбира , најсигурната метода е да се направи снимка, но сепак некои родители не сакаат однапред да знаат кој е полот на детето. Еве неколку можни знаци дека носите момченце!!! 1. Висок или низок плод Најпрепознатлив знак е дека, машките плодови, се носат ниско. Но има и многу жени кои ќе го негираат овој фактор. Не постои ниту некоја посебна причина, зошто машкиот плод може да биде пониско поставен… 2. Доколку урината има порозева боја Впрочем, може и од бојата на урината да се погоди , дали носите момче или девојче. Доколку бојата е порозева – тогаш е машко. Па доколку не ви е мачно, проверете си… 3. Слатко и кисело Едни од забележливите знаци дека имате момче се: немате многу апетит, но сакате постојано јадењето да го дегустирате и да биде вкусно. Доколку е девојче, ќе имате поголема потреба од слатки јадења. 4. Десната брадавица Големината на брадавиците, е еден од 100% најточните методи за проверка на полот. Десната града е поголема во тој случај. Иако повеќето жени и природно немаат изедначена величина на гради, сепак, доколку ја забележите таа необична промена, можете да се надевате дека е вистински знак. 5. Клучот на мистеријата Тестот навистина се однесува на вистинскиот ваш, личен клуч. Ова малку преоѓа во суеверие и делува чудно но го земаме во предвид… Доколку кога го земате клучот, го фаќате за округлата страна , тогаш е машко, а доколку го фаќате на врвот, тогаш се работи за женско, па проверете. 6. Прашајте некое дете Се претпоставува дека, за полот на детето , можете да дознаете така што ќе побарате помош од мало девојче. Доколку покаже наклоност и се упати кон вас, тогаш е момче, ако не тогаш е девојче. 7. Ладни стапала Ова не се работи за тоа какви ви се стапалата, во текот на бременоста. Се вели дека, жената која има ладни стапала, има поголема веројатност децата да и бидат машки. Непознат е до сега фактот некоја мајка која има само синови, да не пати од оваа појава. Овие факти кои ги наведовме, не мора да се сфаќаат премногу сериозно , и здраво за готово, сепак, доколку проверувате, се надеваме дека барем ќе ви биде забавно.
Нема врска сето ова, еве јас на пример 1, Го носев високо цело време и родив машко дете 2, Не гледав што и како мочам 3, Не да имав апетитттт, фантастичен се поправив цели 37кг 4, Кај секој човек кој е деснак е поразвиен цел десен дел од тело, кај некого е воочливо а кај некого не толку....како и да е не ги студирав брадавиците какви ми се 5, Клучевите ги мавам по ташната секогаш и секогаш различно ги фаќам 6, Не сум побарала помош од дете 7,Ладни стапала и дланки си имам арно ама во бременост како резултат на хормони и циркулација 500 ми беа многу топли и ми одеше саклет Дали ќе е машко или женско си зависи од генетика. Мажот секогаш носи само х хормон (машки беше ако добро паметам) а жената х и у е тука е битката кој ќе преовлада повеќе.
^обратно жената носи х хормон а машот х и y. што значи мажот е одлучувачот ако се спои хх е женско ако се спои хy е машко
Па, мислам оти нема да сакам да знам, бар не на почеток. Таму негде при крај, тогаш веројатно ќе сакам да знам. Али тоа ми е размислување сега, кога би останала бремена понатака, како што сум си љубопитна, може да ми се смени размислувањето.
Како и да е си има стручни лица и за тоа (еве на пр. Златушко ќе не просветли) , ама ова што го напиша пишав дека не држи вода
Режимот на исхрана на идната мајка дефинитивно има влијание врз полот на бебето, што таа ќе го зачне. За да забремените со девојче, конзумирајте редовно храна богата со калциум и магнезиум како например овошје, сирење, ориз и зелен зеленчук, а најмногу и редовно спанаќ, марули, зелка. За момче пак е важно не тоа што јадете, а што да НЕ јадете – избегнувајте храна што содржи калиум и натриум во која група припаѓаат бананите и компирите. Специјалната диета ќе проработи ако ја почнете барем 9 месеци пред да забремените. За да ги зголемите шансите за момче или девојче важен е и моментот на зачнување. За девојче треба да правите секс 3-4 дена пред овулација. Причината е во тоа што машките сперматозоиди пливаат побрзо но и умираат побрзо. Женските пак се побавни но и поиздржливи. Па така, ако имате секс точно пред овулација, ќе се обезбедите само со сперматозоиди со Х хромозом, односно хромозомот што дава девојче и тие ќе имаат поголема предност да ја оплодат зрелата јајце клетка. За да забремените со момче, важно е да го знаете денот на овулација, а ако го погодите и часот, малиот јунак ви е „врзан во крпче“ и спремен за штркот Изворно
Се едно ми беше, само да е здраво и живо. А инаку од сам старт имав некоја интуиција што носам, па ќе видиме со сигурност кога бебуш ќе не израдува дали сум била во право.
Во право е Сноу. Жената е носител на икс хромозомот, а мажот и на икс и на ипсилон. Он одлучува какво ќе биде бебето. Ако е икс ќе биде женско, а ипсилон машко.
Сеуште ми е рано за да бидам мајка, но кога би била бремена би сакала тоа да биде изненадување, само нека е здраво и живо, но сега мислам така но кога би била бремена не би издржала да не дознаам што е полот.
И јас сум љубопитна,со нетрпение го чекам следниот преглед кој ми е закажан за први и се надевам дека тогаш ќе го дознаеме полот.Што е да,нека биде само само живо и здраво
Ние сакавме да го знаеме полот на бебето. Тој ден отидов сама на гинеколог. Бев во 16-та недела. Откако гинекологот го вклучи мониторот, видов дека нешто штрчи меѓу нозете на бебето. Се израдував. Многу сакав да имам машко, а цело време мислев дека носам женско. После тоа гинекологот ми кажа дека 99% е машко. Ми вика - Што ти значи мајстор, а? Откако излегов од ординацијата му се јавив на маж ми и му кажав дека бебето е машко. Многу се израдува.
Jas sum 14 nedela i so netrpenie cekam da mi go kazat polot,,,se nadevam za dve nedeli deka ke moze da vidi
Јас го дознав полот во 12 недела кога бев на првиот скрининг за мерење на нухалната вредност и приската, тогаш ми кажаа дека е момченце и после во 22 недела се потврди на 4д скринингот
Јас во понеделник сум на испитувања,минатиот пат лекарот ми рече рано е уште да се види што е иако беше многу упорен да ѕирне се надевам сега ке видам што душиче носам.
Мене полот ми го кажаа во 14 недела, потоа во 18 недела кога правев амниоцентеза уште еднаш се потврди и сега сме 100% сигурни дека е дечко...