Јас не би сакала да знам, сакам да се изненадам кога ќе се род да прашам што е моево прцулче. Да им кажувам на сите се роди ќерка ми или син ми,не само се роди. И мајка ми не сакала да знае за мене и не е и кажале. Сакала да се изненади, и се изнанадила,зашто немало човек кои и рекол дека ќе има машко. Далеку сум од тоа да имам дете,ама мислам дека не би сакала да знам. Ќе ги соберам сите и нешто вака ќе настапам
Ма сакав да го знам и тоа со возбуда чекав да ми кажат,иако навивав за девојче беше момченце,па кога почнав да си пазарам ова требало она требало и се по нешто си требаше,па се изнаслушав не се купува пред да се роди,ама ајде де пуста радост како нема да се купува,сепак сум да се знае што ќе е бебчето
не гледам причина зошто да не го дознаам полот.и за едното и за другово го дознав уште во 14та недела.јас сакам да си сум спремна и да знаам што очекувам и соодветно да се припремам.а и какви ни се прегледите и скрининзите незнам како би можело да остане тајна 9 месеци ,па со денешнава технологија и лаик само со гледанје во екранот ке го види полот.
Искрено иако повеке тајно си навивав за девојче бев 100% сигурна дека ке е момче,си имав некое претчуство и пред да одиме на преглед во 22 недела му велам на мм ке видеш дека е момче,ми вели од кај знаеш,ама велам не е важно што е само да е се во ред!Мм пак веднаш ја праша докторката што е и кога рече машко,си се погледнавме си се израдувавме и двајцата а тој беше пресрекен! :up:
Нешто наспомна докторката за полот ама ми рече ова е онака првично, и ич сигурно,зошто е мн немирно пафта и скртува нозе+ мн. мало. Па затоа почекај до следната контрола.
Пред се нека е здраво и живо ќе речеме сите што сака нека е, но сите сакаме да знаеме нели?! Чисто од љубопитство. Е ние бевме во понеделникот на контрола и ни кажа докторката дека бебуле е мажуле.
Сакав да знам какво ќе биде бебето и во двете бремености. Првиот пат ми кажаа во 16-та недела, а вториот пат во 19- та недела. Две мажиња.
Сакавме и двајцата... За второво дури мм повеќе сакаше да знае и многу се надеваше на девојче.. Дури и кога докторкта кажа и вели видете убаво, да не не е машко... за првото во 12-13недела,за второво не беше сигурна на тој преглед, но на следниот се потврди.. Две мажиња, златни синчиња на мама
На нас двајцата и не ни беше толку битно што е, побитно ни беше да е само живо и здраво и се да биде во ред. Инаку прво скроз на почетокот ни кажаа женско, за после на другиот преглед да ни потврдат дека е машко. Не издриблаа малку ама сеедно ни беше нас
Јас секогаш велам дека сум далеку од овие теми ама ми се интересни да ги читам. Неќам изнеанадувања ама сум скоро сигурна дека нема да сакам да знам кој пол е детето. Тоа би било најпријатно изненадување. Баш ме интересира по неколку години кога ќе дојди време дали ќе мислам вака. И морам да споделам дека за мене мајка ми не знаела што сум, а за брат ми докторот ѝ кажал во смисла: „Ти знајш дека машко носиш?“, а таа не сакаше да знај. Ама вика дека ѝ се најде таа информација зошто јас воопшто не сакав брат па имала четири месеци да ме спреми дека ќе биди машко.
Јас неќев да знам,сакав да биди супрајссс..Ама сопруго многу сакаше да дознај,се надеваше на женско ама доби палаво машко
Сакав да го знам од сам почеток Бев 99% сигурна дека е женско, на 1 скрининг така и ми рекоа. Ама машко е Не би можела да издржам до крај да знам што е.
Доста знаат да погрешат, па ништо чудно на крај и женско да испадне Мене иако ми е сеедно, дури повеќе сум за пак машко... нешто цело време во глава ми е дека е девојче, ама ајде утре е денот.. ке видиме дали е 100% машко, како што рече гинекологот
Којзнае, штрчеше нешто меѓу ноџиња на 4Д но гинекологов рече дека слично било и кај женските додека се толку малечки, па после поубаво се оформува... но дека 80% и личи на машко, баш ме копка и едвај чекам да одам утре Јас не би можела 9м да незнам што е бебето, зашто сакам да се фрлам на купување после 7ми месец хахаха
@mariz мене на првиот скрининг ми рекоја 90% машко, потоа на следната контрола во 16 недела ми потврдија 100 % женско.