Памтам на мојата полуматура сите во балетанки само јас и уште 2-3 од цееееела генерација во штикли, а сеа сите во штикли само 2-3 во балетанки ќе сретнеш. ццц и да, има фустанчиња посоодветни за полуматура отколку за матура и обратно јас носев штикли 5-6цм а не 10-11 како што имам видено полуматурантки да носат денес и фустанче црно со бели точки како за искачање ама не до под гз туку маалку до над колена горе тесно како корсет а надоле пораширено беше со постава, а имам приметено ко ќе видиш полуматурантка на штикли (без фаца секако) се облекла во фустанче типично за матура не моеш да познаеш дали завршува основно или средно. Значи мој совет како и да се облакате, облечете се соодветно за годините, дозволете си штикли зошто такво време дојде ама да можете да одите на нив, а не нозе да искршите до ресторан, значи најпросечна големина на штикла, верувајте инаку не личи на ништо.Убав провод! И пазете како ќе се враќате сабајле во 3-4
Eх сега се сетив кога јас си дојдов од мојата полуматура. Во 12 дома. Лоши сеќавање, полуматурата ја правевме во ресторан во близина на училиштето, вечерта од полуматурата албанците го зазедоа Арачиново, и сите наши родители не земаа од пред ресторанот и одма дома Како и да е носев панталони црвени, плава блуза која беше како небо целата, чевли на плута кои до ден денешен си ги носам и коса со плетенчиња имав а надолу исправена. Прва шминка во живот исто така, братучетка ми ме нашлапа Тоа е предточно 10 години уфф многу време поминало
Леле кај се сети на се јас после 10години од полуматура се прашувам на матура дали ќе се сеќавам инаку подобро дома по полноќ за време на војна, отколку надвор па да не се знае што ќе било понатаму Инаку за прва шминка и мене тогаш ми беше првата и тоа не беше многу нападна за да се нарече баш и шминка и за првпат си ја извиткав на фризер мојата тогаш природна кафена коса што одма ми се исправи и ми доби форма без врска
Јас сум оваа година полуматурантка, и навистина неможам да се одлучам Не сакам фустани плус и пополничка сум и сакам нешто поразлично од другите.Не сакам она класично фустанче. Сакам нешто како ова плсс помогнете ми
^ Супер ти е оваа комбинација! Само место штикли, бели или кремави сандали на полна пета. Ако не ти се носат панталони, нека бидат ова хеланки во боја и туника некоја. Сакото по желба.
Се надевам ви се допаднаа предлозиве. Патем, многу сум против сатенот за полуматура. Ми делува многу кичесто, „тешко“ и премногу женствено. Башка што воопшто не ми е летен материјал.
и јас сум против сатенот Вајлд. Инаку фала богу средив јас за фустан си закажав на кројач ќе си шијам нај едноставно фустанче и крај веќе не се потресувам!
Прочитав голем дел од коментарите во темава и се навратив две-три години наназад, јас кога бев полуматурантка.. Ми текнува колкава еуфорија беше, така да ве сфаќам дека сакате да изгледате посебно, ама јас лично не оправдувам штикли од 15 cm (како прво не знаете ни да одите на такви!). Најсоодветно ми е некое цветно фустанче, во секоја продавница ги има, прикладни се за приликава и во тренд се... + балетанчиња или некои рамни чевли, или пак ако веќе толку сакате да бидете типки-сандали со полна потпетица.. Некое лепршавко фризуриче (фризури за тетки се оф лимитс) и од шминка само маскара и некое сјајче Можеби сега сте влезени во филм, па сакате сите во вас да гледаат, но по некоја година кога ќе гледате слики ќе се прашувате каде ви бил паметот!
Што дигате толку прашина околу тоа што ке носите на полуматурата? И прв пат читам дека имало нова традиција да се слави полуматурата три вечери ! Едноставно, комфорно и елегантно во исто време треба да изгледате, а сепак не премногу кичесто и теткинско. Значи можете и со тексас шорцеви и некоја тренди блузичка + алки, да изгледате cool . Еве некои комбинации
^ баш ме бендиса фустанчето само уште да можеше кај нас да се најди вакво е тогаш уште поубаво ке беше
Мое мислење е дека треба поскромно затоа што е полуматура и не е важно како ќе се облечете Мислам како тргнало за некоја година ќе имаме една четрвтина матура па полуматура , па предматура , па матура .... мислам претеруваме Искрено со основно ништо не сме завршиле , сега ни средно не се цени ако немаш факс , така што неате некоја посебна причина за што би се облекувале како теткици . Опуштено и откачено
и јас мислам дека нема потреба од полуматура , ама кога веке има неможам јас да сменам .... си купив денес едно фустанче, и мислам дека ке можам летово да го изнаносам.....немаше ништо по градов тапа, па најдов едно црвенко убаво е
Има толку убави модели и фустанчиња по интернет, но за жал кај нас не може да се најде тоа барем не за некои 5 год. Бев решена дека ќе шијам, но кога излегов по материјал не најдов ниту еден што би ми се допаднал. Се беа сатени или пак материјали-чаршави за маси и сл. Во она Мост има некои(2/3), нема некој голем избор, но најдов едно како темно крем со црни дебели точки, беше како балонче и без прерамки, беше околу 2000, но јас барав нешто што ќе ја покрие мојата огромна лузна. Потоа едно цветно повеќе на розево беше фустанчето, негде до над колена и 1600 мислам дека беше најдов на рекорд, карши Мекдоналдс значи до Лиска, Мис и уште нешто имаше.Едноставно фустанче кое што ќе може да се изнаноси низ целото лето, додека другото што се вика ќе стои во плакар и ќе чека некоја манифестација да се износи. Ме известија дека имало накај К.Вода убави модели после Трафик негде. Така да во Скопје ништо нема, тоа има, но не е по мој вкус.
Јас купив фустанче(морнарски стил бело-теѓет-црвено), едно како палтенце (црвено е ) и балетанки (теѓет). Фустанчето летото ќе си го изнаносам, а тоа како палто материјалот нешто како тексас му доаѓа наутро за на училиште или за вечерни прошетки супер е, балетанките се теѓет и имаат од страната мала шнола која се вади и се прават најобични. Мајка ми ми купила едно црвено венче со 2 машнички, јас купив некои алки и обетки па ќе видам што ке одберам. Косата планирам испеглана или некоја внатрешна плетенка или венче, шминка сигурно ќе имам сјај и маскара, а можеби и малку сенка во неутрални бои.
http://www.lulus.com/index.php?main_pag ... neymuB.jpg http://www.lulus.com/index.php?main_pag ... 5blkHa.jpg http://www.matalan.co.uk/pws/images/cat ... c101_1.jpg Овие ми се бендисаа.