Конечно и јас да си најдам нешто за полуматурава. За втора вечер, си купив цветна суќња воглавно во сива боја и сива маичка исто со цвеќенца горе, ама од материјалот правени. Уште некои балетанчиња или сандалчиња да најдам ... и туто комплето. Иии многу сум среќна шо најдов нешто Си бендисав за прва вечер едно тегет фустанче (пак имат нешто цветно ) и најверојатно то ќе го земам, ако не најдам нешто друго. Вие девојки, најдовте нешто?
И мене истото ме мачи незнам какво фустанче да си одберам.Не сакам некое премногу свечено не сакам некое многу детско.Блазе на тие што веќе си најдоа не мора да се оптоваруваат веќе со истото
јас имам лош спомен од купување фустан за полуматура го пребарав цело Скопје од почеток до крај и верувале ими не ништо не ми се допагаше или пак не ми стоеше убаво и за да не се вратам со празни раце дома пред одење купив фстан и го платив скапо и освен на полуматурата немам го ставено совет за сите полуматурантќи да не купувате некој ептен свечен скап фустан бидејки нема да го износете и само парите ке си ги дадете и како што прочитав некои коментари на полуматура со балетанки тоа според мене никако мојата генерација скоро сите носеја штикли и јас за прв пав носев и тоа се качив директно на 12 сантима но не ми е жал бидејки цело лето си ги изнаносив Спојлер сепак еднаш се слави полуматура и облечете се како што вие сакате поздрав
Полуматурантки, можеби наназад на страниците е веќе спомнато ама искрено не ми се чита мој совет за полуматура е некое убаво, нежно или шаренко фустанче со балетанчиња. Штикли ми се стварно too much. Јас сум поспортски тип и сега не носам нешто многу штикли, ама не го кажувам ради тоа. Има време за штикли, а и плус повеќето од вас за прв пат ќе облечат на полуматура, а верувајте тоа не е добро искуство Јас видов преубави пролетни фустанчиња во Евроазија во Скопје. Фустанчиња кои ем ќе ги носите на полуматура, а и послe. Не можам да најдам слики, ама кој е во можност нека разгледа таму. И ако ви е битна марката Bershka и Stradivarius се и тоа со цени од околу 1500 денари.
Епа тоа е.. Според мене нема некој избор во Скопје.. Фустанчето е преубаво само што тешко дека ќе се најде нешто такво. И да, кај нас нема во метал шоп вакви фустанчиња и сл. Јас не ни сакам веќе да гледам по интеренет парчиња, затоа што кога ќе прошетам низ продавници и кога ќе видам дека нема ни слично на тоа што мене ми се допаѓа, премногу се разочарувам. Така да, од тоа што има, односно од тоа што се нуди, треба некако да се избере и одлучи. Зошто тоа што има на интернет, нема баш низ нашиве продавници. Инаку за во солун имаш тема посебна провери тука. http://forum.femina.mk/moda-i-stil/soping-vo-solun-t561/
Koга ја видов темава.. без навреда... ама смешка ме фати. Полуматура?! И што е тоа? Завршување на ОСНОВНО образование, од каде искочи оваа фама што ќе се носи, каква фризура ќе се праи, какви штикли ќе се носат, абе у тоа време ластик ја играв иако не беше многу одамна! (Имам 26..). Полуматура праевме во дискотека во Дом на Градежници, плативме по 100ден мислам за едно две сокчиња, и бевме као уааау ќе идеме у диско! Повеќето бевме во фармерчиња, сандалки, лежерни фустанчиња и опуштени фризурки. Абе на 14 години си сеуште дете, неоформена личност, допрва ги чека живот, мене фамите за матура ми се смешни а не пак, полуматура, леле леле завршиле осмо, браос! Па за матура какви све глупости не слушав, одење на масажи, третмани, солариум, професионални шминкери... абре шо ви е луѓе... саде Виенскион бал! Свашта... п.с. Да можам сама ќе си стиснам лајк на постов!
Се согласувам со тебе girl1985 ама кога веќе се прави јас ќе си носам некое цветно фустанче така што личи за некој што е осмо одделение некои балетанчиња и тоа.Кога ги слушам некои девојчиња како се спремаат ќе носеле штикли па незнам какви фустани па фризури, ќе оделе на маникир, педикир...Боже боже!
да и јас се согласувам со тебе girl1985 ама така почнаа традициите па то е. јас си купив убаво,не толку свечано фустанче кое личи за мои години и планирам да си го носам на некои балетанчиња
Нешто вака? Океј,се зезам. Ова е сосема во ред(што следи). Не ви треба којзне какви фризури, верувај никој нема да те примети освен другарките. или пак собери си ја во коњско опавче и со штосни убетки многу пофино ќе изгледаш, отколку да се замараш со фризери и триста чуда.
Тотално во право си .. но што да правам така почнаа овие обичаи , неможам сама против сите да ги сменам .. како добра опција си ја сметам да не одам на полуматура , но мајка ми ми вика да не се делам од другите итн ..па што ? голема работа осмо завршив !
Во потполност се сложувам со Girl1985 .Ама па кога ќе видиш ни со матурата ништо посебно не си направил . Секоја чест на (ретките) исклучоци . Како и да е , мислам дека полежерно треба и за полуматурата и за матурата . Нешто што нема да те направи да си некоја друга, да не личиш на себе .. а и тоа што ќе го носиш ќе е добро да може да се носи и после тој ден . Тогаш си завршила голема работа . Девојки , панталоните што ги носев за полуматурата ги носам и ден-денес , а блузата што сите ми ја пофалија ја носев еве на плажа минатото лето На тие парчиња им ја вадам душата ,а сепак не коштаа многу
Конечно и јас да си најдам фустанчеееее. Ц ц ц ... која радост настана денеска ради то Еве гооо: Иии уште некои убави балетанчиња и за 1ва вечер тип-топ
Не се преоптоварувајте,сепак не сте возрасни.па штикли фризури не знам што.Ете ако сте цело време со права коса извиткајте си ја со фигаро или обратно,јас памтам мојата генерација 90%бевме во фармерки и маички,малку беа во фустанчиња,а две девојчиња беа во штикли и на сите ни беа смешни,на тие години како теткици.Ќе носите штикли цел живот,кај брзате
Во новото OVS industry (Скопје) има убави фустанчиња накај 2000 денари. Мене не ми се даваат 2 илјадарчиња за фустанче, но сепак, чисто информативно.
Леле чоече 1-ва вечер? Има и тоа? Први, втори вечери? Ноу комент... Стварно се замарате со небитни работи. Ама стварно.
A демек треба сите по калап исти да сте? Немате свој изграден стил? Ајде ќе носат сите штикли ајде и тиии...Зарем мислите дека без штикли не може да изгледате дотерани? Или слично..? Па секаков тип на облекување кој не доликува на тие години ќе изгледа смешно, со гаранција. Исто како сега јас на 26 да се облекувам ко тетка од 40. Затоа уствари сите во државава исто се облекуваат, а искочи нешто модерно актуелно, сите мора инстантно да го купат, без разлика дали им доликува, дали им стои и дали им се допаѓа. Тоа парче инстантно станува супер! Да не бегам од темата, дали е свадба, матура, апсолвентска и за мене најапсурдната - полуматура, однесувајте се според годините, конституцијата, вашиот карактер, и не се замарајте дали ќе се двоите, баш напротив ако сте уникатни - веројатноста да ве заприметат е поголема. Оф, ама навистина не можам да ве сфатам!
Девојчиња од 13-14 години да одат како тетки на штиклици, со кратко сукњиче и огромно деколте е исто како момчиња на истата возраст да се облечат во одело, со кошула, кравата и чевли. Па видете сега дали е смешно или не.