Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полуматура

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Tammie, 11 февруари 2010.

  1. chocolate-girl2

    chocolate-girl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    14
    Абе немојте..ја коа завршив четврто пред 5 години носев вакво фустанче со балетанки.. Фустанчето беше вакво само не светеше толку :lol: и под градите имаше една машна :) Значи сите беа у некоки такви фустани..и коа ме виде братучедка ми ми рече..леле...па ја за полуматура бев у фармерки и кошула.. :lol: А сеа вие..ц.ц.ц
     

    Прикачени фајлови:

  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Само да не е со штикли комбинирано...
    [​IMG][​IMG]
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Краток е да ама многу ми е убав
     

    Прикачени фајлови:

  4. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    и јас да се пофалам си купив фустанче, корсетче црно има црвено коланче и надолу од коланчето е пошироко и долу е црно со бели точкички и си купив + болеро црно е и тоа и има црвена панделка на него.Многу е едноставно и ќе можам да си го носам и во друга прилика тоа ми беше најважно а не да купам и да ми седи во плакарот :D
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Кога ќе ми текне јас колку паника кревав околу полуматурава, ми иде да си мавнам бокс.

    Сега лесно ми е да делам совети како треба и не треба, знам по себе дека мене кога ми ги делеа истиве, не сакав ни да слушнам, најверојатно бев многу занесена од фактот што за прв пат во мојот живот требаше да се облечам посвечено.

    Со парите што ги лупнав за фустанот (го шиев), за балетанките, за накитот и за фризурата (иако беше многу едноставна), мислам дека ќе можев да нахранам тричлено семејство од Етиопија. Ама ете, просто тогашно размислување, фустанот само уште еднаш потоа го облеков (за на свадба), единствено балетанките си ги носам до ден денес, мада и тие претрпеа некои корекции.
    Вечерта си ја поминав преубаво, славевме во една скопска добро позната кафана, музиката беше супер, една од најубавите поминати вечери во мојот живот. Никогаш дефинитивно нема да ја заборавам, исто како што нема да ги прежалам ни парите. :D
    Единствено ми е многу мило што не носев штикли, можев слободно да играм и да одам цела вечер за разлика од моите другарки. На секој кош имаше по некоја седната, со скисната фаца која што го споделуваше истиот проблем со 30 други женски. Е, се ситев по малку морав да признаам. :D

    И Лена, фустанчето ти е прекрасно и ви посакувам на сите убаво да си поминете, гледајте да се изнаиграте и да си ја меморирате вечерта во албумот со најубавите спомени. :*
     
    На angel4e121, L-enna и TeddyS им се допаѓа ова.
  6. Night.Wish

    Night.Wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    33
    И јас да се пофалам дека си купив фустанче. :) Не беше она што јас си го замислував, но сепак е добро. Кремаво е, но ќе го надополнам со црни додатоци. Треба уште сандали да си купам и готово. Ми се допаѓаат вакви некои со ремчиња, слатки ми се.

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На TeddyS му/ѝ се допаѓа ова.
  7. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Покрај фустанчето за прва вечер, денес си купив и тегет болеро, тегет/сиви ниски сандали и едно многу убаво ташничее.
    За втора вечер, веќе имав купено суќна и маица, па си купив крем/сиви сандали и исто така едно сиво ташниче. 8)
     
    На angel4e121 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Имам дилеми околу фризурата. Не сакам да ми биде пуштена бидејќи ќе ми биде топло, а не сакам ниту да ми биде скроз собрана бидејќи ми се малку клемпави ушите. :worried:
    Предлози? :)
     
  9. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Сега ве читам се сеќавам на времето кога јас бев полуматурантка ( пред многу време :lol: ) Ние полуматура салавевме во Охрид мислам дека во хотел Бренд ( мислам дека така се викаше ) и ич не се преотоварувавме како сега вие знам дека првата вечер бев облечена во фармечиња и една мрежеста маичка и сандали на полна пета, а втората вечер поточно главната во тексесна суќничка и една маичка белка и исто во сандали. Девојки не преотоварувајте се уживајте си во годините имате време за до матура.
     
  10. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    зошто не пробаш нешто вакво?ем се покриени ушите ем ептен убаво изгледа. Па на крај краева не се секирај за ушите де големо чудо, најважно е да ти е тебе удобно и да си поминеш убаво! :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  11. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    еве како за твоите години а и ушината нема да ти се гледаат :) се надевам дека ти дадов некоја идеа
     

    Прикачени фајлови:

    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Ајде и јас да се пофалам. :lol:

    Не купив фустан, туку тегет сукња и маичка на тегет риги и доаѓа како фустанче бидејќи сукњата е на висок струк. Си купив и ланче што планирам да го носам, само уште црвена и бела алка да си купам и ќе бидам комплетно опремена.

    Ваквите морнарски комбинации според мене се секогаш модерни, а и голем плус ми е што можам да ги комбинирам маичката и сукњата во одвоени комбинации. :)

    Единствена дилема ми останува косата. Се мислам дали да ја правам во стил wavy hair или да ја пеглам, но ќе видам дента како ќе ми се допаѓа повеќе.
     
  13. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    О, од кога не сум ја посетила темава :wasntme:

    Јас веќе купив фустан (че) и едни сандали на полна пета.

    Инаку,
    ми западна за око дека овде сеуште коментирате за тоа што се носело и колку се славело некогаш и денес.

    Некој ја спомна и четврт матурата.
    Кога завршив четврто одделение си се организиравме нашиот клас (иако само половина дојдоа) и си отидовме на сокче во едно кафуле.
    И, што ?
    Дали треба сега да бидеме осудувани заради тоа ?

    Е, сега да се вратам на полуматурата.

    Како што заклучив, постарите дигаат поголема фама од нас.
    Повеќето осудуваат и ти кажуваат дека тоа не е голема школа, да не се занесуваш ..

    Не знам како е кај вас, ама, ми се чини, на нашата генерација воопшто не и е грижа за тоа како ќе изгледа на полуматура.

    Освен овде, каде се разврза расправија за тие штикли и фустани, никаде не слушнав дека некој нешто посебно се спремал.

    Стварно ми станува досадно од тие муабети за осудување на личности за кои не ни знам.

    Ние ќе одиме на ручек (цела генерација), а и во некој кафич ќе прославиме.
    Шта чеш, самата директорка тоа го предложи.
    И ајде сега, линчувајте зашто ќе се слави два пати.

    Свашта |(
     
    На stewart и Rose96 им се допаѓа ова.
  14. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Јас се мислам за косата вака како на сликата или испеглана и пуштена да ја носам :?:

    Па и јас со другарчињата до 4то славевме четврт матура, во училницата кај што учевме се собравме. Си купивме сок и некои грицки и игравме. Мислам дека бев облечена во тексас сукњичка и маичка 8) и не сум се замарала со таква четврт матура. :!: Ама како што оди времето ќе почнат да слават и забавачињата.

    Wild а нешто вака
    [​IMG]
    http://www.youtube.com/watch?v=3UdJUpz3 ... r_embedded
     

    Прикачени фајлови:

    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  15. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    оваа беше пред долги години паа едвај најдов слика :).... иначе вака бев облечена за полуматурата, косата ми беше извиткана во некој „неправилни“ локни и имав црни Converse стартки... години наназад навистина се чудам колку се дотеруваат за полуматура лала Божее: штикли 15-ка, фустани ко за на свадба, косите праени нз како... скраја и далеку .... така ПОЛУМАТУРАНТКИ, бидете поедноставни и одбирајте гардероба која ќе ви одговара на годините :* :)
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC05559.jpg
      DSC05559.jpg
      Големина на фајлот:
      113 KB
      Прегледи:
      995
  16. Ragazzina

    Ragazzina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    56
    И јас сум годинава полуматурантка и не се замарам како што се замараат моиве врсници со тоа „славље“ |(

    Некои ќе носеле штикли, фустанчиња до п*ч, фризури вакви-онакви и не знам веќе какви не глупости..
    Лично, јас воопшто не сакам штикли да носам. Ко прво, не знам ни да одам на прав пат, а камоли на штикла 15 cm.

    Веќе си купив облека. Не е баш ко мојата замисла што беше, но нешто слично. :)
    Бела рамбовка, напред има некои си монистри распрскани, а позади има извезено со зеленкасти и крем монистри нешто.
    Тексас јакничка-палто, на кратки ракави и на грбот има нешто како чипкано, ептен е типско. :inlove:
    Сукња крем-кафеава, во неколку слоја од чипка.
    Сандали имам дома едни, ми ги даде една братучетка. Она ги нема носено ниту еднаш, а јас еднаш само ги носев, зашто не ми беа точни порано. Тие се како бакарни, има напред едно ремче и горе над глуждот има повеќе тенки испреплетени ремчиња. Ниски се, само имаат мала штикличка (2 цм) и кога одам мислам дека ќе се лизнам..
    Ама ај ќе издржам..

    А во град видов едни сандали од џинс (тексас), многу ми се допаднаа, баш се ко за секој ден. Плус многу се удобни, за мене се петка!
    Па може ќе ги купам и тие да ми бидат како резерва. На полуматура ќе тргнам со моиве, а после со овие за да играм :lol:


    Косата ми е под раменици, значи средна должина. Не знам што да и праам. :|
    Јас сакам да се шишам, да си направам некое интересно фризурче за промена малку. А можеби и да ја соберам некако, ако ми дозволи должината..
     
  17. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Гледам многу не сте се одлучиле за косата сеуште. И јас исто. :tmi:
    Ај помош малце :D Имам доста долга коса, ја носам права и ми здосади таква. :|
     
  18. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    Пак права или извиткај ја некако убаво
    [​IMG]
    Или испеглана со три внатрешни плетенки од едната страна
    [​IMG]
     
    На Avril.09 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    конечно си купив се... :) ок освен накит ама веке знам каков само треба да одам да си го купам..

    фустанот ми е како на преклапање, без прерамки и е темно црвен, а сандалите ми се на плута ама ниска негде околу 5цм и е темно кремаста....ејј мн се изнервирав рамни нема нигде , или се премногу кич и бабински или прескапи...па земав мала плута...за накит ке купам една голема и повеќе мали алки, некои висечки обетки и ако го најдам тој прстенот од аксесорис како машничка што е..а за коса ќе ја истапирам горе и ќе ми биде права а по доле таласаста..па мислам дека ќе биде добро :)
     
  20. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    8.301
    Читам читам и не можам да се изначудам колку се смениле времињата. :?:
    За мојата полуматура воопшто не беше вака. Носев кратки панталончиња, балетанки и маичка на кратки ракави. Цела генерација бевме такви, не велам ептен кежуал, меѓутоа складно со годините. Срамно беше да облечеш штикли на тие години. Да не зборувам за миничи и деколтиња.
    А фризури? Исто. Шминката се состоеше од маскара и сјајче за уста. Евентуално пудра.
    Едно не ми е јасно, се подготвувате исто како за матура, како тогаш ќе ви биде интересно за 4 години? :!:
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.