Муабетов не е спротивен, туку е жива вистина Л-енна Ние од форумов што си збориме, нема да носиме штикли нели? Ама и самата си сведок дека нашите врснички не се како нас и не го делат истото мислење. Тие мислат дека ако не облечат штикли ќе бидат пониска класа или посрамотени.. Кај мене има некои кои што цела година викаа дека нема да носеле штикли, ама сега знам дека сите ќе се качат на 15 цм.
Абе дечки, зошто толку лошо претставите ко демек грев правиш ако носиш штикли. На полуматура мајка ми прв пат облекле штикли што значи не е ништо грев ако носиме. Јас и да се наденам на 15цм не ми би одговарало и не би издржела, а ако некој си сака тоа е негово право. Нема зошто за толку лошо тоа да го земате.
Јас мислев на нас, полуматурантките на форумот ама ето, неубо сте ме сфатиле. Иначе, скоро сите девојки од мојата генерација ќе носат штикли, најчесто на плута, независно висината на штиклата. Некои веќе имаат носено штикли, а некои прв пат ќе носат за полуматурава. За жал многу се тие што мислат така, но грешат. И покрај тоа, неможеме на некого да му кажеме што и како да носи, бидејќи тоа е нивна ствар. Но мислам дека, како и сите други години, ќе има многу кои ќе ги соблечат штиклите и ќе играат боси
Никој не сака да драматизира и никој не вика дека не треба девојчина да носат штикли... Ама размисли добро..8-мо одделение???????? мислам, секој си има право на мислење..мое мислење е тоа дека пред време да си ја расипуваат природната убавина не треба.. Па за тоа и служи форумов, за да се советуваме..Мое конкретно мислење е дека најдобро е да си се држат до годините за да имаат што да покажат за Матура... А сеа кој како си знае така нека си прави..Јас си правев како што си мислев..
Епа да ви кажам дека најубаво си поминав. Прво, додека се сликавме, се грижев за изгледот.. Послее, ма каков фустан играј тамуу.. никој во никого не гледаше, најбитна е забавата. Така да, не си се потресувајте многу како ќе изгледате.
Еј, па тебе ти завршила полуматурата? Мило ми е што ти било убаво. Едвај чекам 9ти да дојдеее Заигравте валцер или танго со партнерот?
Kако сакаш сватиме ама што толку ако сум осмо? Ако носам штикли како цела генерација ќе сум предвреме порасната, оваква, онаква? Не ! Не имај такви предрасуди те молам. Јас ќе сум среќна затоа што можам да излезам со штикли надвор без да изгледам како погореопишаното затоа што на полуматурска за мене е нормално. Сега, секој си е посебен, може некому не му одговара или пак не му се совпаѓа, но не бегајте од реалноста како тоа да е осмо чудо и прв пат слушате. :geek:
Преееубав помин Првиот половина час се замаравме „Леле, види ја онаа како е облечена“, „Ај сликај ме со оној“ итн. После пола девојчиња беа боси (не ми беше јасно зашто облекле штикли ако не можат да издржат цела вечер на нив, ама ајде), сите бевме испотени, во косите како мрднати... Никој не обрнуваше внимание на облеката по сите тие сликања, така да на тие што допрва ќе прават полуматура - не се замарајте многу-многу. И да, убаво да си поминете.
Ајде нека дојде конечно вторникк одвај чекам се ми е спремно си купив друго фустанче да ви се пофалами си купив многу слатки балетанчиња среда ќе имате слика ќе постирам да ме видите ајде и вие што поминавте да ве видиме ако може
Па јас уште не сум спремнааа Треба нешто бижутерија да најдам, алки и такви ствари за сите вечери. Ии за 3та, уште некоја маичка ми остана да си најдам. Сепак, сакам четвртоков побрзо да дојде Од вас, на кои ви помина полуматурата, чекаме импресии и секако слики, да ве видиме
денес бев да си купам , битно конверс купив па сеа.. и симпатична кошулка розевка со црно , фармерчиња треба да си купам , ваљда имам време.. и една рамбовка црна , па уште една блузичка за 2-ра вечер и тип топ сум
И јас ќе славам полуматура во вторник. Иначе јас си шиев панталончиња, една маичка на прерамки со реси на предниот горен дел, и наметка. За доле земав балетанки на плута 6ка.. Си земав една ташничка само некако малце ми е џиџана, па ќе видам. Иначе си земав и алка и менѓушки, ланче нема да ми стои со маичата, а и не сакам многу многу да се џиџам. И тоа од прилика.
Да ви се пофалам и јас дека си купив тексас фустанче, така прилепено за мене со кратки ракави или полукратки. За на нозе ке носам обувки кои се на висока плута, однапред се отворени и се цветна машничка се, многу ми се допаѓаат. Ми остана уште каифче за фустанчето и накит односно алки, само се мислам дали да носам и обетки, ако носам нема сигурно да бидат од висечките обетки. Косата.. хм косата.. и за неа немам ништо во план, ама има време до петок да се стокмам. И со душа ја чекам таа полуматура Ке ви пишам како сум си поминала.
Епа извини тогаш. Гледаш дека е кај тебе истата ситуација? Да, секој си има право на свој вкус, ама овие па претеруваат. Според мене, навистина е рано за штикли и такви на плута. Брзаат да пораснат и да бидат теткици, тоа ми беше поентата. А тоа соблакање на штикли, кондури и сандали, ми е толку проста и сељачка работа, не можам да ти опишам.
Читам и сите ќе слват во вторник или среда, а ние во четврток :roll: Тие што сте завршиле ставете слики да ве видиме, од мене имате слика во петок
http://www.youtube.com/watch?v=Kg-RDj2WlEs Искрено не верував дека ќе плачам, едвај чекав да си отидам од тие деца и наставници. Али кога ја пуштив песнава, кога вриснав. Сега несакам ни полуматура, сакам уште една година барем. Малце офф-топик.
И јас годинава сум полуматурантка и едвај чекам да дојде тој ден. Имам слатко фустанче сиво со розеви цветчиња и сиви сандали со потпетици. Фризурата ке ми биде некако фатена и едноставна. (Што се однесува до штикли немам ништо против за на полуматура ама секој си има свое мислење )
Оваа песна ке ни ја свиреле на крај Едвај чекам да дојде четврток и цела генарација последен пат заедно.