Прекрасно си поминавме, бевме сложна генерација и сите многу ќе ми фалат )) Во глобала немаше големи претеризми освен неколку исклучоци. Во врска со штиклите, кој сака носи. Така и јас, сакав и носев и не ми е криво, еве слики од прва и втора вечер, ако некој ме познае ве молам ЛП
еве ме и мене, да не останам покуса хаха. Се надевам ви се допаѓа п.с иако цела вечер бев со балетанки хаха
Гледам низ темава... гледам полуматуранки? (мислам, секоја чест на исклучоците.) ... и си мислам, ние бевме затуцанки троа, али овие ептен напредни? Веарс д проблем? Ајде да не ви кажувам како бев облечена за полуматура. Ама тоа е, изгледа други времиња биле. Изгледа сум остарела па едноставно некои работи ми се неприфатливи....
Ми помина и мене полуматурата, си поминав убаво. Прво тоа да го кажам и сега кога ве гледам во штикли се прашувам како сте можеле да одите, а не па да играте .. Сакам штикли, но да гледам на некоја друга нога, но не и јас да носам. Јас со моине балетанчиња рамни до земјана едвај се движев, туку нема врска тоа. Мислам дека ако јас не можам да ги носам и никој друг не може. Мене ми е тоа премногу. Јас изгледа ќе сум од постарата генерација. Кога гледам слики низ социјалниве мрежи си прашувам јас кога славев полуматура? Изгледа нашата населба онака по забутана и сите се малку со застарени сфаќања. Туку зборот ми беше дека не може сега да се препознаат полуматурантка и матурантка. Би ставила слика, но ќе биде избришана. Но што ќе ставам слики кога знаете. Абе тоа важно убаво да си поминете, па сега штикли, балетанки, фустани, пижами, не е важно. Линн1 јас те познав.
Облеката на девојчињата коишто ставиле слики ми се допаѓа. Не сте морале штикли да носите, постојат и други обувки. Ама ајде знаеме дека сме досадни веќе ние заостанатите што трубиме цело време да не се носат штикли, вие напредните си знаете, „големи“ сте.. Јас не сакам да ставам слики, затоа што се плашам дека ќе ме препознаат.
Aurelia-Aurita изборот на облека е супер. Ама изборот на штикли....Не ме сфаќај погрешно, чевлите си се во ред. Ама тоа фустанче со цветови, што делува толку лелеаво, кежуал и слатко, не си морала да го надополниш со штикли. Го згрубуваат изгледот. За втората вечер ми се допаѓа смелата комбинација, изборот на боите. love.edward само ќе ти кажам дека вака облечени имаше на мојата матура. Чевлите се преубави! Linn1 и ваква комбинација имав на матура. Црвени сатенски чевли и чанта, не се баш мои фаворити, ама добро си ги искомбинирала. Се на се девојчиња, морам да ви кажам браво за изборот. И за тоа што изгледате како да имате по 20 години. Изгледа ептен брзо се менуваат времињата, стандардот и вкусовите.
Женски, ми се допаѓа како сте комбинирале се' е тип топ средено, ама штикли за полуматура? Извинете, ама не ме додржа срце да не прокоментирам. Зошто на штикли бе деца? Не ве берат едноставни, убави балетанчиња,римјанки или евентуално сандалки на плута? Носењето штикли на 14 години нема да ве направи позрели. Напротив, во околината може да бидете и поинаку сфатени. И знам дека ова е клише, многу тупиме на форумов за (не)носењето штикли на полуматура, ама не е со лоши намери, верувајте. Ај, да не ставам слики како бев облечена јас за фамозната полуматура. И,да се согласувам со старфиш
Л е л е Женски , по вашиве слики јас забележав супер комбинации , не баш како за полуматурантки , ама добро , кој како си сакал си се облекол , а јас мислам дека сум (во споредба со вас) сосем демоде и преобично облечена али however , најубаво , најудобно ми беше и не се замарам со такви работи , али стварно ви се добри комбинациите
Ајде тетки, оставете ги девојчињата да носат штикли. Такво ни е времето, границите за нормала се подолу и подолу се спуштаат, чак и оние за секс, па никому ништо. Во мое време максимум висина на штикла беше 5 цм, сега кој не би сакал 10+ цм? Малолетни биле, па што? Ако веќе заглавуваме во тие дамнешни времиња, мене комбинацииве што ги постираа девојчињава воопшто не ми се допаѓаат. Според мене најдобро би било Ама за малку поформално вакви влечки ___ Сериозно, нека носат. Мали биле. Мали се за алкохол. Мали се за цигари. Мали се за дрога. Мали се за во дискотека. Мали се за да имаат излез после 11 часот. ... Мали биле за штикли??? Еgh...
Само не ми е јасно зашто да не штикли? Нели се тие чевли како и сите други? Лол. Нема врска, кој што сака нека си носи. И јас не би носела по улица, али на полуматура зашто да не. Ко на вас да не ви било мерак.
Јас за полуматурата си носев фармерки, маиче и балетанчина. Сите ме гледаа како да сум марсовец Ама, барем одев нормално и не ги слекував чевлите за да можам да играм. А, сега кај што гледам слики па јас сеуште не сум облекла онолку високи штикли.
Кој што сака нека носи, али ја искрено немам мерак. Искрено јас многу сакам на плута височки, ама штикли нема шанси. (можеби не е и некоја разлика али ипак..)
Кога ги разгледував комбинациите на некои полуматурантки си помислив дека се матурантки. Некои од фустаните што ги видов воопшто не прилегаат за 14 год. девојчиња., а воедно и штиклите придонесуваат да изгледаат постаро. Сите се вадат на тоа дека сите биле на штикли па морале и тие. Оваа година и јас славев полуматура и од цела генерација имаше само 2-3 девојчиња кои беа на полна пета, па кога играа не можеа да издржат више и играа боси. И што сега ако не бевме на штикли не значи дека бевме убави и дека супер си поминавме ? Не ви се потребни штикли ако сакате да бидете убави и модерни. Потребно е само да имате добар вкус. Со штиклите(10,12 цм) единствено што постигнувате е да изгледате како тетки, а тоа е одраз на тоа дека сакате пребрзо да пораснете. Кој сака нека се противи ама така е.
Исто и јас за полуматура носев фармерки Левис и туника Стела МеКартни со цветцнја и долу носев патики старќи бели со цветчинја и сите ме гледаја многу чудно,а за втората вечер носев цветен фустан од Зара со Мартинки црвени до под колена..а за штикли мислам одвратно е на 14-15 години да носиш штикли едвај одат на балетанки па ставиле штикли 12-.- Како сакате сватетеме но мене не убаво ми изгледа мали девојчиња на штикли
Ние за полуматура се договоривме сите да носеме стартки конверс и фамерки и така идевме скоро сите женски. Се разбира имаше исклучоци
Не е така баш и не изгледав ко тетка а носев 10 цм штикла и не се до штиклите туку до фустанот е највише И плус цела вечер бев на штикли не ме болеа баш нозете.. така малце
Девојки сите сте биле супер. Но некако мене ми е премногу за полуматуранти- штикли, пунџи, нападни шминки, но изгледа времињата ептен се менуваат. Не дека јас нешто оддамна бев на вашето, ама кај нас штикли немаше, бевме премногу скромни. Имаше по некоја тетка , не дека не, ама неколку. Еве јас да ви кажам бев во бело фустанче- онако спортско на прерамки и балентанчиња скрос ниски црвени и некоја црвена ташна. Таа година сите бевме бело-црвено бидејќи двете бои беа на мода. Се надевам дека убаво сте си поминале и сте се запишале таму каде што сакавте.