Баш ми се свиѓа ова последното...Јас сум догодин полуматуранка и мислам да носам некоја блуза сукничка и некој сандалки...што мислите вие за тоа
па не би ти препорачала блуза и сукничка..одамна им измина модата..сега 95% од полуматурантките носат фустанчиња, некои посвечени некои по обични ама сукња или блуза? ноуу
Па добро ама немам некое посебно фустанче кое би сакала да го носам...Предлози?..Само да не биде премногу свечено...
Ќе ти кажам кои мене ми прават мерак. Спојлер Второто и четвртото. Некои од овие. Со некој каиш. Првото. Првото.
денес ептен децава се занимаваат со таа полуматура, особено девојчињата. Се облекуваат исто како матуранки, штикли, шминка , фризури, фустани. Инаку и јас кога бев мауранка, само во едно нешто претерав, фустанот. Свечен беше, на свадба само еднаш го облеков и сега седе во шкафовите. Сега да бев вакво нешто би си купила
Се согласувам со Ани, штикли не, претерување со шминки исто така не. Бидете природни пред се. Одберете фустанчиња во склад со годините, не да изгледате како жени
Помина и мојата полуматура. За една пуста вечер цела година се замаравме, што тек сега разбирам дека не вредело толку. Како и да е убаво си поминавме, се изнаигравме. За облеките и штиклите (што набрзина беа соблечени) не зборувам, убаво е објаснето во погорните коментари.
Јас оваа година бев полуматурантка. Кој и да го прашате никој нема да памти кој како бил облечен, туку ќе кажат како си поминале. Инаку јас бев облечена во темно сино фустанче со бели точки и бело болеро. Косата ми беше испеглана, а шминката најобична. Малку пудра на подочниците (многу ми се познаваат ) и маскара. Бев најобично облечена, за разлика од некои други кои што личеа на матирантки
И јас оваа година бев полуматурантка.Носев цветно фустанче.Но но не беше многу свечено,ни секојдневно,средно беше складно како за полуматура.(според мене)на нозе носев ниски сандалчиња.косата ми беше извиткана на преса.а за шминка бев на шминкер но не беше од оние што наплаќаат над 700 денари и имав само пудра и маскара и малку сенка која и не ми се познаваше многу. па оценете вие како изгледав дали на полуматурантка или матурантка?
ееех што не ќе најдеш на фејсбук... коментар ќе може ли ?? да не се разбереме погрешно не сум јас на слика,а ни ги познавам типкиве.
Преслатко фустанче, баш ко за полуматурантки. Според мене. со некои гладијаторки сива боја, или со некои убавки сандалки на плута (нели сега, имаме напредни полуматурантки, а и на фустанчево убаво би стоеле)
Оваа година ќе бидам полуматурантка. Несакам да изгледам премногу возрасно со штикли, сатенски фустани...Сепак ќе завршам 8 одд. Со 14-15 години на полуматурантките не им личи таквата облека.Одлучив дека на нозете ќе имам старки, кои ќе одговараат со фустанчето. Сакам нешто вакво: Тие што се поедноставни и кој одговараат на годините на една тинејџерка.
Сега ќе ви кажам што ми прави мерак. Фустани: Без тоа пердувите доле. За на нозе балетанки ич не ми се носат, сандали можда, старки па ич па, и така не сум нешто голем љубител, абе мерак ми е на штикла да се качам ама земајќи ја во предвид рамнотежата моја нема шанси можда нешто да искршам по пат , затоа овие на плута ми се идеално решение. Многу се слатки.
Да, да. Море, јас сакам и на некои штикли да се истопорам. Добро де, нема на некои 10ка. Некои поприлагодени за наша возраст. Иначе, јас не се сомневам во рамнотежата. Абе, озбилно, имам едни чизми на штикла околу 5-6 цм. (од братучетките ми се , ми ги дадоа, на нив им биле мали) и јас низ дома мерак си правам со нив. За да одам надвор со штикли - срам ми е. Ама, низ дома си се фрцкам.
Ауу за полуматура беа теткици до теткици...јас само им застанав пред нив и во лице им се изнасмеав...и баш во тој момент минеше класната и јас намерно погласно и викам: Ги гледате ли теткиве? Колку само беа загрефче па фризури со златни алки,некои бабински фризури,во лицето како вампирки со пренападна шминка,а фустанчињата им беа ко на апсолвентки Штиклите 12-15 цм, одат и мислиш ке се раскостат во секој момент...јас носев летни чизмички високи 5 цм и таман ми беше Инаку еве мои предлози :