E , aj сега јас да ви кажам Овие работи што ги постирате на слики се многу убави,многу се радувам што ви се допаѓаат вакви работи. :up: Сепак let's face it..во Македонија можеш да најдеш одреден број на убави работи.Овие што вие си ги имате замислено , ги нема. Знам , сум ги поминала овие работи пред скоро време, сите сакавме да изгледаме уникатно, секој на свој начин. Но кога разгледав по продавници, што како има ... Значи, во Македонија се носи таква облека за продавање,каква што е во мода,и ништо друго. 90% од продавниците во градовите јас што ги прошетав, Спојлер исклучок:Скопје,Гостивар,Куманово,и југоисточниве градови. донеле тоа што мислат дека е во мода, нели.. овие морнарските фустанчиња, цветни многу малце видов,ташнички со циркони и незнам што,фустанчиња со висок струк,и штикли со платформа, и се наоѓаше по некоја римјанка (повеќето на платформа).. Толку да се немало бре, уникатна продавница, каде што човек може да си избере според стилот..., не значи дека сите сакаме морнарски аутфит, или пак циклама розев фустан со циркончиња. И верувале или не .. ми се чини имав постирано во темава :? , најобичната кошулка што ја најдов и црни фармерки си ги купив. И најбитните .. converse патичиња.Додека сите се жалеа од високите штикли што му правеа плускавци на нозете и ги стегаа.. јас зјапав во моите патичиња и сакав дури да си ги бакнам!
Има време, не се сеќирајте. Јас во 5 до 12 се решив. Прво, видов пример од интернет, и бев решена, така да се облечам. Ама на крај ми се засвиѓа нешто скроз трето. Само моја препорака ви е, што поедноставно, толку по убаво. А сепак, нешто уникатно. Комплицирано, а уствари толку едноставно. х) Има убави предлози, низ предходните страници.
Ко бев полуматурантка пред 3 и пол години сите се изпозанесивме вакви такви, вервајте дека то не е голема работа како шо си замислувате сите.. И јас се притресвав ваква таква ќе бидам..после сфатив дека џабе било се..фризури шминка незнам ни то шоо.. Сега да сум едно фустанче, римјанчиња..косата пеглана и ништо друго, се е дур да влезиш в кафана, после никој не те гледа ни шо фустан носиш, ни шминкан дали си бил.. Битно е само да си поминиш убо..То е моето мислење
Пред две години бев полу матурантка Сите бараа некој фустанчиња ко за на матура,а јас сакав нешто едноставно. Цел град го завртив и немаше стил кој не го пробав. На крајот си најдов едно обично фустанче од 800ден. Тегет со бели линии,некој морнарски стил(ама тогаш не беше излезен во мода кај нас) и беше целосно залепено за телото. Пошто мама кажа нема штикли,си го комбинирав со ниски сандалчина со ремчина во тегет,бела и црвена боја. И чантата ми беше во истите бои како сандалките. Знам дека носев и алки,бела и црвена и обични црвени обетчина. Беше едноставно,ама многу убаво. А плус и никој не беше облечен во тој стил
Јас сум оваа година полуматурантка и кога ќе ми текне ми се плаче. Не сум женствена ама ич, не сакам фустани, штикли и сега незнам што да права, напредна генерација сите на штикли ќе бидат качени и у фустанчиња, моиве другарки секогаш ми викаат дека треба да бидам по женствена ама не бе, како што вика татко ми направив фудбалер нема шанси јас да облечам фустан. Па ве молам помогнете знам дека има многу време до полуматура ама став ме фаќа!!! Да се наоѓав во некое друго школо или друштво ич немаше да се замарам ама тоа е, никогаш не сум се истакнувала пред другите и многу ми е глупаво ова се, искрено им завидувам на машките ич не му ја мислат, се надевам ме разбирате и дај помогнете кажете ми некој предлог!!!!
Јас за полуматурата носев црн фустан со бели цветчиња и бели штикли(не многу високи) Ако не сакаш да носиш фустан можеш да носиш кратки панталони и некоја кошула. Една другарка носеше црни шорцеви, сина кошула и сини штикли.
Иако сеуште не сум полуматурантнка,јас вака би сакала да изгледам на полуматура: Спојлер Цветно фустанче,шеширче,тенко џемперче и балетанки или сандали.perfect
И јас годинава сум полуматурантка и се согласувам дека не треба нешто премногу накитено .. Но сепак мислам дека малку се претерува во врска со штиклите. Зошто не штикли? Океј не мора баш 12, ама некои така понормални штиклички ми се сосема во ред .. А што се однесува до облеката само бидете свои и носете си нешто што е ваш стил и во што ќе се чувствувате удобно. По неколку години дали ќе сакате да се сеќвате на полуматурата по тоа колку убаво сте си поминале или по тоа колку неудобно сте се чувствувале во превисоките штикли или тесното фустанче?
Високи се бре, девојчулиња! Не ви солам памет, да се разбереме! Само си го искажувам мислењето, да не дојде после, а у, и беспотребни цитирања! Потполно ве разбирам, и јас бев во истиот филм пред точно 4 години и само Господ знае колку војни водев со мајка ми бидејќи нели, ми забрани да носам високи штикли, вклучувајќи ги и оние на плута. На крај носев нешто у стилот на балетанка ама на плута од 3-4 сантиметри. Е сега овие што ги имаш постирано и оние наа претходните страници се превисоки, ко за полуматура, најискрено јас вакви на матура оваа година планирам да си носам. Кога би била плутата на пола од оваа, би биле баш совршени ко за едно девојче од 13/14 години. Ем ќе ви биде удобно, ем нема да имате нагони на соблекување на обувките после два саати носење. Исто штикла - 5 сантиметри максимум! Тотално невкусно е од страна кога се гледа, а впрочем, ќе видите и вие по некоја година кога че ги гледате самите слики. Што им фали на пример на овие? Не мора да се опнете во екстра високи плутани или уатевр штикли за да бидете привлечни, мислам please.
Јас мислев дека се убави во однос на самиот модел, како изгледаат, а не кажав нешто во однос на висината на плутата. Може и некоја слатка комбинација како на сликава: - овие рамни сандалки се добри. Море, повеќе од добри! може и нешто вакво - ем не се рамни, а ем убави.
Јас оваа година сум полуматурантка и прашањето "Што ќе носам на полуматура?" си го поставувам веќе доло време. Секако сакам да изгледам убаво, но не и премногу накитено или теткински. Сакам да носам штикли (секако не превисоки), но и си мислам на тоа дали ќе ми биде удобно. Скоро сите другарки од одделение планираат да носат штикли и тоа 10ка. Ајде вие ако може помогнете ми што да изберам? Некоја убава комбинација која ќе ми личи на годините.
јас не сум против тоа полуматуранките да носат 10штикла се додека се тоа некои откачени сандали во боја -само да не се класични -бабински-теткасти има за вас многу гардероба и трба да бидете само креативни и да ја пуштите вашата имагинација искрено јас несакам да ве гледам цели во црна или бела комбинација, класични панталони и кошули или елегантни и долги фустани кога сега има толку многу бои и толку многу луди работи кои само вие можете да ги носите а ние постарите ви завидуваме на младоста и на стегнатото тело без многу мака стекнато еве една комбинација која јас мислам дека е идеална за оваа прилика која би ја носела во комбинација со ова со ова со ова
Абе женски, убаво си замисливте вие на какви штикли или плути сакате да се качите, ама кога ќе излезете во шопинг тешко дека ќе најдете. Зборувам од лично искуство: се е или превисоко, или рамно. Не сакам да ви кршам филмови и сл. ама размислувајте реално. Подобро да си одбрете нешто од нашите продавници отколку да се замислувате во комбинации од Гугл. Освен ако не планирате за полуматурскиот шопинг да одите во Њу Јорк.
Хехе, да, знам, и јас сум свесна за тоа. Така да, најдобро ќе биде во Мај да си отидам на шопинг во ГТЦ, Рамстор, Веро или кај и да е и на лице место да си изберам.
ве молам да ми кажете некој стил за полуматура бидејки ми остана усте малку време а јас сеуште немам одлучено што ке носам ве моламмм сакам да се облечам некако што ке е различно од сите ве молам да ми помогнете..побарзо