Мене многу ми се допаѓа фустначево и сакам вакво да носам на плуматура. Да не сте виделе негде вакво или слично?
Да да, баш и тоа сакав ама ме страв баш да експериментирам посебно за вакви работи, па со вас да се консултирам прво.
Абре ич незнам кај го видов вакво нешто слично но не беше фустанче . Беше како корсет со сукња и коланче на половината. И на изглед беше како фустанче, нешто слично ко на сликава....
ја обожавм темата ги гледам фустанчинјата за сите прилики и супер се јас особно сакам многу штикли за полуматурска тогаш девојчинјата се толку поносни на себе кога ке ги облечат првите штикли и таа радост вреди познат осечај
дали би можела да го искомбинирам ова фустанче,само малце по светло да е(кремасто.),со црна лента.и црни салонки ,црно-крем ташниче(сакам да е со чипка...) како ви се допаѓа?
За вакви КИЧ фустани имате време кога да ги носите... експрериментирајте малку со облеката. во вакви фустани ќе бидат облечени сите од вашата генерација, зошто да не бидете поразлични од другите т.е. уникатни таа вечер? ex:
Многу се свечени фустаниве,не се за полуматура,ама како си сакаш.Тој што ти е предпоследниот братучеда ми ист таков носеше за нејзината веридба,значи нема смисла Онлигрл Фустанчево е слатко,да знаеш вакво да си носиш ти препорачувам
А за ова што мислите? Ако на некој му се свиѓа може да го најде во Мангото. Јас ако носам нешто слично на ова, би го носела со балетанки со иста боја како горниот светликав дел на фустанчево. И такви обетки . Баш е интересно, немора да носам штикла 12ка и мега длабоко деколте...
Јас оваа година сум полуматурантка и ич не се замарам за тоа јаката работа ПОЛSМАТУРА една вечер и толку планирам да носам фармерки,маица некоја интересна црни старки некој накит интересен и ташничка мала пошто во предвид имам тоа што ќе го купам да можам да го носам и понатаму а не само еднаш
Јас па би ви рекла да се дотерате и да уживате во вечерта Сатени,шљокици,пунџи,косата во сарми,не.Облечете фустанче,балетанки,сандали,на плута/рамни,било какви Поминете си најубаво,мене баш ми е слатко тоа замарање пред полуматура,што ќе носиш,ова она,сепак е последна вечер со цела генерација и вообичаено никогаш пак нема да се соберете сите..Се договаравме и ние,демек бевме сложни,ама ништо не испадна.. И веќе клише е она,ма не се замарам јас за полуматура,ни за матура..Не е срамота ако се дотерате,ќе бидете полни со самодоверба Во мојата генерација немаше баш некои утки,сите ми беа убави на свој начин Еве ме и мене,ја имам веќе ставено во модни критики,ама еве пак и тука Инаку носам рамбовка и сукња,ташна и сандалки
Ако идеш ваква според мене најубава ќе си! Значи со се марама со си се... И на нозе старки ниски под глужд
Значи, несакам да сум во старки или спортски облечена...Сакам да биде оригинално, ем свечено за таква пригода, ем така пообично ко за моја возраст...Значи старки, чорапи до средина на ногата, се аут...
видов многу фустанчиња со разголено деколте,но,јас немам големи ц*цки па ако можете да постирате слики со затворено фустанче мислам дека ме разбравте ?
девојки..се ближи полуматурската..незнам што да носам..помагајте... и кажете ми некоја фризрура и за таблото и за полуматурската вечер...ќе ми биде виткана и нешо плетенка..кажете предлог :/
Фризура за на табло: Изми ја косата исуши ја и така си ја носи пуштена, ако имаш подолги шишки собери си ги со мала шнолка.