Девојки јас годинава сум полуматурантка и планирам да носам некои куси пантолони, еднобојна блуза со некои синџирчиња и некое спортско сако со старки. Дали би било добро?
И јас исто така годинава сум полуматурантка. Важно ми е што ќе носам, секако, бидејќи сакам да се покажам во најдобро светло. Сепак ова е последна вечер со цела генерација. Планирам да носам некое фустанче или блуза со сукња и сандали/балетанки. А за алманах, само ќе ја испеглам косата или пак ќе си сплетам плетенка-венче.
Јас пак не сум девојче кое би носело старки за полуматура. Ама сепак, која сака - слободно нека носи, ми се чини интересно. За табло (и алманах) не сакам фризури и натрупани шминки. Може нешто, ама минимално. А за облека.. Немам појма. Првата вечер некое фустанче (ама не шијам, оти сум таква што може после да не ми се допадне како ми стои, а не ни течат пари дома, па да го оставам и да купувам или шијам друго), некои сандалки (ваљда полна пета, не знам.. има време). За втора вечер сакам некои кратки панталонки, сако, маичка (за да не изгледам ептен формално). Тука се слави и трета вечер, ама онака, се збираме кај сакаме.. Можеби едно парче само ќе купам, ќе видам како ќе стигнат парите. И плус некои алкички, ташничка. Е сега, испланирав, ама што ќе остварам - немам појма. Како и да е, за цел месец и половина (или два) ќе пишам што сум купила. Спојлер
Јас планирам да бидам едноставно облечена.Сакам со некое фустанче со цветен принт да е нежно а не некоја драџ боја. Штикли нема шанси, со балетанки ќе бидам.А може да облечам и фармерки со некоја блуза и сако а за нозете незнам со штикли тоа највеќе оди али ич не ми се облекува штикли..
мене ми се допаѓа, само ако сакаш да си ставиш некој каиш во некоја посветла боја за да не бидеш цела во црна, и да исто така впечатлива боја на ташна и чевли.
Сега никој нема да биде во штикли, а во јуни ги гледаш сите пораснале 10/12/15 цм. Другарка моја од клас на роденденот беше во штиклите (розово и сино) кои Старфиш ги нашла во аванти и се двоумеше да ги купи, зашто имаше и едни црвени кои и се допаднале. А за полуматура да не правиме муабет.. Една друга другарка вика „јас на излегување одам со штикли, а не пак на полуматурската“ .. Тоа е. Добро, можеби ние струмичани сме тука со друго размислување. Девојчиња во рамно ќе видиш максимум 5 од цела генерација. Или ако евентуално некој си носи сандали во случај да не треба бос да игра. Сите се натокмени, нашминкани, скоцкани.. И баш со мајка ми правев муабет за високо (полна пета, штикли). Ако се одлучам за штикли нема шанси да најдам некои ниски, сега сите се со платформа и високи. Ваљда полна пета. Ма, не знам, има време. Па што, и мајка ми облекла полна пета прв пат полна пета во осмо, од агро-кожа (некој тогашен дуќан) и тоа не за полуматура, зашто таа година решиле да ја укинат, а следната пак ја воведеле. А тоа било отрпилика пред 35 години.. И повеќе. Сите уште сега шијат, купуват... Ама, ако си купел од тука, Грција или Бугарија си бил испод ниво. Е ај, у Милано ќе одам јас на шопинг, ако и таму не најдам одам во Барселона.. Ма ајде. Од тука ќе си купам. И што ако некој има ист? Пеза ќе сум била.. Пф. Има различни начини на комбинирање и голема разлика во тоа како му одговара еден фустан на различно тело. Така да, не се ни замарам. Што ќе ми се допадне - ќе купам. Ако мене ми се допадне, не мора на сите. Побогу, секој со својот вкус..
БиЈу облечи си како што ти ќе се осеќаш најубаво,ич да не ти е гајле што мислат другите.Мислам,под ова не подразбирам или одобрувам некој минич залепен и деколте и штикла 15ка,туку нормално нешто,денски Штикли можиш да облечиш ако имаш ќеф,и многу ми е глупаво кога овде читам како ги напаѓаат девојчињата кои сакаат да носат штикли за полуматура,а читам во темата "Kога се запознавте со штиклите?" повеќето на оваа возраст облекле прв пат.А овде осудуваат. Јас лани носев денско фустанче - беше со кремаст корсет,и од под градите надолу со фарбели,цветно,разлетано Ептен беше обично,си го изнаносив летото.Имав и неклку алки на рака - кремасто-кафеави,и сандалки на платформа - 8 сантими мислам дека беа,и плик ташничка мала ептен Сандалките ги облеков и на другарската и толку засега,на свадба можи летово пак ќе ги носам Не се секирајте полуматурантки,за џабе толкав стрес - и тоа ќе помине,а најмногу во сеќавање остануваат спомените од проводот отколку кој како е облечен И ние ич не бевме сложни,па последните месеци ептен се зближивме сите и им побаравме екскурзија дури ,и на крајот сите плачевме Избегав амлце од темата ама ако Едит : aко планирате да играте повеќе ставете си на платформа сандалки,оти сите што носеа штикли лани ги извадија Мислам како сакате - некои издржаа цел ден.
Па, имам мерак за нешто високо, ама умерено и нормално. И да, нема да облечам нешто за другите да не ми се смејат, или сл. Ќе го облечам зашто јас сакам. Да се поштедиме од правдања демек сите ќе се во штикли/полна пета па ајде и јас.. И онака кога си размислувам за коса, вакво нешто сакам: Спојлер или само со поубаво оформени бранови (со маша се прави тоа, барем тука така го викаат). А сега што се сите фустани се за матурантки, после Велигден, накај мај ќе почнат да носат летна гардероба и за полуматурантки. Така да, сметам дека има уште време. Мацуш, фала за советот. Спојлер п.с. http://www.youtube.com/watch?v=LzpMO-vI ... ure=relmfu
Што знам, првото е убавко. Бев лани полуматурантка. Можам да кажам дека ја претеруваат децата. Не е тоа којзнае колку голема работа, па шиење, штикли од 15 цм, на главата некои ѕинѕурки... Јас бев со пантоломи , постирав слика. Но имаше девојчиња кои навистина ми оставија впечаток за полуматурантки, средено, типично за годините, а сепак слатко. Еве од мене идеи за фустанчиња : За на нозе, можете да носите балетанчиња. Значи нема ништо срамно да се појавиш со балетанки, мада сега не е баш убаво сфатено. Можеш со полна пета, или некои сандалки. За полежерни фустанчиња викам. Ако сакаш да одиш со балетанчиња, оди. Никој ништо не ти може, носиш што сакаш. Нема никакви ограничувања. Секогаш оди со став, како ти да си на врвот, сите те гледаат. Самоуверена, немој да речат - Види ја со балетанки, и ти шпринт дома да земеш штикли. Нека викаат, они ќе се жалат за нозете после, нема ти.. Друго правило за полуматура. Ако видиш некоја со исто фустанче како твоето, иста чанта, чевлии .. Немој да се караш, секогаш викај си ,, Мене ми стои поубаво " . Децата купуваат од различни места, ќе се погоди некое како твоето. Немој да ја изгубиш самодовербата. Трето, за полуматура можеш и со пантоломи, суќна, куси, кошула, да одиш. Комбинирај. Не вели ,, Сакам како нејзе да бидам облечена" , викај ,, Сакам да сум единствена вака " Биди оригинална..
Имам 15 години и годинава сум полуматурантка..сите дигаат прашина околу тоа ама јас не се замарам многу..за носење размислувам да носам шорцеви и одозгоре некоја блузичка а на нозете балетанки..само кога им кажав на овие девојчиња од мое одделение што ќе носам ми се изнасмеаа во фаца..што мислите срамота е да се отиде во шорцеви..?