Девојќи јас сега сум осмо и планирав прво да шијам, али мајка ми ми викаше каде ќе најдеме добар шнајдер, па материјалот, па можда нема да ти се погоди и.т.н. па се решив ќе си купам, а фустанче што око ми фати е едно црне фустанче со розев цветен принт, без прерамки, горе како корсет, а доле со тул под сукњата или мрежичка. Можеби сте го виделе, го има во New Yorker, ама тоа е проблемот, сите можат да го имаат Ако сте го виделе, мислите дека е погоден а полуматура?
^ Moжеби, значи можеби ќе го има уште некоја, ама сепак нема да ви стои исто на сите, нели? А и нема сите исто да го комбинирате. Мој совет - ако ти се допаѓа, земај го и ич немој да се секираш дали некоја друга ќе го има. Пробај си, ако ти се допаѓа како ти стои ич да не се мислиш. Е сега, јас го немам видено фустанот, ама кога ќе одиш да го пробаш мамичка обавезно со тебе и ќе ти каже дали ќе ти биде погоден за полуматура, плус мајките се секогаш искрени, така да и да не ти стои ќе ти каже и нема да проба да те убедува да го купиш.
Да да дефинитвно со мама! Без неа никаде, ако одам со другарки, леле лелее полуматура омгг не ми се веруваа многу убави фустани, види овој види оној хаха И на крај нема да си купам фустан него нешто трето
Искрено јас да сум на твое место и ако ми се допаѓа фустанот веднаш би си го купила бидејќи при крајот на мај сите ќе купуваат и многу девојчиња ќе имаат исти. А за шиењето воопшто не се исплати и 100пати е поисплатлива варијанта да си купиш фустан одколку да го шиеш па да не ти се допадне како ти стои или пак како испаднал. И една порака за сите полуматуранти БИДЕТЕ СВОИ И НЕМОЈТЕ ДА ГЛЕДАТЕ ТРЕНДОВИ..ОВА СЕ НОСИ, ОНА СЕ НОСИ, АМА ОНА ИМА ИСТ ФУСТАН КАКО МЕНЕ..НЕМОЈТЕ ДА ГЛЕДАТЕ ТОА БИДЕТЕ СВОИ И НАЈДОБРО ЌЕ СЕ ЧУВСТВУВАТЕ е заборавив да кажам дека не треба многу да се китите, па на штикла 15цм. зошто да не облечете некои балетанки, римјанки па можам да кажам и старки или пак патики. Јас не би сакала кога ке бидам возрасна да видам некое девојче од одделение па да не го познаам од толку што се нашминкала од премногу светкавите или пак разголените фустани. BE YOURSELF!
Нема ништо срамно со шорцеви. Можеш преубави комбинации да направиш. Само немој да избрзаш со купување, гледај кога ќе носат повеќе гардероба. Отприлика знаат дека има полуматури па се снадбуваат со убави работи .. Да не биде пре скапо. Еве мои идеи за шорц : Суќнички исто можеш.. Преубаво стојат. Ќе си гледаш да ти стои, не само да ти се допаѓа. Да не биде прекуса, оти пред наставниците не изгледа вкусно. Газ да не се гледа. Чипки, со принт, тексасни, секакви ги има. Одбери си. Што мора оти сите фустанче, па и ти. Идеи: Ако веќе се одлучувате за шорц или суќна, треба убавка блузичка. Со интересен принт, со интересен грб, со машничка, да не биде обична но сепак да не биде груба. Пребарај, од дома некоја што не ја носиш, немора да купиш..
Убаво стои кога ваква суќничка е искомбинирана со обичен топ, корсет по можност. И замислете го во комбинација со некое од шаренките погоре, на пример вакво Не мора да е апла фустан, може и да си комбинирате.
лани брачедами беше полуматурантка и коа отидовме на гости после неколку дена гледав слики како прво немојте да се мамите со штиклисите беа како тетки облечени , полсле 10 мин играње не ќе можите на нога да цапате па ќе продолжите боси друго фустан немора да е ептен женски да се напрајте матурантка наместо полуматурантка... и трето немојте некој флизури како на тетки.. некоја шик плетенка, локни,со преса и сл... а за накитот немојте многу да се китите едно едноставно ланче со сладок привезол и нежни обетки тоа би било тоа
Сакав да ви помогнам за фризурата, шминката и ноктите. Од моја генерација, 80% беа со фризури оноа теткински, пунџи, репови .. Не изгледа убаво најпрво! Разбирам јас дека ќе ви биде жешко, дека сакате да ја соберете и слично, но да има граница. Преубаво дотерани, со теткинска фризура. Што си сега, тетка или ученичка ? Идеи мои: Од пунџите оваа ми се допаѓа. Иако е пунџа, плетенките даваат младеначки изглед. Оваа ми е моментално најубава. Со косата може да експериментирате. Една девојка, си направила праменче разнобојно, си ја сплела во плетенка, абе за мерак.
Девојки сакам да ви кажам само да се оптеретувате многу со полуматурава Кога ќе влезите во ресторанот каде што славите,воопшто немат да гледате на облеката гледајте убаво да си поминете Јас лани бев полуматуранка и што се викат секое чудо за три дена,а моево беше и пократко.На почетокот од школската година многу се замарав со тоа што ќе носам и како ќе носам сакав да шијам,триста глупости ми се вртеа низ паметов.Али како што поминуваше времето созреав Некаде средината на мај излегов да разгледувам во моево скромно гратче и си бендисав многу убаво цветно фустаче,тоа беше љубов на прв поглед горниот дел беше кремасто и имаше машничка(цветна) на делот околу стомакот,а долниот дел беше со карнерчиња тие беа цветни,го искомбинирав со едно светло лилјаково болеро и исти такви римјанки.Не дека сум јас,али многу си се бендисував така,а и сите ми рекоа дека супер сум изгледала баш како за мои години.Така да,гледајте облечете се скромно,а не како некои теткици Во врска со косата,би ви предложила да е соберите,најпаметно Јас мојата лани е носев пуштена,а ми е речиси премногу долга со некое си плетенче заплетено настрана,ни самата незнам каква ми беше,не е ни битно.Бев сосема малку нежно нашминкана,и така доста се фалев Спојлер Ќе поставев и слика,ама не сум толку храбра
Еве го мојот фриз од полуматурата. Не ме глеајте вие мене.Ја си имав бесплатна фризерка,зато вака теткинска фризура си имав
И јас имав иста ваква исто бесплатна фризерка, брачеда ми Ко ќе ми текни само колку се траштав за ситница, после никој не ме виде, ни каква фризура имав ни какво фустанче носев
Сега да сум полуматурантка би одела нешто вака со црна трака во косата и некое ланче со впечатлив привезок или нешто вака Мислам на сивиот топ. И нормално поусогласени нијанси, тука на прва што ги најдов сликите ги споив... Јас сега не би се облекла како теткица, не па на 14/15 години И мој совет Не растете сосила и бидете свои!
Девојки, каде низ Скопје има фустанчиња да си побарам? Сакам некое цвето или така нешто. Никако со шљокици или теткински.