^ Убаво е фустанчево, ама тешко вакво да ќе најдеш негде. Иначе вчера во ГТЦ видов таков комбинезон што го зборев, 1400 денари. А видов и едно фустанче во Бисер памучно, беше комбинирано: бело, циклама, портокалово и жолто, цели 500 денари.
Еве, јас ќе прикачам некои модели, мислам дека неможеш да ги најдеш во продавница, но можеш да ги сошиеш, ако најдеш некоја евтина шивачка Мој совет е дека треба да најдете некое што ќе може да го носите не само на полуматурската, туку и за други пригоди. А продавниците ти нудат услов и да ги пробаш фустанчињата, а од интернет можеш само модел да видеш, незнаеш како ќе ти стои, затоа подобро, види некои во продавниците во градот, можеби ќе се заљубиш во некое...
ке може ли да ми кажете дали е убаво фустанчево за полуматура може да биде и подолго а и пократко ве молам да ми кажете зашто сум во дилема дали да го купам или не иначе има на часовникот има циркончина
Ми се допаѓа многу ама не ми е некако за прва вечер за полуматура, можеш за 2 ра вечер ако славите, ама сепак ти си знаеш. Ако си го купиш најдобро би било да си го искомбинираш со они штиклите со полна пета што се. Позз
^ И мене ми се свиѓа, баш е несекојдневно, ама пази како ќе го искомбинираш. А иначе, да ги прашам од другиве градови, вие славите по 3 вечери? Кај нас во Ск по една вечер е, ама плус идеме на тродневна ескурзија сега за една недела. 3 вечери онака чудно ми е, а и премногу, ќе се изнададеш пари за алишта само. И што преферирате, ресторан или дискотека? Ние 6 од 7 одделенија одлучивме во дискотека, во ресторан премногу ми е кич, како на свадба, со предјадења, и вечера и сл, и само народни и турбофолк пуштаат.
^ И јас сум од Скопје и кај нас е исто така. На 4,5 и 6 јуни сме на екскурзија, а на 8ми правиме полуматура. Иначе да ви се пофалам, јас си купив сукњиче (портокалово-розево, таква некоја боја) и едно како корсетче (не е корсет туку како блузичка без препрамки) на риги, бело, розево-портокалово и тегет. Су сукњата имам и бел каиш, а на нозе ќе носам некои балетанки или сандали, тоа уште не сум избрала. И така.
Епа јас сум од Битола и кај нас кога се прави полуматура претежно се прави дење во ресторан а следниот ден(или најкасно по два дена) се прави и „другарската“ вечер во некоја дискотека.... и да се надоврзам со девојчето погоре со фустанчето со часовникот... мислам дека би требало тоа да го носиш на втората вечер,се надевам дека и вие во дискотека одите ..позззз
Vtora vecer neznam dali ke slavme ali mene mi beshe za toa dali da si go kupam i da go nosam za polumaturskata vecer zatoa i pobarav od vas pomos
nemam vishe idea kade da baram ja sakam fustanche nekoe vakvo kako na poslednava slika ali kade da najdam vakvo nekoe slicno fustancheee
^ Ако си од Скопје, низ трговски потроши добри 2-3 сати, има прекрасни фустанчиња треба да се разгледува, бев предходниов викенд, прекрасни работи имаше, ама кого не го мрзи да разгледува.
fajlovi/sega-se-vo-moda-i-onie-so-cipkite-a-i-go-biduva-za-polumatu/66057 на мене ми е ваква робата само циклама и позади има гол грб. ке можете ли да ми дадете некој предлог со шо да ја искомбинирам?
оваа е фустанот што си го одбрав за полуматура само тиркизен ке го комбинирам со црни штикли но сеуште неможам да се одлучам за фризура.Не сакам некој ептен теткински пуштена сакам да ми е косата но не права затоа што се ми е права.ке ве замолам за предлог
Одма ми се појави комбинација во глава. Виткана коса во поголеми локнички, кафена ташничка и кафени чевли. Уф.