Значи јас сум годинава полуматурантка и го прошетав цело Скопје за да најдам фустанче така да сега ќе ви кажам кај да побарате манго-имаат многу убави фустанчиња баш како за оваа прилика и да знаете во среда има од 5 до 8 часот 20% попуст на фустаните,евроазија-има добри фустанчиња ептен иако е натрупано прочепкајте убаво сигурна сум дека нешто ќе најдете,јас денес си купив за полуматура од њујоркер искрено никогаш немаше да ми текне да влезам таму да не беше секако мајка ми зашто стално кога влагам има некои партали ама овојпат имаат стварно добри фустани и балетанки,па може и сако да се најде,во бисер некои продавници исто така имаат симпатични фустанчиња и буњаковец имаше една продавничка... јас таму најдов сигурно ќе најдете и вие нешто поздрав
Драги полуматурантчиња мој совет е да си се облечите во тоа во кое се осеќате удобно и да си бидите свои. А не јас кога праев полуматура имаше едни чупиња со матурски фустани И на шо личи то. Или па на штикли преголеми и одвај одеја, па камоли да играт Облечете го то во кое се осеќате најудобно, од балетанчиња за полуматура нема ништо поубо. Мое мислење Би сакала да се вратат тие денови, многу интересно си поминавме, се изнаигравме, па на крајот сите почнавме да плачиме А сега некој ни муабет не ти прат ама то е. Ај многу да не должам
Епа јас сум доста малечка 12 години, ама одам во осмо следнава година... Па ми дадовте инспирација... Еве некои фустанчиња што видов... има вакво и во црно
Немој да грдиш такво фустанче со црни штикли! Плус, многу ќе те затвара. Може со некои слатки сребрени чевли и сребрена ташничка. И неко локни, пуштени и слатки. А може и ретро локни, плус ако ти е подолга - супер стојат. Спојлер Башка, имаше една сребрена ташничка (нежна) во Нина (спроти Home Idea, одн до пеко), на излогот стои до едно циклама пликче. Последна е.
Уште не си купив фустанче за полуматура цело Скопје го прашетав ама ништоо нне најдов ама и има и уште време до полуматура затоа што е на 6 јуни.
во кочани има убави и едноставно робички за полуматурантки јас мојата ја купив од италија а ја имасе и во кочани истата
Јас со продавниците како Евроазија, Теранова, Манго и сл. си немам добро искуство, секад кога ќе отидам или е 3000-4000 нешто што ми се свиѓа, или нема број. Спојлер L број носам, difficult to find. И сега идам ја во Маџари по тренерки да барам, и си идам во една „моја“ продавничка, секогаш кога влегувам по нешто си наоѓам , и го здогледав моето фустанче убутано таму негде и го гледам баш мој број .И го пробувам, абе како шиено за мене, ептен убаво ми стоеше, а и мноооооогу беше ефтино (од што беше ефтино срам ми е да ви кажам колку пари беше ), и видов не видов си го земав, сега барем за фустанот ми е решено, останува уште чевли, ташниче и накит нешто. Спојлер Немој да ви текнало по Маџари да идете и фустанчето да ми го барате.
Знам, прочитав дека ќе ти биде тиркизен, ама тиркизно не одговара само на црно. Anyways, it's your choice.
HELPPP ve molamm ..! Lugje ve molam kazhete mi kade da odam da kupam za polumatura.. neznam od koj prodavnici..sakam da odam vo ohrid i vo bitola pa da mi preporachate nekoj butik shto e mozhno pobrzo..PLEASE mnogu ljubov do vas.. i fala odnapred..<3
Денеска си купив фустанче. Сега имам 2 комбинации за избор. Првата ми е сукња и корсетче, а другата фустанчево. Зависи од расположение, ама сепак мислам дека ќе го носам фустанчето. Го купив од Бисер иначе. А, да, сакав да ве прашам ако може да ми дадете некои идеи каква да ми биде фризурата? До по рамења ми е должината на косата иначе.
^ И мене ми е до рамена и многу убаво ми беше за свадбатана дратучедка ми. Едноставно а убаво. Нешто како од страната имав две ситни внатрешни плетенки, и онака ми ја испеглаа. Неможам да најдам некоја така слика, ама мислам дека свати.
^ Ммм, одприлика знам како. Јас планирам така некое интересно плетенче. Слично како што предложи ти. Пуштена да ми биде косата, ама и плетенче да има. Ај, ќе одлучам до тогаш.
http://images.asos.com/inv/media/5/1/4/ ... age1xl.jpg se zaljubiv vo fustancevo! ako znajt nekoj kaj mozam da najdam barem slicno vakvo kazete mi ve molam )
^ Вакво слично фустанче имаше во Битола, во една продавница наспроти ресторанот Кус-Кус. Барем имаше кога бев последно пред 1 недела Ако живееш во близина види си.. Инаку јас да ви се пофалам си купив 2 фустанчиња. Од исто место си ги погодив, абе радости Едното кое најверојатно ке го носам е цветно, преовладуваат портокалова, циклама, жолта, зелена, тие летни боички.А другото е како чипкано ама чипката е како цветчиња, незнам како да опишам. Крем боја. Двете се едноставни и секојдневни модели, особено цветното. А си купив и едни пониски штикли, всушност повеѓе се како на полна пета, иако не сум сеуште сигурна дали ке ги носам нив или на рамно. И тие се како жиж циклама боја. Ако си сликам ке ви ги покажам. А за косата, има уште време. Најверојатно пуштена.
Хахах малку офтопик али фустанчево исто многу и се допаѓаше на другарка ми. мислеше да си го шие али се предомисли, ама мислам дека уште не го преболела
Феминки, идни средношколкии - ќе им купувате нешто на вашите класни? Jaс и моето одделение на нашиот класен ќе му купиме карикатура, од оние во Рамстор. Бидејки он е наставник по музичко, ќе го нацртаат како диригент и у позадина оркестар или дневник или што било (уште не сме се решиле), ама мислам дека убаво ќе го насмееме
Ние лани кога славевме полуматура на класната и купивме тренерки и патики Адидас(бидеејки она предава физичко)и букет
Убава ви е идејата,може тоа да го направите.Инаку јас лани кога бев полуматуранка се испокаравме со класниот и ништо не му купивме,дури ни говор не му одржавме ништо ама баш ништо.Лути му бевме цел клас,а и тој нас ни беше лут.