Дечки, ај помош малце. Со фустанчето не ми одговара пуштена фризурка, иначе радо би ја направила со бранови, би ја пеглала или би направила водопад плетенка. Па, гледав на интернет некои пунџички, во никој случај не сакам нешто теткинско, а овие ми доаѓаат во предвид: 1. Спојлер или 2. Спојлер Што е подобро според вас? Само, од втората ми е страв дека нема да излезам убаво на ниедна фотка. Ма, ќе излезам како машко.
Двете се убави.Али прво види што ти стои тебе повеќе..мада јас сум за првата,пошо вторава ми е по сериозна и по теткаста.
О, па вас ве фаќа полуматурска еуфорија м? Знам како е, минатата година и јас бев полуматуранка, цел мај се спремав,бркајнци улајци за шо за дури да влезите да се сликате и после ништо нема да се види ни од фризури а богами ни од облеченото Иначе BeYourself мене повеќе ми се допаѓа втората идеа и не бери гајле нема да излезиш како мажко сигурно. А партнери ќе имате? Иначе лани за мојата полуматура повеќе винамание си обрнавме на другарската, подотерани (не ко теткици што имаше случаеви) и поопуштени (без наставници е сосема друго нели? ). And darling have a nice party (последните дена од основно не се мала работа )
Па, почнува веќе и таа еуфорија. Изгледа ќе ја правам првата. Баш вчера ми беше досадно и си пробав, првата дефинитивно ми е подобра. Инаку, славиме ние три вечери. Првата (главната) со наставници, камера, цела генерација. Втората е далеку поопуштена, нема наставници, само генерацијата. И иако оваа вечер не е морална - сите одиме. Третата се збираме со класот. За втора имам едно обично фустанче, а за трета се оди обично - кој што има. Како и да е, фала на мислењата. Едит - немам партнер, ќе одам со другарка. Инаку, има тука партнери, партнерки ехеее.
Ние на 8ми. Јухуууууууууу! Ќе биде ! Иначе да ви се пофалам. Скоро сум при крај со купувањата, уште накит ми фали. Фустанчето ми е розево-виолетова боја, балетанките иста таква само посветла нијанса, ташничката бела и накитот кој ќе го купам исто ќе биде бел или варијација од розево-бело. За фризура уште не сум одлучила, но и тоа ќе биде наскоро.
Ние ќе славиме на 7-ми. Подготовките и кај мене се завршени и ми фали само уште накит кој ќе го најдам во скоро време...Лак за нокти си купив, уште да одберам со каков дизајн ќе ги шарам ноктите Фризурата и шминката сакам да одгоараат на мојата возраст, едно едноставно плетенче или само исфенирана коса, а за шинката минимална само креонче и тупш колку да не биде без ич...
Јас не знам од кога излезе ова славење на полуматура ?!?! Во мое време немаше такви работи. Не ја разбирам суштината на тоа славење, па уште и во кафана да се собираат роднини и пријатели за да се прослави полуматура, абе ми е срам, искрено. Тоа за мене се излишни трошоци (па и да е некоја голема школа завршена ајде де ама ова ). Незнам дали на Запад прават така, ама мислам дека НЕ, и од кај го зедоа тоа помодарство Како и да е, девојчиња бидете си девојчиња и бидете вие што сте. Не се плескајте во свечени работи кои не ви личат на годините, а за шминка и фризура да не правам муабет.
decki edniot fustam za polumatura mi e temno plav kako so se nosat sega na moda so crna cipka i ce nosam krem cevli so polna peta mislam deka ode i krem tasna moze neli ce izgleda ubavo mislenje baram od vas ako sakate pls.