Мојата полуматура беше на 6ти и си поминав прекрасно! Ептен беше убаво, се, атмосферата, јадењето ... ама буквално се !!! Иначе за теткици немаше многу 4-5 од цела генерација!
Јас за мојата полуматура имав цветно виолетово фустанче со корсет горе и бели балетанки со машниче. Косата ми беше многу долга, само испеглана и со бело венче со машниче исто така. Како ги гледав годинешниве полуматурантки во мојов град, се изначудев богами. Многу вештачки и теткински. Сепак полуматура е, а воздраста е 14-15 год. Колку поспортски толку поубаво изгледа. Мое мислење.
Мојата полуматура помина на 7-ми и ајде да ви дадам мал закаснет извештај... Амбиентот во кафаната, крш, теткици колку сакаш, девојчињата на балетанки реткост (на прсти се броевме), Пејачот... Уфф подобро ЦД да пуштеа, песни 2 едвај со молење англиски другото НАРОДЊАЦИИ.... Се изнаиграв зашо си реков ова со овие луѓе се случува еднаш и никогаш повеќе, си поминав најубаво, подготовките незнам колку се исплатеа зашто и не беше баш така како што се си замислував. Комбинацијата утре ќе ја ставам во Комбинациите за не толку храбри феминки. Се на се многу ќе ми фали генерацијава, не сум уште свесна дека можеби нема веќе да видам некои од нив. Жал ми е што ова 8-мо одделение помина толку брзоо Затоа осмооделенки и наредни полуматурантки ве молам уживајте во секоја секунда помината со вашите соученици и со вашата генерација затоа што назад повеќе нема. Наредната година ќе знаете за што зборувам
eemmiilliijjaa баш си убаво облечена...Ми се допаѓа фустанчето,не е како на теткица,баш како што треба!..Супер сии! Браво за твојот избор!
Еве од првиот ДЕН.. Немам целосна слика од втората вечер. Носев црно фустанче со цветчиња сличен модел како ова претходново, црвено кардиганче и кафени ниски сандалки.
Годинава бев полуматурантка цело време ја чекав полуматурава ама на крај последните неколку недели ич не ми беше кејф да ја прам. Чекав гости у ресторан ама да ви дам еден совет не се тросете тие пари со ке ги дајте за гости чувајте си ги лето иде ке мозите да одите не еден убав одмор. Можеби некои од вас не го оправдуваат моето мислење ама сега барем е задолжително средно образование.
Оф леле па и за полуматура ли се собирало во ресторан? Па овоа не е матура бре,основно сте завршиле,big deal. Ама врвот ми беше кога ги видов неколку полуматурантки со волкави штикли,мислам со кој памет?!?
Отвара братучетка ми да ми покажела слики од полуматура, та да не ми кажеше дека се полуматурантки и да не ги познавав девојчињата, 100% ќе мислев дека сликите се од матура. Значи претеризам, свечени фризури...се чудам што ќе носат за матура, и која разлика ќе им биде, која еуфорија ќе ги фати за фустанот? Кога всушност пред време се облекле така... Имаше и такви си балетанчиња и благи локни, слатки да ги грицнеш. Знам дека сите девојчиња сакаат да блескаат, било за полуматура, матура или па обична вечер, и прифатливо е додека е нормално. Од друга страна па и не сакаат да се двојат, и кога ќе видиш 80% се качиле на штикла 50ка, ќе се замислиш. Сепак мило ми е што еден дел може да ги препознаеш дека се полуматурантки-сеуште!
Женски јас сум полуматурантка оваа година и имам 2 идеи за тоа што да носам,па ве молам ако може да добијам ваше мислење 1.Сакам да носам кожни панталони,со маица со бенд или со обичен црн топ и одозгора кожно елече или кратка,мн. тенка кожна јакна и на нозете мартинки. 2.Црно фустанче со дреч-зелени ленти по него и на нозете мартинки со дреч-зелени врвки. Што мислите вие ?
Не ми се допаѓаа ни тоа ни тоа.Сега ти можеби сакаш рок да бидеш одлечена но немој.Стави си нешто друго Еве не пример фустанчето но со папуции.
Јас мислам дека треба да си се облечеш како што сакаш! Ти си негуваш одреден тип на стил и немора да го менуваш само затоа што е полуматура. Мој совет е да си пробаш се како ти стои и тоа што тебе најмногу ти се допаѓа да си го носиш
Јас мислам со фустанчето да идеш. И ако сакаш мартинки носи си. Ќе бидеш уникатна а сепак во свој стил. Само не ми е јасно кога ти е полуматура?
И јас бев полуматурантка оваа година и преубаво си поминав на полуматура, се изнаиграв. И да, цела вечер играв со сандалите бидејќи беа на плута и не беа високи. Инаку вака бев облечена