Хахаха еве сум јас пред 2 години Не би ти препорачла во ваков стил да одиш на полуматура најискрено Вака можеш да си се облечеш за другарската вечер. А пошто си зацртала мартинки и за тоа ќе ти речам НЕМОЈ! Сепак јуни полуматура,и во таа жештина да носиш мартинки некако не ми баш нај,нај. А ако веќе сакаш рок стил тогаш,облечи си некое фустанче А вака би ти рекла не. Фустанче без мартинки.
Незнам,немам идеја.Али ако носам фустанче ќе треба да го носам со балетанки со сандали или со штикли.А штикли нема шанси затоа што ја без штикли сум 1,73 а не па со нив.
Немораш со штикли. Можеш со балетанки или римјанки. И така не е убаво на полуматура со високи штикли.
[/quote] Немораш со штикли. Можеш со балетанки или римјанки. И така не е убаво на полуматура со високи штикли.[/quote] Балетанки нема шанси,а римјанки некако незнам... Спојлер Комплицирана сум,а ?
Јас сеа ќе бидам 8 и сум полуматуранка, големата работа Ич не се замарам, сакам само убаво да си поминам со генерација (не оти сме ногу сложни, туку има лица кои ми значат). Инаку имам плаво фустанче со машна одпозади ( се врзува), планирам да го носам со црвени старки, ако одговара, рано е многу да зборам. Спојлер Нем да мислите дека уше сеља сум купувала фустан запомуматура (и така планирав панталони), туку ми го донесоа од Австралија.
Јас сеа ќе бидам 8 и сум полуматуранка, големата работа Ич не се замарам, сакам само убаво да си поминам со генерација (не оти сме ногу сложни, туку има лица кои ми значат). Инаку имам плаво фустанче со машна одпозади ( се врзува), планирам да го носам со црвени старки, ако одговара, рано е многу да зборам. Спојлер Нем да мислите дека уше сеља сум купувала фустан запомуматура (и така планирав панталони), туку ми го донесоа од Австралија.
Се убаво од замисленотоо ноо сепак е полуматура . Полуматурата е една вечер во животот , која се памти и прераскажува . Ако сакаш да се облечеш така за полуматура добро , јас тоа не би ти го препорачила подобро некое фустанче и некој сандалки/штикли отколку со мартинки . Сепак тоа е твое , ти што сакаш . ( те советувам затоа што имаше и во мојата генерација таква како рокерка нешто но не и доликуваше и децата ја исмејуваа , сепак ти си знаеш )
Ќе бидам оф топик, ама ме изнанервира ова: Зошо да ја исмејуваат, кога тоа си е нејзиниот стил. Смешно е ако е облечено нешто и направено без вкус и стил, или јас сум од марс падната.
Памелче не си ти падната од марс и јас мислам дека не е смешно.Сепак децата од одделение и од генерација ме знаат каква сум и каков стил имам и ме поддржуваат.
девојката дојде во 8 не ја знаевме па такаа не бевме научени на посебен стил како нејзиниот . Но ако тоа го знаат сите мене ни најмалку не ми пречи
Таков стил,не дека не почитувам ама лично мене не ми се свиѓа посебно за полуматура. Значи остај шо ке делиш од останатите,туку и музиката нема да ти одговара на стилот јас лично имам другарка како рокерка се облекyва или незнам како и јас не се разбирм од тоа,и ми вика дека немало да игра само ке седела така оти не и се свиѓала музиката и ке се облекувала по црни пантолони по нејзин стил,ако и се допаѓа неа, слободно јас немам никаков проблем
Значи вака: Прво-рокот не е начин на облекување туку начин на живеење.Второ-нема врска музиката со стилот и јас не сакам таква музика ама ќе играм за да не се двојам од сите.Трето-немора да носиш црни панталони или црна блуза за да оставиш впечаток дека се облекуваш како рокерка.
Значи вака јас пак оффтопик.Ама имам да кажам нешто.Познавам една која годинава беше матуранка.И нејзиниот стил беше метал.Цело време се облекуваше некаде од прва година како металка.А и за матурата беше облечена во готик фустан.И навистина се делеше од сите останати.Но сите е познаваат како таква,и сите очекуваа дека ќе бидит така облечена Значи нема врска тоа,што кажувате дека ќе те исмејуваат.А дали станала да играт вечерта е тоа незнам :\
Мене прајте ме ненормална - ама мартинки на полуматура да облечеше некој кај мене ќе го буљав цела вечер и ќе го направев ненормален. Остај тоа што надвор е +30 степени, ама и ко фрик изгледа во нозете. Ако си рокерка не мораш мартинки баш, облечи старки, некои шик патики, има многу избор за рокерките. Сега го правев на Поливор сетов, е вака ако се облечеш за полуматура, многу типски би изгледало. А не со мартинки да поцркаш на топлото.
Извини,ама не ми се свиѓа. Фала на сите за мислењата,решив што ќе носам,ова веќе почна да станува тензично.
Имаш цела година на располагање,има време не се замарај уште сеа и јас не би ти препорачала мартинки,по би со старки.
Ако имам металик-виолетов фустан или сив светол, каква боја на балетанки би идело најубаво бидејќи не сакам да бидам цела во темно? Во времето кога се полуматурите ако залади дали би одело некое штосно сако и во која боја бидејќи не сакам јакна, капут, марама или џемпер. И дали ако имам светол, многу светол тен би можела да носам крем фустан?
Децава денес абе премногу значење и даваат на тоа полуматурата. Алооооо дечки што сте завршиле????????? ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ!!! Средното ви е задолжително, ако нешто ви значи. Ама сепак не сте виновни вие туку вашите родители, толку пари се фрлаат, толкава фама се крева буквално за ништо. Па деца од 14 години со фустани, со штикли 10ка грознооо......
Е вака изгледавме јас и мојата најдобра другарка на нашата полуматура пред некој 7-8 години , воглавном сите изгледаа вака баш ко деца , имаше и некој што се трудеа да изгледаат повозрасни , но на ништо и не личеа.Мој совет бидете си деца