^ Ако ме питаш мене, убаво е. Ама за полуматура не ми е. Некако посвечено е. Еве нешто за ПОЛУматура:
Имам такво слично!Еве го!Врвците можат да се сменат а и машничката горе се ваде и тоа е фустанче со дебeли рамки e како на сликата
е она не кажа дека сака да облече црни мартинки , блуза од ганс н роузес , црни панталони...и се натаму шо наброја ти тоа си го измисли божее па може не сака да носе штикли што е и поубаво и по личе на полуматурантка без штикли. леле од ракавот си вадите само
Мене многу ми се допаѓа, не ми е пресвечено и баш ми е како за полуматура, само вакво тешко дека ке најдеш, освен ако мислиш да шиеш.
И јас оваа година сум полуматурантка. И ич не се замарам големото чудо. Гледам убаво да си поминам. Последна година сме заедно и не ми е баш гајле што ќе облечам. Првата вечер валда ќе бидам со некое обично фустанче да не е многу шарено, на нозете планирам балетанки или стартки. За штикли мислам дека сум сеуште мала. Нешто такво сакам.. Овој е невестински фустан но многу ми е убав и можеби ќе си порачам вакво да ми сошијат ама не толкава должина, над колената. И овој фустан можам со некое кожно црно сако Спојлер да го искомбинирам и на нозете црни стартки. Така си го имам замислено де. А дали одговара баш и незнам така да сакам ваши мислења. A за втората вечер планирам многу обично, фармерки, кошулка и балетанки.
овој фустан многу ми се допаѓа , ама каде да најдам ваков сличен , ако најдам уште од сега би го купила , ако е рано .... ама ако кога се работи за тебе .... хи хи хи а некако е глупаво да одам на шнајдер за ПОЛУматура , нели ?
Сакав да прашам дали имате купувано облека од интернет немора да значи за полуматура туку онака кога ви се свиѓа нешто од нет а неможете да го најдете низ бутици . На оваа страна има стварно евтини работи , над 15 евра нема поскапо . http://www.justwardrobe.com/
Уште малку и полуматура многу сум среќна , добро не уште малку ама мислам дека брзо ќе поминат месециве , но муабетот ми беше не сум сигурна каков фустан сакам да носам , а сакам да изгледам навистина прекрасно бидејќи тој ден го чекам нестрпливо. Сакам да ми дадете ваше мислење дали е подобро тесно фустанче или свечен (свечен подразбирам нешто слично како ова http://images.asos-media.com/inv/media/ ... ge1xxl.jpg ).
И јас оваа година сум полуматуранка. Знам дека е рано да барам фустанче, но на училиште постојано кометираме за кој-што ќе носи. Јас имам замислено да носам тексасно фустанче, но неможам да си најдам слики на гугл. Ајде девојки би ве замолила ако најдите нешто поставете го тука .
Од моја гледна точка,сум за дефинитивно НЕ за ваков фустан да носиш на полуматура.Одбери си нешто подетско,а посвечено.Ова е ептен,не не е за полуматура стварно.Немој да ме сфатиш погрешно. Мислам дека можеш да си носиш тексасно фустанче за полуматура,и ја одпрво сакав да носам тексас но незнам како изпадна,си бендисав едно многу убаво цветно фустанче и си го земав тоа.Ништо од тексасот.Ама сепак си имав замислено комбинација тексасно фустанче и стартки ептен добро.Така да мој совет,ако сакаш слободно можеш да си носиш тексасно фустанче и можеш да си го комбинираш сакаш со стартки сакаш со балетанки незнам каков ти е вкусот.
а што велиш за нешто вакво ? на англиски се викаат rompers или onesies па можеш да си побараш на гугл ако ти се допаѓаат.. мене лично многу ми се допаѓаат вакви и веројатно такви ќе носам, иако ми е уште рано да одлучам.. во моделот најубави ми се 1 и 2 од сликава а мислам дека би биле поубави во крем боја, без шари (секако тоа е мој вкус, незнам за тебе ) исто така можеш да ги носиш со било што, стартки, пупиња, штикли на полна пета.. јас незнам дали за полуматура би облекла нешто вакво, ама секој има свој вкус, и баш убаво изгледаат..
И јас годинава сум полуматурантка.... и сакам неколку мислења од вас феминки за фустани од полуматура и исто така сандалки, балетанки, пупиња....и штикли или сличноо... ама не штикла да речиме 15цм туку онака да не се познава дека е штикла хихих ...ако може некој да ми помогне во врска со овој така наречен проблем... ќе ви бидам благодарна...Благодарам од напред
Јас бев полуматурантка оваа година и во право се сите овие феминки со прекрасните совети: Не е важно што ќе носите туку како ќе си помините! Знам дека сакате да изгледате убаво и да сепак на почетокот сите ќе се гледате кој што носи, па ќе се прашувате од каде се .... и подоцна кога ќе почни музиката толку... сите ќе танцувате, ќе се забавувате! Сепак според мене најубаво е да носите што ви е најпријатно! Би ви препорачала некое фустанче кое не е теткинско и кое ќе можите да го носите и летото, и некое кое нема да има деколте бидејќи сепак наставниците ви се таму и нека не ви биди премногу кратко! Балетанки или сандалки е најубаво да носите! Имајте прекрасен помин иако е рано!
Оваа година сум полуматуранка и планирам да се облечам едноставно и убаво,а и прикладно за моја возраст.Штикли на 15 год не.А и мислам дека мене нема да ми стојат.
Па и јас оваа година сум полуматуранка,планирам да носам фустанче и штикли,но сеуште не сум одлучена какво да ми е фустанчето, во школо тоа ни е главна тема но сепак се тешам дека има време до крај на годинава