^ Мене лично ми се допаѓа моделчето, едноставно е. За полуматура можеби би го носела, ама бојата да не е црна. Во темно плава, кремава, бела боја би било поинтересно и повеќе би одговарало за пригодата. Инаку ја имам пишувано тука, ама не сум кажала дека нејќам класична полуматура со наставници и чочеци. Повеќе сакам цела генерација негде да седнеме (у парк пример), сами ќе и пееме, ќе си свиреме гитари (има неколку деца у генерација шо свират). Секој во тоа шо има, фармерки, маичка, патики/балетанки. + нема да ствараме трошоци дома, шо за у ресторант, шо за да ни купат, шо за дома да спремат за гости.
Бананичке, јас би го носела, иако е црно. Направи си интересна фризура и можеш повпечатлив накит ако сакаш да не биде толку едноставно.
Фенинки и јас сум оваа година полуматура и барав шијачка за фустан дека сакам еден посебен фустан што мислма дека нема шанси да го најдам во Скопјево и најдов една што ке ми го сошие за 1000 денари таа беше најефтина другите по 2500,4700,12000 и многу сум срекна што си најдов толку ефтино иначе редовнио ке ме има на темава особено мај,и пред полуматура а послем тоа секако слики обавезно ке ставам сите што се полуматуранки нека ме контактираат во лп позз
фустанчето ми се свиѓа, не му смета ни бојата, Сакав да пишам за чочеците и начинот на славење: Па јас мислам дека бев единствена шо вака размислува ама еве сме биле две ,истово,значи истово го предложив на мојата генерација пред 3 години.Абе улава ме напраија КАде одело таква полуматура, па зар ние да не славиме, па зар град да не не види, па ако е затака поарно не славиме... Им реков добро ајде нека биде сетанјето и дотеруванјето,ама нека биде забавно за нас, нека биде во дико или такво место, шо мора у хотел со чочеци.Знаеш шо ми одговорија-Тоа не било полуматура, ке ни се смееле сите и така фино во хотел со чочеци “СЕ ЗАБАВУВАВМЕ“
Ова за матура ајде да подзамижеме,макар ни јас не би го носела,ама за полу матура под никаков услов, види разлика меѓу ова и она на претходното девојче Спојлер Извинете шо пишувам едно под друго мислење ама си немат врска мислењеата едно со друго па вака ми се чинеше подобро
Добро е но за повозрасни личности. За полуматура не одговара многу. Подобро почекај си матура. Дотогаш и повисока ќе си и подобро ќе ти стои. Но веќе ако толку ти се допаѓа е добро со оглед дека на обично излегување има поголеми промашувања. Можеби деколтето можеш да го направиш рамно наместо вдлабнато и можеби некој cm плус на долниот дел
Абе згрешила девојката-за матура мислела,еден пост пред тојот си кажа, и јас ја искритикував добро ,а сега да и одговорам за матура: Па оди , само направи го малце тоа деколтето да не биде толку длабоко
http://www.forever21.com/images/model_front/27704657-01.jpg Епа полуматура се ближи....... Сакам да ве прашам за совет. Го обожавам фустаноов. Значи уште кога барав фустани овој ми беше како љубов на прв поглед. Вакви фустани и ми стојат. Слаба сум и немам големи гради па вакви фустани мислам барем јас дека ми стојат. Дали е складно за годините? Фала однапред
Не,не овој не е за полуматура.Обожавај си го ти колку сакаш.Ама не ти одговара за полуматурска прослава да го носиш,значи дефинитивно не.А и мислам дека нема да ти одговара на годините,облечи нешто што ќе ти одговара на твои години а не вака.Еднаш во животот си дете,и никогаш повеќе.Не се брзај да пораснеш. Интересно ми е фустанчево...Што знам некако ми делува многу свечено како за полуматура,што се однесува до мене јас не би го носела.Ама мислам дека можеш да поминеш со ова...што знам Како сакаш.А јас би го искомбинирала со некои балетанки.Никако со салонки или пак со тие чевлите на плута што се.Сепак мала си уште,полуматуранка си
Јас вакво фустанче планирам + салонки Спојлер Сега ќе речете дека не е за мене, мала сум ама девојки сватете дека вашето време помина, сега секој гледа да е што подотеран, а јас не сум од оние девојки што ќе одат најобично (а и во мојава генерација вакви нема, искрено), а имам и целосна подршка од родителите- а мене тоа ми е најважно. И да, ова не ви го кажувам за да ве повредам или било што, туку да ви кажам дека денес е најнормално девојчиња од 14 години да носат штикли и да бидат дотерани како што во ваше време можеби биле дотерани матурантките. П.С. Ако некој види некаде вакво фустанче нека ме извести овде или нека ми пиши во лична порака, ќе му бидам благодарна
Anna-Banana За штиклите си во право. Не ни планирав да носам салонки или плута. Не сакам штикли за полуматура, стварно невкусно изгледа. Иначе, фала на мислење