лелее...ја па имам проблем со стомакот... имам онака широки колкови но имам стомаче и нозете не ми се ич слаби... имате некоја препорака за диета или некои вежби?? и некоја идеја за фустанче за полуматура..онака едноставно еднобојно...да не е џиџано
хахаха така нешто иначе изгледа ќе го шијам пошо не го видов никаде по продавниците Ии фала ви за одговорите
Луѓе,ја се силев мартинки ќе носам,ама изгледа нема. Некни бев со нив цел ден,многу ми се тешки на нога,а не па и да играм. Мајка ми вика да си купам некои штикличиња мали Спојлер Вакво нешто одприлика,а и овие си ги меркав од Персин во Куманово,па и бројче имаат. Е сеа чим менувам мартинките,цел изглед се менува. Мислев да си купам црно фустанче некое не многу накинџурено,со овие штиклички и да си ставам само малку шминка на очите и бургунди кармин. Или пак да земам некои темно лилакови штиклички,исто оваа висина,со виолетов кармин.. Спојлер Добро ми стојат кармини во темни бои Или како да комбинирам ? Карирано фустанче никаде нема,ниту пак материјал. Помагајте женски.
Мене вакво фустанче (малку подолго) ми шие тетка ми, па планирам него да го носам со мартинки или со ниски штиклички. Шо велите вие?
За мојата полуматура носев слично вакво фустанче,со црна трака на местото од коланот,и без црниот вел од долу.Балетанчињата беа исти како и овие на сликата.Што мислите соодветно е ова за полуматира?
знам дека сум досадна но неможам да се одлучам а имам само уште 2 недели.. немојте да се чудите како уште 2 недели кога има уште месец и повеке, уште 2 имам затоа што ние нема да прославуваме матурска како што сите ја прославуваат во ресторан свадба без невеста туку ке одиме на екскурзија во Охрид бидејки е планирано екстерното тестирање од 27 мај затоа ке одиме накај 15ти мај.. Па ако можете помогнете ми за кое да се одлучам
Јас сум полуматурантка оваа година. Во главата ми се вртат две-три комбинации кои се едноставни и не толку елегантни - баш како што треба една осмоодделенка да биде облечена. Штикли нема шанси да облечам . Некои девојчиња ќе носат штикли бидејки биле ниски хаха да знам. Да не бегам од темата едната комбинација ми е црни куси панталонки со висок струк, некоја кошулка и истите балетанки како на сликата само тегет боја. Втора вечер сакам нешто многу комотно. Куси тексас панталонки со некое вакво плетено џемперче, а на нозе со стартки. Или пак црно фустанче со бели точки и бели стартки.
Девојкии помагајте за неколку недели славиме полуматурска. Си купув едно фустанче праска боја па сега незнам која боја највеке на штикли ќе ми одг. црна или кремаста