Како личен стилист на сестра ми, вториот услов при бирањето би бил умереност и нежни, пастелни бои. Првиот секако е и мене да ми одговара фустанчето. Шиење никако пошо барем на мене секогаш нешто ми било промашено. Затоа купи си на раат и не се малтертирај, најдобро. Ако се однесува на мене, јас би ја облекла во куси бели панталончиња и некоја интересна маичка. Едно шеширче и ај чао. Ама, момата си сака фустан и среќа што сме ја изгледале во фино дете со вкус, па нема да има плачки и тепачки. Ма, најубава има да ми биде
Ме интересира бевте со штикли или со балетанки за полуматура? Искрено како што ми се наближува полуматура повеќе не се замарам.. Едноставно сакам да изгледам, некои девојчиња викаат ќе носеле штикли.. Ама јас сум висока 173 цм.. па и штикли уште валда балетанки Инаку вие што носевте? И за на табло какви кошули имавте? Две девојчиња од кај мене викаат, да биле со "Боцки" со нитни и такви глупости.. Како накинџурени. Ама неможам да им се противам, инаку многу е поубаво една бела кошула и марама
Јас бев во балетанки и пак да бидам полуматуранка ќе си одам во балетанки.Уствари не бев во балетнаки...грешка Во римјанки бев,сепак ниски се Носев едно фустанче,обиччо со карнери и на средина имаше машничка.Машничката и карнерите беа цветни,а горниот дел беше обичен. Кога се сликавме за на табло,ние носевме бела кошула и некоја си безвезна ( читај теткниска марама) која едно со друго не одеа...али шта чеш.Мораше. Инаку јас бев пред 2 години полуматуранка,од тогаш до сега..не е исто...или што знам Гледам годинешниве матурнати-полуматурнти најчесто се сликани со тие кошулите што се сега во мода,мислам дека знаете за кој ви зборам.
Ние за сликање сакавме кошула, ама цел клас сме различни градени или многу се слаби или многу крупни (дебели), така да ако земавме ќе мораше 3, а пари на никој не ни се дава. Најдовме едно сако подетско розево и со бела рамбовка одоздола ќе се сликаме. Прво и ја бев против сако да не изгледа мн. ворасно, ама ова е баш слатко, ни многу детско ни многу ‘теткинско‘.
второво е поубаво и јас сакам такво во тој стил. Може ли некои предлози за фустанчиња кои ќе можам да си ги носам и после полуматура??
Ви благодарам за одговорите иначе јас си купив фустан после толку мислење каков да си шијам си купив ментол боја е и многу ми се допаѓа .. ^girl.9 еве ти неколку имам на компјутерот и други, ке ги прикачам некој ден
Ние за сликање гледавме неколку кошули и одбравме една што се фаќа на покрупните, а ние другите помалите си ја фативме со штипка позади и беше погодено на сите. Мене ми се засвиѓа еден фустан ама сепак има уште време и модели за избирање. Не сакам да биде ништо превише, туку да си бидам јас, полуматурантка, а не теткица. За штикли не сум, единствено ако се на пуна пета.
Хм..може да ми кажете која флизура да ми биде за полуматуа ве молам http://data.whicdn.com/images/59669879/large.jpg
За полуматура се решив за нешто многу едноставно. Лесно, кратко фустанче со некои убави балетанки, крем за боја? Па и штосен накит и толку.
јас на оваа комбинација не би ти препорачала да ставиш никаков накит.. може само некои обетки доколку се одлучиш косата да ти биде соберена ... сепак покрај чипка не ти треба и накит .. чипката на фустанчето ти е доволна не треба да се пренатрупуваш и да изиграваш новогодишна елка па сиот накит што го имаш да го ставиш ... тоа е мое мислење, ти си знаеш најубаво
@cveke123 Многу убаво и нежно фустанче, и некој убаво ти пиша погоре и јас би одела со некоја пожива боја не со крем балетанки. E сега за накитот, јас не се согласувам дека не треба да ставиш накит, баш без накит би било преедноставно. Али пошто се работи за полуматура, нешто посмиерно и поедноставно. Алка накоја поголема или мало ланченце, во зависност со балетанките и ташничето.
може да стави нешто од накит, но и реков да не претерува сепак тоа е полуматура, а не матура и за 14-15 годишна возраст е доволно да стави само обетки и некоја нараквица, да не претерува .. и да ниде многу нападна
Ми се дига косата кога вие матурантките се правите демек големи па не сме смееле да се радуваме.И што ако сме завршиле само основно? Не смееме и ние да се радуваме,дружиме? Глупости на квадрат. Инаку,јас ниту шијам фустан ниту барам на нет,кога ке дојде времето со мајка ми под рака и на шопинг низ продавници па што ке ми се допадне тоа.А за балетанки ке си купам од продавицата за чевли што е во населбава каде што живеам,не купувам предвреме бидејки не знам каков фустан ке си купам,ама да можам сите балетанки и сандали на плута би си ги купила од таму.
http://www.forever21.com/images/model_f ... 994-04.jpg Kje mozam li tuka negde da go najdam ili nema shansi. pa..vtorata ili chetvrata..