Здраво дечки нова сум на форумов и сакам да прашам нешто.Би ви била преемногу благодарна.Купив фустанче за полуматура а не можам да се одлучам за долу што да носам(на нозе нели)Фустанчето е лежерно онака баш како за полуматурант,кремово-розевка боја со чипка и под градите има црна лента.Размислував за комбинација со штикли,не многу високи, не ми треба некојси бренд ниту пак некои 18ка да ставам(оти има и такви деца што се прават као тетки).Единствена комбинација за фустанчево се штикли или пак белетанки.Дај кажете што да носам?
Јас сум за балетанки. А, ако земаш штикли земи си црни, ќе ти одговараат најубаво со фустанчето и после највеќе ќе си ги износиш.
Јас не идам пошто сум малечка и затоа немам право да се дружам и забавувам.Кој ке иде нека си помине најубаво.
Комбинација од розе фустанче,со црно е полн погодок.Црната лента,вид каиш што е,би се вклопила одлично со црни салонки и накит во некоја темна боја.Еве ти и предлози за штикли.А можеш и со темно сина,плус накитот во сина боја,би било одлично.Ама сепак,кога се работи за вакви прослави,јас би избрала нешто поедноставно,односно не би играла со повеќе бои,преферирам поедноставни и посмирени бои.
Ееее за неколку години веке ке биде минато,за колку год? Па сега сум 8-мо нема за неколку год.......Ама ако,посакувам вие убаво да си поминете и да имате убави спомени..
А овие штиклите не се превисоки за нивна возраст? Нема потреба од штикла на платформа за полуматура. Дај бе, кој ќе провоцираме со нив? Наставниците? Не личи убаво, стварно не личи. Башка со балетанки, комбинацијата со розе фустанче ќе изгледа многу по романтично и симпатично.
Не знаев дека се носат потпетици исклучиво за „провоцирење“ ама отсега да си знам. Секој носи нешто првично за да си се допадне сам на себе, а потоа на останатити. Ако носи високи потпетици, не мора да значи дека тоа е за да провоцира некого. Друга работа, дека се превисоки за полуматура, се согласувам со тоа. Зависи кој каде ќе слави, може и нема да биде најдобра идеја (кои верувам дека повеќето прв пат ќе носат вакви високи потпетици) да носите вака високо. И без платформа изгледа подобро за возраста, а и посимпатично ќе биде да нема потреба да внимавате на секој ваш чекор. Восраста ви е таква во која секако ќе изгледате убаво и без непотребните работи. Има време кога да бидете возрасни Бидете си свои
Ја ќе ги провоцирам машките. Ќе си земам патики поубави од нивните, па ќе видат они! Него наслушнав едни девојчиња „Да бе балетанки, ќе видеш дека тие у штикли ќе имат повеќе лајкови на сликите“. Значи, не за провоцирање, за лајкови се штиклите.
Да се надоврзам на постот од омниа.Јас само предлог дадов за моделот и бојата,не мора да бидат де толку високи.Секој по свој избор.И онака секојдневно гледам девојченца од 11-12 години на штикли и повисоки од овие.И секако дека би одговарало со балетанки,ама со оглед на тоа што далеку поубаво изгледа на штикли,затоа така пишав.Ама па,со балетанки во секој случај ти е поријатно и покомфорно. Според бојата на фустанчето,мислам дека би одговарале овие.
Јас ќе носам црно фустанче со една прерамка,црни cap tое штикли со златно(прееска си ги купив) и златно ланче од оние како полумесечинка
Никаде не напишав дека се носат исклучиво за провокација. OmniaVanitas, да те просветлам малку. Форум е ова. Секој може да напише мислење. Бидејќи си позната по тоа што се нафрлаш, те разбирам, ама имам молба следен пат да не ми реплицираш ако имаш намера да ми вадиш зборови од контекст.
За штикли сум против..а и незнам кој здрав родител би дозволил ќерка му да носи штикли на платформа -ко порно стар. Не сметам дека сум конзервативна поради ова мое мислење..ама навистина ми е жал кога ќе ги видам онака 14, 15 години се стаиле на платформи од 12, 15 см..едвај одат..да не се толку мали слободно може да се каже дека изгледааат просто евтино и мизерно. Меѓутоа не се криви децата ..до нивното полнолетство родителот одговара за нив.. Само бедата и мизеријата пред се духовна е насекаде околу нас....а децата се нејзини невини жртви. Полуматурата треба да биде во знакот на невиноста..пастелни бои - розе, крем , балетанки..машни..и други романтични додатоци а не да се нагрдуваат децата.
Гледам дека сум осудена поради мојот пост каде имав и предлог слики за полуматурска вечер. Сакам да кажам дека тоа е само мое мислење.И да поправам за тоа што бев погрешно сфатена,зошто неможам да редактирам и да напоменам дека дадов само предлог боја и модел,а не фатив никој со нож за грло да носе онолку високи.А имав предлог штикли,зошто колку и да се обидуваме да избере балетанки,пак тој што сака штикли,ќе си ги избере штиклите.А во ова време веќе и до петто одделение на штикли се качени и за до маркет што се вели.
Јас би спотов да ви го пуштам да си се најдете на местото на девојчето и да си одлучите што ќе бидете, а секогаш најубаво ќе биде да си бидете свои Не, колку ќе носат штикли, колку ќе бидат нашминкани, вакви, такви... нека ви биде удобно и да ви личи на вас и на годините Па сеа, за другите... мора да не има различни на светов http://www.youtube.com/watch?v=BR4yQFZK9YM и да, убаво да си поминете
Да си ми жива и здрава! И јас го делам твоето мислење. Битно е убаво да си поминат, а девојчињата од што се преокупирани со тоа како ќе изгледаат ја пропуштаат убавината во полуматурската вечер.
Спојлер Добив таков впечаток. Срамота е да користиш и мои зборови и мои реченици само за да испадне дека твоето мислење е на место, а моето не е. Уште еднаш: токму поради тоа што ова е форум, имам право и јас да си го искажам своето мислење, исто толку колку што имаш и ти. И и јас да те просветлам дека на крајот од мојата реченица стои интерпункциски знак „?“ (прашалник) што всушност означува дека те прашувам нешто, а не „ти се нафрлам“. Треба повеќе да објаснувам? Јас не сум виновна што некој не може да идржи туѓо мислење и веднаш се смета за погоден од муабетот. Ако тоа е нафрлање, тогаш зошто ги искористи речениците „Форум е ова. Секој може да напише мислење. “ Ако не можеш да издржиш туѓо, нема потреба да се жалиш. ____________________________________________________________________________ Повеќето од оние кои се полуматуранти се повредени од муабетот дека повозрасните им велат да не носат високи потпетици. Намерата на сите им е најдобра, но подобро да се остават сами да си ја увидат грешката отколку за инает да се стават на штикли само „за да им докажат“ дека можат да биде по нивно. Оставете ги самите да си ја согледаат грешката. Вака со совети никаде не одиме.