Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полуматура

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Tammie, 11 февруари 2010.

  1. Calla14

    Calla14 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    7

    Не ми е за полуматура,за друга пригода.Дечко ми ме напна фустан па фустан да си најдам некој убав и еве ко будала низ темиве барам убави фустаниии...
    Има ли некаде вакво во Ск (некоја др боја)? ;)
     
  2. owi

    owi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    123
    Знам дека сум офф, ама не можам да издржам да не кажам.
    Кала девојче еден ден ќе плачиш по ова време. Верувај ми, ќе сакаш да си ја треснеш главата од ѕид кога ќе ти текне дека си имала дечко толку мала, дека вака си се однесувала и дека наместо на полуматура си излегла со дечкото.
    Знам дека сега мислиш дека со него ќе останиш цел живот (дај боже да биде така ако го сакаш тоа), ама нема да се оствари. Премала си, а мислиш дека си преголема.
    Знам, те разбирам и те сфаќам. Такви ти се годините и сите различно поминуваат низ нив.

    Мој совет ти е да си најдеш убаво фустанче, балетанки, испеглај си ја косата, малку шминка и трк на полуматура. Тоа што можеш да го живееш сега, нема никогаш да се врати.
    А со дечкото можеш кога било да излезеш :)

    И уште нешто.
    Џабе зборуваме и трубиме за штиклите. Во нивните очи сме само застарени девојки што немаат појма.
    Знам зошто и јас размислував така, а сега не можам да си простам што отидов на полуматура со сандалки на плута :fubar: Доволно се дискутираше на таа тема.
    Нека носат што сакаат, ќе се свестат и тие, малечки се сега :)
     
    На Sanjichka007, OmniaVanitas и Madonna им се допаѓа ова.
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Немојте да се притресувате, тоа е само полуматура.
    Облечете се удобно, немојте да се прешлапувате со шминка со ланци и со сарми на главата, ништо нема да ви биде ако вечерта ве познаат дека сте вие. :geek:

    Не заборавајте, терате полуматура, а не присуство на модна ревија. Разбирам, сите сакате да сте средени, облечени, убави и дотерани, ама тоа може да се направи и на друг, многу попристоен начин.
    Да не дрдорам многу, нели, секој има вкус. Бар така повеќето мислат. :P
     
    На zaki288, sweet-cherry, prettyliar и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Calla14

    Calla14 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    7
    Едно прашање до сите паметни,очигледно само јас изигравам будала тука.

    Ако е ЗАБРАНЕТО да се слави полуматура зошто секое школо,секоја година слави? Благодарам однапред.
     
  5. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    ^ Никој не рече дека е забрането да се слави, туку само да не се притресуваме толку. Славиш полуматура, не правиш свадба. :)
     
  6. vw-girl

    vw-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    162
    па искрено или изиграваш будала или си. Колку што гледам сите кои се повозрасни од тебе и кои поминале низ тоа даваат свое видување за тоа што е полуматура и добронамерен совет да не се тресите мнг зошто тоа и сама ќе видиш дека е баш ништо, молимте 8 одд сме завршиле и што? некои не ни знаат да читаат па ќе дојдат како за на бал, а ќе се смешни. Зборувам општо не за да навредам некој. Јас кога славев полуматура носев најобично фустанче до колена и балетанчина, и тогаш сите така ПРИСТОЈНО и беа облечени. Сега сите сакате на 14 години да личите како за 20-25. И смирете се малце, полуматурата е ништо. Допрва се битните работи кои треба да се слават дипломски, магистерски и тн. Ама и за тоа најубави ке сме ако секогаш сме едноставни и во склад со годините облечени
     
    На WarriorAngel, SlAtKi4ka.SlAtKi4ka, Madonna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46
    Ме нервира фалење и луѓе што се фалат,ама сега сум сосема горда и слободно ке кажам дека ке бидам најубава и најсоодветно облечена.Изгледа од сите девојчиња само јас изигравам будала што ке се облечам соодветно за годините.
    Во одд сме 7 девојчиња се вкупно и сите 6 ке носат штикли кој 10 цм,кој 12,кој 15 цм. |(

    Инаку јас планирам вака:

    -Косата собрана и розева панделка.
    -Еднставен фустан,крем боја и розева машна.
    -Розеви балетанки.
    -Сјај и малку розева сенка.

    Добро е нели? :)
     
    На girl.9, lana.del-rey, Lili.lili и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Супер е..Што ќе ти се високи штикли на тие години??Мене не ми е јасно што се преоптеретуваат со штикли,кога не ни знаат да одат како прво на нив? |( Но,како и да е нивни избор е..Инаку зашто играваш будала?Што нема да облечеш штикли? Остај ги другите,како ти е тебе комотно така оди си..и да ти кажам супер ќе си поминеш во балетанки ќе се изнаиграш :) И комбинацијава ти е баш прикладна за твоја возраст ;)
     
  9. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Јас ќе носам фустанче,балетанки и ташничка на рамо.Косата може ќе ја носам вака природна виткана (а многу сакам) или ќе ја пеглам.Шминка нема многу да ставам. :)
     
  10. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.442
    Допаѓања:
    17.088
    Почнаа пробните фризури и шминки за полуматура. Да, да :nod: :nod: , почнаа да одат.
    Сега ваљда пинкат дома татко им да изнајми авион за прскање комарци,за да се покријат со пудра. :nod:
     
    На WarriorAngel, koritsaki и I.want.to.sleep им се допаѓа ова.
  11. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Јас сум против свадбарски фризури, 1км штикли, 3тона пудра и миниш фустани

    Но некои полуматурантки ми се некако... штознам пре детски и пре обични.. Бојче, маичка и стартки? - па не баш... Дури и балетанките ми се спортски.

    Според мене, треба во се да се биде умерен. Пеглана/Кадрава/Приберена коса, малку пудра со бледа сенка и креон, некое сјајче, пристојно-кратко фустанче, и штикли на висина до 6-7 цм. Сепак е свеченост, не личи баш на балетанки..
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    ^ Не би се сложила. Има секаков избор на балетанки и преубаво изгледаат во различни комбинации. Ако не е балетанка, тогаш има сандалки на мала плута. Зарем ние кога завршувавме основно, на прославата не изгледавме убаво затоа што не бевме на штикли? Јас добро се сеќавам дека кај нас немаше такви да штрчат (зашто баш и ќе штрчеа). Накнадно што и учителите во тоа време пропагираа пристојно облекување и се знаеше што треба да се носи на школо и како треба да се изгледа. Знам дека се сменија времињата, ама тоа не значи дека новото нормално е убаво и исправно. И ако некој се чувствува поубаво во маичка и старки, верувајте подобро ќе си помине од некој што поради мнозинството се одлучил на штикли на кои не може да оди, па цела вечер ја преседел. Тоа што е битно, е вие како се чувствувате во тоа што го носите, а не што ќе речат другите.
     
    На Chica.Loca, kolache.99 и pamelche им се допаѓа ова.
  13. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46
    Има преубави балетанки и баш се за девојчиња.Има еднобојни,со машни,цветни,секакви и прекрасно изгледаат и не можам да се сложам дека балетанките се спортски.Не.
    Секој си има стил и си се облекува како сака.Но бедни се тие што облекуваат штикли на полуматура за да привлечат внимание.
     
  14. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.442
    Допаѓања:
    17.088
    Мојата нова замисла :wasntme: .
    [​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На girl.9 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Јас за полуматурата ќе носам фустанче и балетанки.
     
  16. Cecyska

    Cecyska Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    jas ke nosam crno bel fustan
     
  17. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    [​IMG]

    И конечно си го купив, е сега за доле незнам.
    Штикли, полна пета, балетанки?
    Имате замисли?
    Јас немам идеииии
     
  18. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902

    Ништо од наведеното :lol: (според мене)
    Според мене најдобро би стоело со некои нежни сандалки на средна висина :)
     
    На cveke123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MiniMouse7391

    MiniMouse7391 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    30
    јас планирам вакво фустанче да носам


    со ваква боја сако

    и пупина вакви со иста боја


    Добро е :?: ??

    и уште не знам за накит :?: ?
     

    Прикачени фајлови:

    • 777116-0111_3.jpg
      777116-0111_3.jpg
      Големина на фајлот:
      28,2 KB
      Прегледи:
      195
    • original.jpg
      original.jpg
      Големина на фајлот:
      28,5 KB
      Прегледи:
      194
    • boja.jpg
      boja.jpg
      Големина на фајлот:
      33,6 KB
      Прегледи:
      194
    • img-thing.jpg
      img-thing.jpg
      Големина на фајлот:
      15,1 KB
      Прегледи:
      194
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.280
    Допаѓања:
    17.727
    Пол:
    Женски
    супер ти е комбинацијава! ;) од накитот можеш да носиш обетки,алка или прстен нешто во слична боја на сакото или бело или крем :) Супер ќе бидеш.