Од сега за полуматура, абе ништо не е полуматурата не се занесувајте како којзнае што да е почеток на септември сме ало
Ја оваа година сум полуматурантка и се двоумам за ваквите комбинации: (пречкртаното не гледајте го+и штиклите )
Па ме чуди оти има и такви непречкртани. Инаку јас сум за третото од втората слика и второто (од првиот ред) од последната слика.
и јас годинава ќе бидам полуматурантка, и немам појма што ќе носам искрено, не се ни замарам сега за сега, ама фустанчево многу ми се допаѓа eдинствено горниот дел не ми е по вкус, го замислувам со sweetheart neckline (без таа празнината..) веројатно ќе носам балетанки, ама и ниски штикли доаѓаат во предвид и планирам да ослабам едно 6-7 килца, така да ништо не купувам се до мај
И јас сум годинава полуматуранка и не мислам многу што ќе носам..рано е септември ее...таму накај Март-април ќе му ја мислам...
И јас сум оваа година полуматурантка.Немам ништо избрано,ама планирам да носам фустанче и балетанки.Мислам дека колку ќе бидам поедноставно облечена толку ќе изгледам поубаво
И јас полуматурантка годинава,има уштееее многу до полуматура но знам дека отприлика ќе носам некои убави панталони со некоја кошула...фустан никогаш не би носела на полуматура
Оваа година и јас сум полуматурантка и мислам дека нема да го променам мислењево.Парчињава можам цело лето да си ги носам,што мислите вие? file:///C:/Users/Win%207/Nade/SLIKI/MODA/summer-denim5.jpg
Не се преоптеретувајте уште сега,верувајте не е битна многу облеката.Знам дека мислите дека е битна,ама навистина не е. Јас еве планирам да одам во едно,да речам старо фустанче,убавко е,ама го имав носено 10 пати.По свадби,родендени...И балетанките исто милион пати ги имав облечено,тие што планирав да ги носам. И додека соученичките се спремаа и спремаа,и ме прашуваа што ќе носам јас,вакви беа,кога им кажав . Ама 2 дена пред забавата ми свирна да носам нешто друго,и на крај си купив белко фустанче,ем свечено ем тинејџ,беше извезено со убави и модерни розеви цветови.Го искомбинирав со розеви неонски шик сандалчиња,рамни и со прекрасна неонско розева ташна на прекурамка,за која добив милион комплименти вечерта. И за сандалките исто.За фустанчето,не толку,ваљда дека ми беше по тинејџ,не како на другите соученички ала теткици. И прво си седев 2 саати на столче,не мрдав. Па кога се развеселив после,кој као мене бе. И не му ја мислете,не е стварно битно. Јас супер си поминав,и не мислев на другите уопште.Ни на облеката.
Ехеее не се брзајте со полуматурата,бидејќи веднаш ке помине и нема да осетите како се одеднаш поминало ке ви биде жал ама нема назад ке сакате и ке барате многу да се вратите на тие години и во основно ама за жал нема назад...Затоа уживајте додека можете бидејќи кога ке барате нема да можете веќе
Што мислите добра идеја за полуматура е следново....чевли оние со плута....панталони со висок струк,обична бела кошула и едно сако....што мислите..?
Мислам дека ќе биде пресериозно.Можеш да носиш некоја тесна блуза со интересен дезен со сакото или пак да облечеш само кошулка,ама ваква некоја
И јас оваа година сум полуматуранка и навистина се замарам шо ке ставам на нозе: штикли или на плута Нити едново ниту другото немам желба да го носам ама едно од двете мора да носам, зошто сакам да си поминам најубаво.. А доколку излезам со фармерки и кошула и патики, дефинитивно ќе ме исмејуваат (барем во мојава околина ) и тоа страшно ме нервира. Јас сакам да одам сосем обично: некое фустанче и балетанки ама како што гледам од другиве, нема да ми се оствари тоа. Обично не ме интересира што другите мислат, ама ќе те озборуваат 200 дена, ако си поразлична од другите знаеш, мало место како ти е
Јас би те озборувала да земеш да носиш штикли и да не знаеш да одиш во нив. Бидејќи тоа така е секогаш. Значи не ти го разбирам размислувањето. Мора да носиш, оти сакаш да си поминеш најубаво. Епа за тоа штикли не ти се потребни, и како за полуматурантка треба така и да се облечеш, фустанче и балетанки, а не да не може да ве човек распознае, дали сте 4та или факултет.
:geek: Случајно наидов на фустанчево.. па ми се допадна, едноставно е..со некои убави балетнчиња.. супер ќе е Се разбира не е конечно.. има време.. до тогаш 1000 пати ќе ми се смени мислењето
Јас на мојата полуматура бев „слатко“ облечена . За чудо, во клас имаше само 3-4 девојчиња (од 13 женски) кои беа на штикли. Другите бевме со балетанки. Еве нешто слично најдов:
Јас сеуште не си се замарам за шо ќе носам како ќе носам дури Мај месец ќе одлучам.Некое едноставно фустанче,некои на плута до 5цм не повеќе или пупиња . Леле лани разбрав некој од мојата генерација имал одлучено што ќе носи лелеле.Едно чупе ми вели јас веќе си одбрав што ќе носам,а јас во себе си велам Јас глата незнам кај ми е ти шо ќе носиш на полуматура. Патем што мислите женско со женско партнерки? (не сме геј,едноставно немаме партнер ) Иначе знам некој кој предходно вака бил.Јас и другарка ми се договоривме ако никој не не покани за партнерка заедно ќе си сме.