Колку е жално кога некој со гордост кажува дека на 14 год. ке носи штикла 10 сантима и дека биле прва генерација која ке оди во диско. Па уште и со фалбаџиски акцент. Муко моја,плаче ми се...
Зошто да ти се плаче? Ним им дозволиле, нема ние што да коментираме тука. Се` си е средено. А ние ќе си одиме во некоја затуцана кафана, и наместо да слушаме поп, рок, рап музика, некои ќе си пушат цигарце надвор, а играорците, се знае... Ќе играат оро. А, ако си девојче, а не знаеш ни едно оро, не пушиш цигари, оди во ве-це и преправај се дека се шминкаш. Ете тоа е нашата судбина за таа вечер. Јас ако можев да избирам, би одбрала диско. Браво за изборот. Сигурна сум дека супер ќе си поминете за полумаура, 100000% подобро од нас.
И јас ќе носам штикла 10-14 цм, знам да одам на нив, а во диско не, знам во кој ресторан ќе славиме. Здравје боже другата година. Зошто да не еднаш ни е полуматура.
Се` зависи до атмосферата во местото. Ние знам дека ќе бидеме на глупо место, за нели, дечковците нивни од другото училиште да се забавуваат на супер местенце. Па ние ќе седеме на маса цела вечер, и секако, по двесет души на смена ќе играме сигурно, оти нели, мало е местото (иако и ние не сме многу, но има повеќе наставници од што нас не` има )
Ајде уште некоја нека коментира дека кога билa 14-15 години не носела штикли. Значи од дома ако ми е дозволено зошто некој друг да ми се меша што да носам и како да носам. Повеќето од вас имаат намера да кажат дека и со штикли не си поминале нај нај, ама сепак напнавте.
Не е поентата што ке носите штикли,носете си иако јас сум против тоа. И пишав бидејќи се фали,горда е на тоа што ке носи.Успеала што ке носи штикли и ке оди во диско. А,да,еднаш е полуматура ама не знам кој успех е што сте завршиле полуматура.Па и матурантите не се нешто успеани. Завршете факултет,докторирајте и сл. па тогаш славете...и тогаш кажете дека сте успеани. Како и да е ве молам без цитирање натаму бидејќи се знае дека ова ке произлезе во караница.
Денешниве генерации се многу понапред со многу полоши работи од високите потпетици. Така да и јас не гледам проблем да ги носите, ако знаете да одите со нив. Секој има право на свој избор
Девојки јас планирам ваков фустан да носам за прку ноќ кога ќе бидеме во ресторантот . Само незнам дели ќе го најдам баш ваков ист во продавниците . Па ако не го најдам ќе го шијам негде . Што мислите вие ? Дали е убав фустанот како за полуматура ? И бакви балетанки планирам да си купам . Што мислите дали убаво ќе стојат во оваа комбинација ? Или ако не ви се допаѓа дајте некоја идеја , некој интересен модел само да не бидат штикли ве молам . Само сакам обувките да се во црна боја . А и ваков плик планирам да носам . Што мислите ? Дали е добра конбинацијата ? Можете и да дадете и некои други идеи кое со што да променам . Заборавив да пишам дека од накит ќе носам една црна гривна на десната рака . Слична на оваа , само без машната на неа :
Snow-Star Навистина вака ја замислуваш комбинацијата за полуматура? Се спремаш за забава или погреб? Моделот воопшто не ми се допаѓа па затоа понатаму не би сакала да коментирам за неговото комбинирање со другите детали. Одбери друга боја, моја препорака.
Нема врска бојата, но целата замисла на комбинацијата и мене не ми се допаѓа... Фустанот ако е пократок би било подоброј, балетанките се громче (ептен грди, без навреда),пликот е супер, но ако е во друга боја (пр. праска) би било мнооогу подобро. Нараквицата не ми се допаѓа.. А ако можеш да сошиеш ваков фустан (пократок), подобро би било да е праска боја. Или пак, можеш пликот и ноктите да ти бида праска боја, фустанот пократок и други балетанки. Тоа е се` од мојата замисла за совршена комбинација за полуматура.
Балетанките нема да се ако овие ќе бидат само сличен модел на овој . Додека гривната е со црни камчиња без панделки или машни . Фустанот сигурно ќе биде малце пократок , а сега за сега бојата планирам да е црна . Но сепак сакам да добијам повеќе предлози за комбинацијава . И реков дека планирам комбинацијата да биде ваква а не дека е оваа конечната комбинација .
Добро и јас реков дека ова е мојот предлог. Но, не мислиш дека би било малку погребално ако е се` црно? Затоа ти велам, можеш или фустанот и ноктите да ти се праска боја, или ноктите и ташничето. А што се однесува до нараквицата, не ми оди во тој стил некако, но твој избор. Не се лути, само ти кажувам.
Добро значи вака . Гривната ќе ја исфлам од комбинацијава . Фустанот сaкам да е црн но може и некој сличен модел на оној што веќе го предложив или оној на Hell0.kitty на првата слика . А и би сакала чевлите / балетнките и плик ташната да ми се во иста боја со лакот на ноктите . Бојата на нив не мора да биде црна . Па може и уште некој предлог да дадете .
Еве ваков може да биде фустанот, ако веќе си за црно А балетанките, ташната и ноктите, може да бидат сино (темно, светло, сеедно) или црвено
еве ви совршена комбинација за полуматура според мене за оние што непланираат да носат штикли .. комбинацијава ќе можете да си ја износите цело лето
99% сум сигурна дека од генерација ќе носат штикли, јас не сум во тие 99% Штикли не помислувам да носам за полуматура, а да не облечам. Знам да одам на штикли, ама за полуматура не Се знае кога се носат штиклите. А и се знае кои обувки треба да се облечат за полуматура.
И јас си имам замислено црн фустан ама овој е премногу за полуматура никогаш не би го носела извини ај балетанките некако се добри ама фустанот
Секој има различен стил, затоа различни нешта ни се допаѓаат за сите. Не можеме ние да одлучиме која од нас што да носи за полуматурата, таа знае веќе што и` се допаѓа и што сака. Ти во каков стил сакаш да бидеш облечена? Рокерски, елегантно? Кажи, ние ќе ти дадеме совет што би можела да облечеш, но тоа не значи дека мора нас да не послушаш, можеби во бутик ќе најдеш и поубав од оној кој си го замислила, или од оној кој ние сме ти го покажале.