Мојот фустан ваков беше: Го комбинирав со сандалки и толку.И да им дадам совет на идните полуматурантки да не се преоптоваруваат со фустаните,фризурите,шминките зошто никој нема да даде внимание на тоа. Го кажувам од искуство.Првите неколку минути се испонагледавме и после тоа никој ама баш на никој не му беше битен изгледот, сите почнавме да играме, да пееме така да .. што поскромно и покомфорно, тоа поубаво Мој совет. Гледајте да си помините максимално убаво зошто тоа ќе ви остане во спомен од основно училиште, нема да се навраќате на фустанот од 2.000 денари туку на денсот од таа и таа песна..
Јас за полуматура носев кафено фустанче со црно на него, бело палто, црно плико и кафени штикли кои ги платив 2300, а од тогаш никогаш ги немам облечено. Бидејќи косата ми е виткана, за полуматурата ја пеглав, бев нашминкана со светли бои и лакирана со кремаст лак. На идните полуматурантки би им препорачала да не се дотеруваат многу и да бидат облечени соодветно на возраста. За вештачки нокти нема потреба, бидејќи никој нема да ве гледа во ноктите, сепак најважно е да си поминете супер и да се чувствувате убаво во облеката.
Сестра ми оваа година беше полуматурантка и носеше темно сино фустанче, бели балетанки и бела ташничка. Косата ја навитка со плетенки, не се шминкаше, само стави малку сјај, ноктите ги налакира со светло син лак. А повеќето од нејзината генерација биле облечени во некој ептен преотворени фустани, со штикли, со три кила шминка, триста чуда на нив. Според мене тие се прават со сила пораснати. Ако вака се облекуваат за полуматура, што ќе облечат за матура, којзнае.
Преубаво е фустанчето и јас планирам такво или некое слично да носам А ќе може да пратиш слики од тебе во фустанчево? Лицето секако не мора ама сакам да видам ако може секако
Не се преоптоварувајте со изгледот премногу. Секако дека треба да се изгледа убаво, но без претерување. Пред да влезете во хотелот сите гледаат кој што носи, но потоа никој повеќе не обрнува внимание. Некое едноставно фустанче, балетанки или сандали ( доколку не сакате да носите штикли) , чанта и мислам дека нема потреба од вештачки нокти. И јас размислував што ќе носам на полуматурата и премногу се грижев, но си најдов едно едноставно бело фустанче и го искомбинирав со розево. Сепак, најважно е убаво да си поминете.
Јас носев обично тиркизно фустане, ланче и балетанки. Дома се налакирав и се нашминкав, (пудра, руменило, маскара, креон, кармин, сјај и малку сенка).Косата ми ја сплете тетка ми. На партнерот му купив адидас парфем. Убаво си поминав, ама посоодветно за наша возраст ќе беше во дискотека, вака се чувствував ко матуранка. И вие што допрва ќе бидете, не се возбудувајте премногу, не е толку посебна вечер како што изгледа 2 месеци пред да почне.Многу мои другарки исфрлаа пари на шминка, фризура, нокти, фустан, балетанки, штикли, алишта што нема пак да ги носат.Туку како ќе профитираат рестораните, бутиците, сликарите, фризерките, козметчарките и дрогериите...
дали мислите дека би било ок да се носат старки на полуматура со некое поедноставно фустанче? мразам штикли.
Зошто да не? Кај нас никоја немаше со штикли сите бевме со балетанки или со старки. Ќе изгледаш фраерски и баш тинејџерски,а не како некоја wannabe возрасна.
ние во класот сме 11 девојчиња и кога им кажав дека старки планирам да носам ме гледаа баш онака ''оваа е луда'' хахха, секако не ми е битно нивното мислење сакам да носам дреч зелени или жолти старки, а за фустанче уште не знам :/
А, зошто да не е океј? Ако не сакаш штикли, балетанки или сандали, слободно носи се старки, никој нема да те врати назад.
Феминки дали мислите дека ова фустанче е добро за полуматура? Планирам да го комплетирам со плаво небесно каивче, тексасно деним палто и плаво небесни старки. за косата сеуште не сум размислувала..
Баш супер ќе бидеш со старки ма какви штикли не личи на 14 годишно девојче. Иначе и ја оваа година сум полуматуранка и ја планирам да носам старки
оваа година правиме полуматура и не сакам да бидам како другите ,не сакам да носам некој фустан сакам да бидам во панталони или фармерки ,нешто со некоја убава кошула или маица ,мислам да носам и штикли ама неможам да си најдам некоја комбинација што ме привлекува ај ако имате некој предлог пуштете ми го
Девојки ги видов сите идеи за фустани па ако може да ми кажете како да ја направам косата. Инаку имам права плава и многу долга коса. Па очекувам совети.
Јас обожавам права коса и на врвовите малку извиткана, често ја носам така на излегување за викенди. Доколку сакаш можеш да ја врзаш косата во опавче бидејки сигурно ќе играш и жешко ќе ти биде со пуштена долга коса, но ако не ти пречи носи ја и така, јас и онака никогаш не ја врзувам косата Како и да е не се оптеретувај уште сега со тие работи имаш уште многу време до тогаш уште 100 пати ќе ти се сменат размислувањата.