Јас разгледував во темава за фустани и овие два ми запнаа за око Доколку имате видено некаде фустан како првиов, одма кажувајте А ако не најдам ваков, не верувам дека ќе одам да ми шијат, туку ќе изберам нешто од чаршија. Косата планирам пеглана да ми биде, а на нозе бели и ниски Конверс
Ве гледам сите исповозбудени, само јас сакам да ја прескокнам некако таа ноќ заедно со сите стресови кои доаѓаат со тоа. Како на пример: носење штикли. Не сакам да носам штикли, ама во моево општество си out of your mind ако не се појавиш со штикли. Ако се прашувам јас, ќе облечам патики и готово, но сите други ќе носеле 15ка, а и онака сум најниска од сите, едноставно не можам да се справувам со погледи цела вечер. За облеката, уште не знам, а и не сакам воопшто да мислам на тоа. Партнер? Сите ме мразат мене и јас ги мразам сите. Така што и за ова немам појма што ќе биде. Уфф, зарем не можам да го преспијам месец мај? Едно нешто добро од оваа глупава вечер, повеќе никогаш нема да ги видам тие лица. Sorry to kill your vibe.
Не мораш да одиш. И ако сепак се одлучиш да одиш не носи штикли, ич да не тие гајле ни што мислат другите, ни дали им се допаѓаш, ни дали некој те гледа на криво или не. Јас бев превозбудена за полуматура затоа што во 8мо се префрлив во друго училиште и многу ми се погодија сокласниците. Па дури и во Охрид бевме, ем екскурзија, ем прослава. Но, да останев во училиштето каде што учев до 8мо, немаше ни да се појавам на полуматура. Најискрено. Еден куп намуртени личности кои и онака не сакав да ги гледам. Уште помалку да славам со нив.
>не нoсев штикли >не нoсев фустaн >бев oблеченa кaкo зa секoјдневнa прoшеткa >немaв пaртнер (oднoснo еднo дете сaкaше, нo глупaвo ми беше и гo oдбив) >oд шминкa сaмo мaскaрa и мaлце пудрa >се свиреше живa музикa и турбo фoлк >Преживеaв Тешкo беше, нo тoртaтa и јaдењетo ме тешеa. Јaс сaмo еднa гoдинa сo нив пoминaв и не ми беше бaш пријaтнo нa тaa вечер... Единственo другaр ми, другaркa ми и внук ми нaпрaвијa дa не се чувствувaм тoлку oтфрленo тaa нoќ. Вo среднo ќе сретнеш дaлеку пoдoбрo друштвo сo кoе ќе имaш слични интереси.
Охохо, ко вчера да беше и јас ко имав полуматура. Бев новодојдена во класот, ме неќеа - ги неќев. Ич неќев да одам на полуматура, ама преживеав некако, како шо рече @Papillon.Papi , јадењето беше добро. Сега за матура дури малку тешко ми падна шо си одам. Дефинитивно средно е нешто многу повеќе од основно. Јас лично, ни тогаш, ни сега не ја гледам смислата во чекање полуматура, ама нека. Знам дека носев глупи сандали шо ги избра мајка ми зошто не ме пушташе од дома да излезам по патики Фустанот го избрав со прво одење во продавница и тогаш беше значително предолг за мене, сега дури ми е таман Кога и да ги гледам сликите од тогаш, т.е. кога случајно ќе ми се протнат низ очи - се обидувам да не ги видам повторно. Особено го мразев делот каде што играш оро во училиште, па пред ресторанот, па сите те гледаат, те фотографираат, а ти се чувстваш мизерно. Единствениот дел беше што сериозно имавме предобро мени. Значи од столица не станав и си се тешев со големо парче похован кашкавал. Ајде, по толку време и на ова гледам како на шега. Вие свежи полуматурантчиња, поминете си подобро, а ако не си помините, сериозно средно ќе биди многу подобро.
Јас со мојава генерација не сум една, ниту девет туку дванаесет години, целокупна генерација сме од градинка.Сега замислете после толку време ние треба да се разделиме и секој по свој пат.Не, не, не и не сакам да дојде јуни.Али шта чеш, се поминало па и ова. Затоа сакам да изгледам убаво и да поминам најубаво што може, а не да ги гледам сликите по некоја година и да се чукам од сид зошто сум иазгледала лошо и зошто не сум се потудила да имам супер однос со сите дека од генерација
Е па имаш среќа најверојатно. Јас со моиве сум 9 години и никогаш не успеав да се поврзам или да најдам заедничка точка со нив. Се надевам дека ќе ја преживеам и јас таа вечер.
Абе оди во Чаршија и купи си. Што се мачиш да шиеш. А и плус оди во Софија и купи си. Има голем избор таму.
Планирам да носам кожна сукња на струк со ластик и кратка блузичка,сукњата ја купив веќе...а предлог за каде да најдам убава кратка маичка а да не биде ни премногу свечена ни секојдневна?
Дали некој знае каде поточно се наоѓа шнајдерката Јуле (Јулијана најверојатно) во Тафталиџе или пак број да ми дадете? Ми ја препорачаа и рекоа дека шиела убави фустани за ефтино, па јас да си проверам.. Инаку еве го фустанчето ако некој има видено вакво кажетее
Добро добро, не се нервирај. Бар не пред полуматура. Во Чаршија има убави фустани. Ако веќе зимате од Скопје.
Да бидам искрена не ми се ич оди. Се чувствувам анксиозно и на самата помисла. Ке одиме на екскурзија во мај. Сите околу мене уште сега зборуваат што ке носат, некои други дури купиле. Јас само ги гледам вака . Ниту имам желба да се дотерувам, нити па можам да се дотерам како што ке се облекуваат тие. Среќа, имам разумни во одделението, така да можеби 2-3 ке носат штикли. Ех... јас купив само црни панталони. Не ми се носи фустан. Оф леле, искрено не знам шу ке правам.
Па што врска има екскурзијата со прославата? Или ти се фаќа многу пари давање? Фармерки, панталони на таква прослава и не се носи многу. Подобро едно скромно фустанче и толку. Полуматура еднаш се слави во животот. И јас не сакав да одам, но отидов и не се покајав. Скромно бев облечен. Кошулче, панталона и полу кондура.