Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полуматура

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Tammie, 11 февруари 2010.

  1. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Првoвo е пoубaвo, a и мoжеш и сaмa дa гo нaпрaвиш.
     
    На Оксана Свифт му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Не се оптоварувајте многу со полуматурава, како дошла така и ќе помине.

    Еден обичен фустан и ниски чевли според мене е доволно, нема потреба од преголеми трошоци.
    Не е важно дали имате партнер, ништо страшно.

    И јас не сакав да одам, ама отидов и прилично добро си поминав, мило ми беше што завршив основно.
     
    На Belgin1, eloves, simonna.a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Оксана Свифт

    Оксана Свифт Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Каде ќе бидете ? Во Охрид? Ние таму одиме. И едвај чекам, мислам дека таа вечер ќе ми биде најубава. :inlove:
     
  4. Оксана Свифт

    Оксана Свифт Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    И мене првиот ми се допадна најмногу.. измислив нешто друго. Пример: истиот модел само со зелено и црно слично на вакво нешто... [​IMG]
     
    На theowndemon, Papillon.Papi и Majakisss им се допаѓа ова.
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.826
    Допаѓања:
    23.471
    Пол:
    Женски
    Прославата ке ни е на екскурзија.
    И не се согласувам, мислам дека женско може да изгледа убаво и елегантно на таква прослава и во панталони. :)
     
    На alexa_dimoska му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CutiePieMarzia

    CutiePieMarzia Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2015
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Ние одиме во Охрид на 18ти мај..
     
    На Оксана Свифт му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Оксана Свифт

    Оксана Свифт Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Ние одиме на 23-24 така е предвидено, можеби нешто ќе се измени дотогаш. :)
     
  8. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    оваа година ќе бидам полуматурантка и сакам да најдам некој многу класичен и елегантен црн или темно црвен накај бордо фустан кој ќе го комбинирам со црни балетанки и некое едноставно ланче може некој предлози?има таков фустан во МК? и каде можам да побарам? фала однапред :))
     
    На Majakisss му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Во Тетово во Трговскиот во центар видов дека имаше убави фустанчиња. А има и во Скопје во Чаршија.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Ако си од Скопје, прошетај го Гтц, посебно втор, трет спрат, сигурна сум дека ќе најдеш.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rirri

    Rirri Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    181
    Ехх полуматура.. Одамна беше но и сега ми доаѓаат солзи.Многу бевме приврзани како клас и многу ми беше тешко што се разделувам.Вие што викате во средно се наоѓало вистинското друштво за мене не беше така.Се запишав во различно средно со другарките од основно и никој не ме сакаше. Ме одбегнуваа ме оговараа но ете помина и тоа. Инаку на полуматура носев црни балетанки и фустанче на кратки ракави црно со бело
     
  12. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    Еве го моето фустанче, само што мене поубаво ми стои. Имам поубаво деколте, партнерот на гз ќе паде (извинете на израз) , хихи нарцис сум :D

    Инаку, планирам да го комбинирам со црвено болеро/сако, црвен накит, црвен плик и црвени балетанки. За жал такво фустанче како што барав најдов, ама многу големо ми беше, иако го пробав најмалото бројче, ама и од ова сум задоволна, убаво е и елегантно :) 5+9.png 12.png
     
    На Majakisss му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ЕДНА убавица

    ЕДНА убавица Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2016
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    797

    супер е. И јас сум полуматурантка и баш ме опишува од збор до збор. Дури и името ни е исто, ама не се секирај не ти го крадам си имам веќе свое
     
    На Бугарката му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ЕДНА убавица

    ЕДНА убавица Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2016
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    797
    Вака, и јас сум полуатурантка и многуу сум возбудена. Несакам а се разделам од класот и од школото ама тоа е, живот. Ниска сум па мислев да носам некој ниски штили а може и не. Може некој предлози за фустан едноставмен некаде над колена. Фала
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.826
    Допаѓања:
    23.471
    Пол:
    Женски
    Па, како си поминавте? :)

    Јас да си речам - двата вечера што славевме си поминав одлично. Носев на двата вечери фустанчиња и балетанки. Ми беше удобно и одлично поминав, можев да играм и се.
    За шминка малце се зезнав, не знам добро да се шминкам, но се снајдов. Така да, убави два вечери. :)
     
  16. trixy

    trixy Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2016
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Фустанче / сукња у стил skater skirt со кроп топ, сандали на штикличка од оние со ремче горе, некоја интересна ташничка со пуштена брановидна коса. Мачкини очи и некое nude matte карминче и спремни сте. Таман за девојче на таа возраст.
     
    На Anev131 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SmallDeath

    SmallDeath Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2016
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Секој си има свој стил, и според тоа каков стил имаш така треба да се облечеш.Некој е поише за старки,шорцеви ,маичка, некој штиклички кратки фустанчиња шминка итн. Сепак полуматура е, според мене најубаво е некое убаво фустанче ниски штиклички (или балетанки ) нежна шминка, ако имате виткана коса исправете ја, ако имате права локни.. и тоа е тоа.. Не се замарајте многу со изгледот, само првите 10минути ке ви биде битен, после најбитно е да си поминете најубаво.Не претерувајте многу околу шминката и не избирајте фустан кој е премногу скап, зашто еве го мојов од 18илјади си седи закачен само еднаш облечен, а сеа коа глеам слики сфакам дека како тетка сум била.. :rofl::rofl:
     
    На Puppy lover и handball.lover им се допаѓа ова.
  18. HappyGirl:)

    HappyGirl:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    Епа ајде и јас да се приклучам на темава. :D
    Годинава и јас сум полуматурантка и полуматурата ни е многу скоро, паа за околу една недела мислам. :inlove: Веќе се ми е спремно. Фустанчето ми е во интересна бела-крем боја со црни точки. Не е многу отворено, ниту многу кратко (воопшто не сакам разголена и/или куса облека и сметам дека е неприкладна за мојата возраст). Ќе носам сребрени балетанки, за разлика од моите соученички, речиси сите ќе бидат на штикли (а на крај боси ќе играат :^)). Планирам да ја извиткам косата и да ја префрлам на страна, а за шминка ќе одлучам дента, бидејќи ќе си се шминкам сама дома. :clap:
    За разлика од мене, моите соученички сметаат дека полуматурата е врвно животно достигнување (алоо, деветто одделение си завршил/а! А за матура какви ќе бидете?) и затоа претеруваат со нивните подготовки. Вештачки/гелни/незнамкакви нокти, десетка штикли (чест на исклучоци), надградба на коса, шиење фустани, професионални шминкери, козметичари... Мислам океј е, убаво е да се прослави, човек да се дотера, да направи фризура, да се нашминка... Ама тие навистина, навистина премногу се замараат за таа една вечер која и вака и така ќе помине. 8)
    Искрено, едвај чекам да помине и полуматура и се и конечно да завршам основно. Можеби тоа е затоа што никогаш не се дружев, а не се ни дружам со моите соученици. Едноставно имаат премногу површни сфаќања, барем според мене. Нивното спремање за полуматурата доволно кажува. :)
    Да се вратам на мојата поента. Сакам да им порачам на сите сегашни и идни полуматурантки (и ако има по некој полуматурант ;)) да не претеруваат и на крај да не личат на ништо. Значи спремете се, дотерајте се, средете се, само тоа нека остане во границите на нормалата. И онака на крај на никој нема да му биде важно како изгледате. :*
     
    На Zavisnaodblago, Nona13 и LittlePinky им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.667
    Допаѓања:
    79.676
    Пол:
    Женски
    Што сторивте вие модерни, мојава генерација каква беше, како на шала појдени на полуматура. :D Добро, не бевме дотолку за никаде, ама скоро сите беа едноставно облечени. Па некои дури и згужвани, дека во друг град ја прославувавме па се стуткала облеката во торбата. :D
     
    На Anev131 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Глорија Џенер

    Глорија Џенер Нов член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Јас во јуни ќе бидам полуматурантка и искрено овие фустани ми се на ум,знам дека е рано,но сепак сакам да си знам што би сакала да носам.Веројатно тоа ќе биде некој од овие фустани и штикли од Зара 12ка
     

    Прикачени фајлови:

    • 1.jpg
      1.jpg
      Големина на фајлот:
      78,1 KB
      Прегледи:
      52
    • 5.jpg
      5.jpg
      Големина на фајлот:
      181,8 KB
      Прегледи:
      52
    • 37.jpg
      37.jpg
      Големина на фајлот:
      57,1 KB
      Прегледи:
      51
    • 95.jpg
      95.jpg
      Големина на фајлот:
      51,2 KB
      Прегледи:
      50
    • 89.jpg
      89.jpg
      Големина на фајлот:
      59,5 KB
      Прегледи:
      50
    • 77.jpg
      77.jpg
      Големина на фајлот:
      82,7 KB
      Прегледи:
      50
    • 105.jpg
      105.jpg
      Големина на фајлот:
      55,4 KB
      Прегледи:
      49
    • 107.jpg
      107.jpg
      Големина на фајлот:
      42,8 KB
      Прегледи:
      49
    • 149.jpg
      149.jpg
      Големина на фајлот:
      64 KB
      Прегледи:
      50
    • 169.jpg
      169.jpg
      Големина на фајлот:
      53,5 KB
      Прегледи:
      49
    На Dekilini му/ѝ се допаѓа ова.