Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полуматура

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Tammie, 11 февруари 2010.

  1. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    5.867
    Купете/сошијте нешто што и понатаму ќе можете да го носите. Неколку страници е кажано истото. Нека не ви собира само прашинка во шкафот. За штикли не сум против, но јас што се вели уште на рамно паѓам, а не па и на штикли да се качам. Сега има секакви чевли - ниски.
    За моето фустанче знам дека ќе го шијам и ќе биде со ракави, од оправдани причини. :)
    Еве кои ми се допаѓаат.


    Искомбинирано со римјанки, дрвени алки, и подолго ланче. Косата пиштена на врвовите само извиткана и со малку шминка. :) - Вака претпоставувам дека ќе бидам јас на полуматурската вечер.
     

    Прикачени фајлови:

  2. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    29.330
    Пол:
    Женски
    Значи на полуматура нема потреба од штикли, светки и не знам што.Изгледајте си природно, едноставно и слатко и нешто што би можеле да го носите и понатаму.Еве неколку мој предлози.
    Со фустанчињава можете да ставите неколку алки, балетанки или римјанки и готови сте :)

    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На PinkPrincess му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    леле преубаво ми е фустанчево....а јас незнам дали да носам фустан изгледа не.... незнам стварно за моево тело што да нозам нозете ми се криви некако :(
     
  4. nad.dy

    nad.dy Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    jas ovaa godina sum polumaturantka planiram da nosam obicni farmerki tunika i nekoi stikli (ne mnogu visoki)
    me interesira vase mislenje za mojata kombinacija :)
     
  5. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Феминки може да ми кажете некоја модна страна од кај што ги наогате фустанчивања?
    Сите ми се многу слатки :inlove: .
    Јас само ги знам new york dress,prom girl и polyvore, ама нема некои убави фустани...Се се некои светлуцави, сатенски, балски, долги.
    Сакам некое убаво памучно (или некој друг полесен материјал).
    Ако знаете пишете тука или на мене преку ЛП. :)
     
  6. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    848
    Јас за полуматура одлучив да си шијам фустанче.Мајка ми шие кај една шивачка веќе со години и е презадоволна,многу е барана жената и стварно прекрасно работи.Ќе си сошијам фустанче од проста причина што не сакам да шетам од дуќан во дуќан и да гледам разни фустани од кои на едниот не ми се убави прерамките,на другиот бојата,третиот не ми е точен..енд соу он...
    Сакам нежно,поедноставно фустанче на кое сеуште не сум му го смислила финалниот изглед али има време,знам дека тоа ќе биде мој избор и дека ќе го носам,по мој фкус,точно,боја избрана,се под конец ;)
    Само сигурно знам дека нема да биде цветно :shake: :shake: :shake: :worried: но,но ноу уеј! :)
     
  7. hiphopgirl

    hiphopgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    190
    ммм јас си смислив за една вечер т.е си купив
    ама за другатааа :( фустанчиња баш нема и некој избор ама ке се најде :)
    иначе утре ке ви ставам слики да ми кажете дали е добро :)
     
  8. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Ајде девојки, помагајте. И јас сум оваа година полуматурантка. За 1ва вечер - фустанче и рамни чевли или со мала штикла. Но, незнам што да носам за 2ра и 3та вечер. Добро би ми дошла вашата помош :D
     
  9. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    [​IMG] [​IMG] [​IMG](со црвен акцесорис )
     
  10. Lovely8

    Lovely8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    уфф.. и јас сум полуматурантка и да ви кажам сакам да сум обично едноставно фустанче со убави, типски римјанки.. али девојчинава од мој клас сите ќе бидат на штикли и ко шо ми објаснија (дека они веќе се си имат најдено) мене ми личат на тетки.
    за втора вечер сакам да бидам со панталонки кратки, блуска и полна потпетица
    глупаво ли е ако се делиш од другите малце? (по стилот на облека) :) ;)
     
    На PinkPrincess му/ѝ се допаѓа ова.
  11. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.775
    Допаѓања:
    18.329
    Пол:
    Женски
    Супер идеја ти е со фустанче и римјанки,што ќе ти се уште сега штикли?Уживај поубаво со римјанки отколку штикли,се во свое време
     
    На PinkPrincess му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Аман бе, 3 вечери, што ќе беше тоа, Ивкова слава? :^) :rofl:
    Инаку мене ми се допаѓа комбинацијата, ако ти се чувствуваш удобно, воопшто да не се мислиш за другите што мислат и што ќе кажат. ;)
     
  13. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    29.330
    Пол:
    Женски
    Лавли8 мене баш ми се допаѓа твојата комбинација, едноставно не треба да бидете сите униформирани, колку сте повеќе уникатни и размислувате пошироко од границите толку е подобро и не подпаѓајте на влијанието од другите, па што ако носат другите штикли, не значи дека ако не носите штикли нема да бидете убави и на крај краишта тоа е само полуматура :)
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На mileystar, Lovely8 и Angelche им се допаѓа ова.
  14. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Знам уште од сеа какви ке бидат кај мене....па они секој петок и сабота искачаат по кафичи и диска на штикли 15ка....мислам 8мо одд се :^) и после јас сум чудната...јас да ви кажам искрено на полуматура би одела по фустанче и чизмички .....ептен ми е слатко така...и нормално не мислам на некои чизми за снег...ама ај да не испаднам ептен чудна :D
     
  15. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Чипката, која во моментов е многу актуелна, би можела слатко да изгледа со балетанчиња.
     

    Прикачени фајлови:

  17. Ani-b

    Ani-b Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    18
    Полуматурантка сум оваа година.И планирам да носам нешто вакво.

    Многу ми се допаѓаат,а ако би носела штикли ќе купам некои ниски до 5 цм.но сепак ќе си купам и балетанки па ке видам :D
    Искрено не се оптеретувам со тоа,важно е убаво да си поминам :)

    Иначе косата ке ја навртам со фигаро,и ке си ставам машничка.На лицето ке ставам пудра,црн туш(само на горните капаци),римел и лабело :D
    И нараквица(не премногу нападна) :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Mawata77 и lackygirl им се допаѓа ова.
  18. NICKRIVERS

    NICKRIVERS Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    11
    http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... 81&theater

    и ја сум полуматурантка и најверојатно ќе носам вакво фустанче, а за кондури незнам најверојатно штикли :D


    инаку да прашам која е таа 2 и 3 вечер??? ја знам дека има само една вечер, вечерта кога се оди во дискотека или кафич (во зависнос од тоа каде ќе одлучат)
     
  19. maarrrttttaa

    maarrrttttaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    и ЈАС СУМ ОВАА ГОДИНА ПОЛУМАТУРАНТКА И СЕУШТЕ НЕМАМ ОДЛУЧЕНО ШТО ЌЕ НОСАМ.
    ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ. :)))
     
  20. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013

    1-ва вечер е главната таа што ја прославуваш со наставници
    2-ра си ја организира генерацијата без присуство на наставници и има дозволено алкохол
    е за 3-та ни јас незнам :D