Приказната за ова големо име на современата музичка сцена започнува пред повеќе од 20 години во едно од предградијата на Франкфурт кога неговиот талент почнува да излегува на виделина, а преку локалните радио станици и клубови пристига и до Берлин еден од центрите на Европската култура, каде од 1991 година е резидент во престижниот клуб Трезор. Од таа точка неговата кариера се движи во нагорна линија и се до денес не знае да застане. Во почетокот на 90-тите Paul Van Dyk започнува да се занимава и со продукција заедно со веќе реномирани имиња како Cosmis Gate и Shiva и со тој потег веќе навлегува во интернационалниот дел од неговата кариера. Во средината на 90-тите започнува да соработува со врвни имиња како New Order, Sven Vath, Humate, BT и други, за да во 1997 го издаде албумот "Seven Ways" со кој високо котира по светските топ листи. Веќе следната година го издава својот најголем сингл "For an angel", и веднаш се сместува во топ 10 најдобри светски диџеи, станува резидент на Cream во Ибица и веќе се вбројува во светски суперстар DJ. Во 2000 година е прогласен за најдобар интернационален DJ, а веќе следната година е прогласен за DJ на WMC во Мајами. Во 2003 година го издава албумот "Reflections" со кој го постигнува зенитот на неговата продукција. Реакциите не стивнуваат, станува првиот DJ кој во своите сетови користи и живи инструменти промовирајќи се себеси како иноватор и лидер во светската електронска сцена. Како резултат на сето тоа во 2005 и 2006 Paul Van Dyk е прогласен за најдобар DJ во светот според официјалниот избор на реномираниот DJ Mag. Неговиот уникатен стил го презентирал на сите континенти. Сите негови албумски и компилациски изданија се бестселери во својот жанр, а повеќе од 10 негови синглови се број 1 на светските топ листи - вистински суперстар DJ. Во очекување на неговиот нов албум најавен за 2011, Paul Van Dyk ја крстосува планетата и соработува со најголемите имиња на денешницата, промовирајќи ја неговата издавачка куќа VONYC и ширејќи уникатна позитивна енергија преку својата музика. Дискографија 1994: 45 RPM 1996: Seven Ways 2000: Out There and Back 2003: Reflections 2007: In Between
На 1ви Април во Метрополис Арената ќе се случува најголемиот маскенбал било кога направен на Балканот. Како гаранција за успешноста на настанот е гостувањето на најголемото DJ име на современата поп сцена. По двете претходни спектакуларни гостувања, првото во летото 2007-ма во Струга на плажата Изгрев кога Македонија, а воедно и гости од цела Југоисточна Европа до зори се забавуваа до бесвест, и второто, изминатото лето, кое Охрид го направи Ибица за овој дел на светот, за прв пат Скопје е ставено во светската турнеа - 2011 на Paul Van Dyk. Од 15 Февруари до 01 Март фановите на Paul Van Dyk ќе можат да купат влезници по само 650 денари, што е исклучителна можност за овој спектакл. Цената на билетите кои ќе бидат пуштени во продажба се однесува на само 1000 билети. Од 2-20 март, цената на билетите ке биде 750 денари, а од 21 март до 1 април ке биде 850 денари. Оваа понуда е направена со цел, временски да се искористи буџетот за специјалното изненадување на посетителите, односно за изработка на маските кои ќе допринесат за уникатноста на овој настан. Исто така ќе има и ограничен број влезници за VIP делот како и за Fan Pit-от кој ќе биде поставен пред самата бина. По промотивна цена од 850 денари ќе се продаваат само 250 влезници за VIP-от како и 250 влезници за Fan Pit-от. Предпродажбата на овие влезници ќе се одвива во: Југотон, порталот Купи Карти за Се, Розе Веро 2, Камард - Рамстор, Stop Shop Тобако, Кранго Тобако и Тобако-Тogether салоните низ Македонија. Настанот е промовиран од Octopussy entertainment и Urban Dance.
Не се сомневам дека прави квалитетна музика, ама само оваа песна му ја знам, онака...подобро http://www.youtube.com/watch?v=mb0bHWwYvVA И одлична е
http://www.youtube.com/watch?v=Umvudfc7 ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=mbFXPCRg ... re=related :up:
http://www.youtube.com/watch?v=eyJ_9OVx7pk If I have little space If I deconstruct it all If I drink until I feel numb If I lose a little sleep I'll forget I thought you were the one
Јас бев на двата настапи. Првиот, во Струга, Изгрев, ме остави без зборови. После се тоа, вториот и не ми требаше, делумно се разочарав од организацијата... Но добро сепак, тој ги покри.
девојки бевте вие? ајде кажувајте импресии вие што сте биле.човеков направи предобра журка..онолку убаво никогаш си немам поминато.сакам пак!
^ Не сум нешто посебно фасцинирана. Дури можам да кажам и дека не ми се допадна. Организацијата беше на многу ниско ниво. Со првиот настап во Македонија, ми се чини веќе ниеден од следните не може да се мери.
не мислев на организацијата ама добро е што им замери.во право си.мислев на перформансот на дајк.како ја крена публиката на нозе...алал да му е.
Типов направи добри хитови, нешто транс, нешто поп да не речам, но журките реално му се директ за во канта!
Еве некои траки од Evolution. http://www.youtube.com/watch?v=cImfApuK3eI http://www.youtube.com/watch?v=OhESOXQp ... 644f1RIb-I http://www.youtube.com/watch?v=MS9_lyrj4UM http://www.youtube.com/watch?v=2vxQWqw6nac