Како се залетаа сите по кучево ц ц ц што ти значи добра реклама. Иста прича и со Хачико (акита ину). Мислам, секој со својот избор, само треба да знаеш дека кученцето Бу е шишано да изгледа како плишана играчка, инаку си има долги влакна и изгледа вака И обичен пекинезер да го средиш ќе изгледа дури и поубаво од Бу, не дека и така нешто му фали. Инаку имаше кај Мелита пред 2-3 години, и да апла скапи се. И фор гадс сејк, не ги малтретирајте така миленичињата.
Насловов ме насмеа. Померанско (Бу) куче... Кучето се вика Померанец и ретко се наоѓа низ Македонија. А и кај да го најдеш е доста скапо. Јас искрено не гледам ништо посебно во Бу, префорсиран е и се заради изгледот. Па има и други слатки кучиња, кои се природно слатки, а не се сосила шишани, дотерувани за тие цели, па никому ништо... Ама добро, Бу е Бу. Убаво си кажа професорот по социологија: „Секогаш ќе го одбереш она што има подобра реклама!“
Како прво кај нас тоа ке стигне наму накај ПРОЕКТ 2040 год. А ако има такво куче кај нас цената ке му биде голема нормално,секој месец ке треба да го шишаш ако сакаш да изгледа како славното куче Boo. И за крај Спојлер Преслатки се
Кај Мелита кучињата се најчесто болни и донесувани од фарми и со лажно педигре па ги советувам сите НИКОГАШ да не купуваат куњче од Мелита!
Јас се заљубив во кученцево уште на прв поглед. И пред да се појави Бу, цело време му барав на дечко ми да ми купи еден ден здравје. И потоа, сите веднаш се трескаа по овие кучиња. Мене ми е преслатко и да не е шишано, многу сакам да имам такво едно. Има во Македонија такви кучиња, баш се сеќавам гледав на интернет понуди околу 800 евра чини, но се разбира и негата околу него е скапа. Не може секој да си го дозволи ова кученце.
Има во Македонија вакви кученца за продажба мислам дека се околу 600-650 евра. Еве Ви линк за сите заинтересирани има број може да се јавите и да се информирате Спојлер http://www.facebook.com/ChowChowSharPei
Знам дека Бу е шишано и средено,ама кученцава се преслатки,како плишани. Многу би сакала едно такво,ама тешко.
Другарка ми има. Прекрасни се и надворешно и како карактер. Ептен сменив мислење за расава. Мислев дека е само медиумска фрка околу кучево, ама не, премили се. Еве го ова кога беше бебе Овде веќе е пораснат дечко
Ти сигурно не си информирана за светот околу тебе??? Тоа Бу куче што вие го кажувате е ПОМЕРАНЕЦ и Бу е ишишан зошто долгите влакна му се исплеткале а тоа на сликата е ЧИСТОКРВЕН ПОМЕРАНЕЦ
ти мене ќе ми кажеш дали сум информирана или не подобро ти отворисиги очите и видија разликата меѓу едното куче и другото ок ова нема никаква врска со Бу кучето може не знам за расите ама барем убо гледам за разлика од некој чаооо
Девојче ти ова озбилно? Гледаш дека девојчето се разбира па одговорила, со слики и со факти. Барем да ја прочиташе цела тема од цели 2 страни па да напишеш